Connect with us

Uncategorized

Самохрана мајка напуштена, живее во лоши услови и е пред породување – потребна и е помош

Published

on

Самохрана млада мајка, напуштена од сите ни се јави денес и искрено побара помош. Сама е, живее во влажна и трошна кираџиска просторија, а на свет треба за неполн месец да донесе момченце и затоа сите Ве повикуваме да ја поткрепиме со најнеопходните работи

?

Ве молиме, се што имате од Вашите дечиња а повеќе не го користите а се наоѓа на списоков, донесете го , во близина на полициска станица Карпош 1, а ние се ќе спакуваме и доставиме до прекраснава мама ту би, за да покажеме дека не е залудно постоење о и има луѓе сеуште

?

Витамини, пробиотици и супелементи за трудница и за доилка Облека Л големина и чевли 38/39 Влечки кои ќе може да се натопат. Две крпи. Влажни марамчиња. Тоалетна хартија. Прибор за лична хигиена: сапун, паста и четка за заби, чешел, лабело ит.н.Памучни влошки со мрежа (можеби ќе би бидат потребни и неколку пакувања). Градници за доење. Влошки за гради.Спаваќа дојачка и наметка. Долен веш, чорапи и облека за излегување од болница. Удобни влечки за по дома и пижами. Лимони, ладни чаеви за освежување. Бисквити, чоколади, сокови, суперхрана, семиња, јатки, конзервирана храна и се што мислите дека може да доставиме до друг град.

Список на работи потребни за бебето: Транспортер, креветче, количкаПостелина и кадичка со држач ќебенца летно и зимско, вреќа за спиење памперс од најмалите повеќе пакувања неколку тетра пелени

Комплет облеки: бенкици, шпихозни, бодиња, капчиња и ракавициВлажни марамчиња и дезинфициенси креми и средства за хигиена и нега на кожа за новороденчиња. Контактирајте не на: 071936497

За секоја една да може !

Uncategorized

ВЛЕН е сплотен околу идеја за плурализам и антикорупција

Published

on

Првиот вицепремиер на владата, Изет Меџити, во своето денешно гостување на „Тема на денот“ разговараше за состојбата во коалицијата „Вреди“. Запрашан дали коалицијата „Вреди“ е пред распаѓање, тој децидно одговори дека има некои процеси, но коалицијата е стабилна.

„ВЛЕН не се распаѓа. Ние се сплотивме околу една идеја, да донесеме плурализам и демократија во албанскиот кампус, борба против корупција и уште стоиме на тоа, освен господинот Таравари којшто од индивидуални и партиски причини, излезе на површина дека подолг период од неколку месеци соработува со Демократската унија за интеграција.“ истакна лидерот на ЛД.
Тој дополни дека ВЛЕН има јасен став во однос на тоа дека не може да се коалицира и со ВЛЕН и со ДУИ истовремено.

Continue Reading

Uncategorized

САД ПОВЛЕКУВААТ ВОЈСКА ОД СИРИЈА: Америка речиси го преполовува бројот на војници распоредени во Сирија

Published

on

САД во наредните месеци речиси ќе го преполоват бројот на војници што ги распоредија во Сирија, потврди Пентагон.

САД со години имаат војници во Сирија како дел од напорите против екстремистичката организација Исламска држава.

Портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, рече дека намалувањето на бројот на војници ги одразува „значајните чекори што се направени кон деградирање на оперативната способност на ИСИС“ и на регионално и на глобално ниво.

– Овој намерен процес заснован на услови ќе го намали присуството на САД во Сирија на помалку од илјада американски сили во наредните месеци, рече тој.

САД ќе соработуваат со сојузниците за да го задржат притисокот врз групата и да одговорат на какви било други терористички закани што ќе се појават, додаде Парнел.

Исламска држава во последните години претрпе големи територијални загуби и воени порази во Сирија и соседен Ирак. Сепак, нејзините оперативци повремено вршат напади во двете земји.

Continue Reading

Uncategorized

Цистерна удрила во карпите на автопатот Скопје-Велес

Published

on

Центарот за управување со кризи информира дека на патот Скопје – Велес има одрон, што било пријавено вчера во 17:06 часот преку линијата за итни случаи 112.

Конкретно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес камион – цистерна удрил на карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш е известено ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, соопшти ЦУК.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк