Connect with us

Истражување

Ќе ги задржи ли државата младите?

Published

on

Македонија во изминатите години се соочува со масовно иселување, особено на младите. Според последниот извештај на Светската банка за „Миграција и одлив на мозоци во Европа и Централна Азија“ објавен лани, во изминатите години, околу една четвртина од населението или приближно 500 000 луѓе ја напуштиле земјата. Британскиот угледен економски магазин „Економист“ ја стави Македонија на осмото место по одливот на мозоци, односно иселувањето на високо-образовани и талентирани луѓе во светот.

Истражувањата во изминатите неколку години покажуваат релативно слични податоци дека една половина од младите сакаат да се иселат, а една третина од нив преземаат чекори за да го направат тоа, вели Блажен Малевски, истражувач во здружението на граѓани Реактор.

„Она што треба да го имаме на ум е дека економската состојба е една перспектива на работите. Но, од друга страна, исто така перспективата на младиот човек што може да постигне во нашата држава. Тука влегуваат во игра други фактори, односно политичките фактори, нестабилноста и непредвидливоста на политиката и оттаму мислам дека економската состојба и перспектива е еден дел од сегментот. Ако навистина сакаме младите тука да си ја видат треба да разгледуваме малку поопширно, а не само на сегменти на проблемите“, вели Малевски.

Последното истражување на германската фондација „Фридрих Еберт“ покажува дека повеќе од две третини од младите имаат желба да ја напуштат државата. Половина од нив преземаат конкретни мерки, а другата половина засега само сака да се пресели во западните земји. За околу 48 отсто од младите, според истражувањето, главна причина за иселување е подобрување на животниот стандард.

Попов вели дека државата се уште не нуди перспектива за младите, односно не гледа разлика од ситуацијата во минатото и сега.

„Мислам дека нема никакво подобрување. Можеби има само мало подобрување за младите во технолошкиот свет во Македонија. Инаку генералната слика е иста како и пред 12 години“, додава тој.

Истражување

Климата поради оваа грешка троши трипати повеќе струја – еве како да заштедите!

Published

on

Поевтините модели на клима уреди без инвертер можат да го загреваат просторот само кога надворешната температура е над 0°C. Клима уредите се омилен избор за брзо и практично загревање, но многумина ги користат само повремено за да заштедат електрична енергија. Ова, сепак, е заблуда – поекономично е да го оставите уредот вклучен цел ден отколку да го вклучувате на кратки интервали.

Со примена на неколку мали трикови, можете да ја оптимизирате работата на клима уредот и да ги намалите сметките за струја во грејната сезона.

Енергетска класа на уредот

Современите климатизери со инвертер компресор трошат помалку енергија, бидејќи не работат постојано со целосна моќност. На пример, клима уред со капацитет од 3,5 kW троши околу 1,2 kW на максимална моќност, додека за одржување на температурата троши помеѓу 200 и 500 W. Изборот на уред со повисока енергетска класа (А+++, А++, А+, А или B) може значително да го намали трошокот на долг рок.

Оптимално користење

Ако престојувате дома цел ден, препорачливо е уредот да го вклучите рано наутро, додека надворешната температура е пониска, и да го оставите вклучен. Кога просторот ќе ја достигне саканата температура, уредот ќе премине на намалена потрошувачка на енергија. Ако пак сте надвор цел ден, добро е да го вклучите уредот еден час пред да се вратите, доколку уредот поддржува WiFi контрола.

Инвертер технологија

Инвертер уредите можат да работат и на екстремно ниски температури до -25°C, што е предност за зимската сезона. Овие уреди трошат до 30% помалку енергија од стандардните модели и се поеколошки.

Некои модели имаат летви и сензори за топлина кои овозможуваат рамномерно распределување на топлиот воздух, а некои имаат и сензори за движење што ја насочуваат воздушната струја во спротивен правец од луѓето во собата.

Вентилатори и дополнителни совети

Употребата на вентилатори може да создаде чувство на свежина, иако не ја намалуваат температурата во просторијата. Важно е вентилаторот да биде исклучен кога нема никој во просторијата за да се избегне непотребна потрошувачка на енергија.

Со избор на соодветен уред и оптимално користење, можете значително да ја намалите потрошувачката на електрична енергија во вашиот дом и да постигнете поголеми заштеди на годишно ниво.

Continue Reading

Истражување

Анализите направени во повеќе училишта во земјава покажуваат дека загадувањето на воздухот е исто толку опасно и во затворените простории

Published

on

Анализите направени во повеќе училишта во земјава покажуваат дека загадувањето на воздухот е исто толку опасно и во затворените простории

Додека Скопје е рангирана меѓу градовите со најзагаден воздух во светот, големо присуство на отровни честички во воздухот е забележано во речиси сите градови во земјава. Ризикот од загадениот воздух е голем и во отворени и во затворени средини, изјави ректорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“, Дејан Мираковски, презентирајќи ги резултатите од анализата за квалитетот на воздухот во затворените простории во училиштата и градинките.

Министерката за образование Весна Јаневска порача дека државата мора да направи се за да обезбедат подобри услови во училиштата за да се заштити здравјето на учениците и вработените во образованието.

Најголеми загадувачи во текот на зимата продолжуваат да биде согорувањето на дрва, отпад, како и согорувањето на нафта и мазут кој најмногу се користи за затоплување на јавните установи

Извор: Алсат.мк

Continue Reading

Истражување

Споредба на центие во Маркетите на Битолско Млеко

Published

on

Во текот на нашата анализа на цените на Битолско млеко (2.8% масленост) во повеќе маркети, ги посетивме Веро, Рамстор, Стокомак, Тинекс, Кипер, КАМ и Жито Маркет. Во секој маркет ја забележавме актуелната цена на производот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк