Connect with us

Uncategorized

Го прославуваат и својот 145 роденден: Вака изгледа животниот стил на најздравиот народ на светот

Кон почетокот на 70-те години, „National Geographic“ објави серија написи за најдолговечните луѓе ширум светот. Хунзите од долината Хунза во северниот дел на Пакистан беше еден од тие народи – тие живеат и до 120 години, а некои од нив го прославиле и својот 145-ти роденден пред да го напуштат овој свет.

Долината Хунза е плодна долина, идеална за земјоделство и изолација од остатокот од светот. Се наоѓа на голема надморска висина, а регијата со својата прекрасна природа која го одзема здивот и топлото гостопримство била популарна дестинација за американските и европските туристи. Денес туристи и практично нема, па затоа претставува идилично и мирно, утописко опкружување.

Колку долго живее народот на Хунзите?

Никој всушност не знае колку долго живеат припадниците на овој народ. Лекарите кои ги прегледувале Хунзите, погодувале колку години имаат тие. Без преголема фокусираност на документираната максимална старост, навистина необичен факт е дека сите извештаи за овој народ споменуваат дека постарата популација е слаба, витална и практично без болести, што важи и до денес.

Како се заштитуваат од болести?

Вежбаат. Опкружувањето во кое живеат е планинско и изобилува со нерамен терен. Селата се неверојатно изолирани, а некои од нив се постари повеќе од 1000 години. Хунзите немаат друг избор освен да се движат по груби и стрмни патеки.

Обработливото земјиште исто така не се наоѓа секогаш непосредно покрај нивните домови, а некои пасишта се наоѓаат на 2 часа пешачење од селата. За Хунзите се вели дека се посрдечни од познатиот силен народ Шерпите од регијата на Хималаите.

Како изгледа нивната исхрана?
Хунзите воглавно се хранат со сирови растенија. Бидејќи се толку изолирани, тие немаат на што да ја готват храната ниту имаат многу животни на располагање за месо, па го садат она што можат и го собираат останатото. Кајсии, цреши, грозје, сливи и праски се плодовите кои ги одгледуваат Хунзите, а исто така јадат многу житарици – пченица, јачмен, просо и чапати, нивниот секојдневен леб.

Но, дали се среќни?
Апсолутно. Всушност, некои истражувачи го нарекуваат овој народ „најсреќен на светот“. Хунзите имаат одредена страст и елан за животот.

Што можеме да научиме од нив?
Јадете сирово овошје и зеленчук, вежбајте секојдневно и бидете позитивни, пренесува „BIZLife“.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг