Ќе ви кажам низ што јас минувам, а вие кажете ми ги вашете искуства, започнува оваа госпоѓа:
Јас сум педесет и пет години, имам сопруг и две ќерки. Пред нешто повеќе од една година, го добив своето прво внуче. Бев среќна, како и секоја мајка, што нејзината ќерка најде среќа покрај искрен човек и што создаде семејство.
Кога се роди Владимир, сите мои пријатели ми честитаа со зборовите: “Блазе си ти, ти си млада баба!” Не разбирав за што се работи. Што е важно дали сум млада или стара? Јас не родив дете!!!
Сепак, брзо сфатив што размислуваа тие жени.
Проблемите се појавија кога ќерка ми сфати дека улогата на баба, ми е да се грижам за малиот Владимир секој викенд. Без оглед на тоа што сум витална и можам да направам сè и да постигнам сè, бев навредена.
Дали сум должнa секој викенд да се грижам за мојот внук?!?
Ќерката се однесуваше како да е тоа сосема нормална работа. Во петокот навечер, еве ја со детето и торбата, го остава малиот до недела. „Бобан и јас треба да се одмориме“, ми вели таа.
Ме разбесни! И мојот сопруг и јас работиме со полно работно време од понеделник до петок и едвај чекаме за викендот да се одмориме. Но, бидејќи ќерката „се навикна“ да ни го остава внукот, нашите викенди се полоши од било кога.
Трчање по детето, носи го во паркот, зготви му нешто за јадење, па зошто плаче, па дали добро се најаде… Ме снајдоа проблеми на триесетгодишна, а сум жена од педесет и кусур години.
Секогаш се смеев на таа поговорка: „Ако бабите можат да се грижат за децата, тие би родиле деца!“ Сега оваа реченица воопшто не ми е смешна!
После непроспиениот викенд, крајно исцрпена, го чекам понеделник со цврста одлука да и оддржам лекција на ќерка ми! Се подготвувам да и кажам сè, почнувајќи со: „Никој не те присили да родиш дете, ако не можеш да се грижиш за него сама!“ или „Мене никој не ми помогна!“, но сепак решавам да и кажам во петок навечер:
“Слушајте, јас секогаш ви помагам кога не можете да се организирате или кога Владимир е болен. Но, да се грижам за детето додека одмарате – не! Татко ти и јас мора да се одмориме! Доста е!”
Веројатно можете да замислите што се случи следно: децата секогаш остануваат деца. Тие сметаат дека родителите се должни да им служат додека се живи. Таа се налути како тинејџерка и луто истрча од куќата, треснувајќи ја вратата!
Не е во ред што паднаа тешки зборови меѓу нас, но мојата глава е мирна.. и нозете. Еве ме, денес доаѓам на работа нормално. Убаво се одморив за викендот. Планирам да ја оставам ќерка ми да се „олади“ малку, а потоа ќе и се јавам, а дотогаш уживам да бидам баба која има поставено граници.
Извор : https://skopje24.mk/bev-mlada-koga-stanav-baba-za-kerka-mi-bebeto-bese-blagoslov-za-mene-tovar/