Секој гледа во туѓиот двор: Порака за Жан Митрев која покрена лавина од реакции на фејсбук

Поракава веднаш стана вирална и се уште многумина ја споделуваат и коментираат на социјалните мрежи.

Откако во медиумите се проструи вест дека синот на Д-р Митрев, Филан Митрев е уапсен и дека ќе му се суди во Германија, што предизвика голема прашина во нашите медиуми и на социјалните мрежи, многумина се јавија да му дадат поддршка на познатиот кардиохирург во овие тешки моменти.



„Те САКАМ Докторе Жан Митрев Саша Митрев „од тука до небото и назад” Колку добрини мене ми направивте, а да не зборувам за целиот свет. Прв пат го видов во Германија во Mainz, во црковната сала каде пеев за Велигден ,пред 20-тина години. На Велигденската прослава беа половина германци, пријатели на македонскиот клуб во Mainz, кои буквално не го оставаа да здивне, сите му се поклонуваа во тоа време. Од сцената го забележав токму заради неговата скромност. Се запознавме лично кога дојде со двете деца во рацете позади сцената, да ме замоли да му ја отпееме „Земјо Македонска” и верувале или не, не ги испушти децата од рацете цела вечер, дури и играше на орото со нив во двете раце. Пред прв пат да го запознаам, ја гледав на СНН операцијата што тој ја извршуваше на отворено срце и кога слушнав дека е Македонец, посакав раката да му ја бакнам и да го прегрнам. Господ веднаш ми ја исполни желбата и за Велигден токму заедно во Германија. Очите не ги вадев од него, колку грижливо се однесуваше кон децата и си велев „Господе голем си, како не му паднаа рацете”. Кога се поздравивме за заминување ми кажа „за лошо за арно” побарајте ме” и ми се заблагодари за песната.“
Повеќе:


https://skopje24.mk/sekoj-gleda-vo-tugiot-dvor-poraka-za-zan-mitrev-koja-pokrena-lavina/