На 80-годишнта баба Љубица од Скопје и е потребно храна и средства за хигиена – има желба и за нов телевизор

Екипа од Канал 5 ТВ беше во посета и на домот на 80 годишна Љубица Лазаревска, која живее сама и со детска пар ализа уште од 3 годишна возраст..

Оваа 80 годишна бабичка секое утро се радува ако денот е сончев, и ги нема облаците. Стариот кров на бараката не ги издржува дождовите а веќе попуштаат и прозорците, без перници не може да се затворат.

Љубица од својата три годишна возраст живее со детска пар ализа, може да замине сама во тоалетот и кујната со потпирање и протезите на нозете. Со скромни примања не може да направи голема промена во домот.

Нејзе и е потребна и храна, средства за хигиена и некој да и помогне околу чистењето во домот.

„Лани кога започна да врне ми протече и водата влегуваше како од надвор. Имам комшија кој дојде и донесе две табли па го затвори тоа. Еве гледате, ставам перничиња до прозорите за да кога врне не влегува вода внатре“ раскажува Лазаревска.

Утринава во посета кај неа беше медицинската сестра од Црвен Крст Марина Бошњак. Таа четири пати во месецот доаѓа кај Љубица и проверува притисок и шеќер. За секоја здравствена промена го известува матичниот доктор.

„Таа се срами да ви каже дека бараката е стара и самите вие забележувате дека е така. Јас би сакала ова да изгледа малку поубаво, да се реновира и да има повеќе простор и да и биде полесно движењето“ изјави Бошњак

Кафе, муабет, насмевки и таа се радува на моето доаѓање и јас на човек како Љубица со толкави маки во животот што не ја изгубил насмевката, раскажува Марина.

Љубица во минатото шиела убави костуми и фустани ја сакала модата. Денеска сака да гледа телевизија и да следи што е убаво и модерно, но телевизорот што го има е расипан – една од желбите и е нов телевизор.

Целата сторија со видео прилог проследете ја на Канал 5 ТВ.