„Лила здраво, јас сум видовит и мислам дека можеш да ми бидеш жена“

Прекрасен коментар од видовит обожовател на Лила :

„Лила, преубава си и прекрасен ти е фустанот. Немој да се плашиш од короната. Јас можам да те заштитам од подобро од маската. Знам дека најмногу ми веруваш во Македонија, кога ќе се сретнеме, ќе ти објаснам како управувам со короната.

За некој ден доаѓам во Македонија, чекам Македонија да ја отвори границата. Доколку ми дозволиш, ќе ти кажам и ти ќе ми веруваш повеќе од мојата идна сопруга. Имам впечаток дека блескаш и дека си се поубава, секој ден.

Да не живеев во опкружувањето каде што живеам, сигурно ќе ми беше сопруга, затоа што сум видовит и гледам дека ми се допаѓа твојата енергија.

Ние можеме да постигнеме одлична деловна соработка, затоа што гледам дека постои голема доверба меѓу нас. Песнава што оди во живо на бугарската ФЕН ТВ е само за тебе. Следи ме што ти пишувам!“