Голфот има иста цена и во Германија и во Македонија, а скоро сите имаме автомобили, а од друга страна цената на електричната енергија во Германија е многу повисока, додека ние после Косово и Србија имаме најниска цена на електричната енергија во Европа, истакна претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, за ТВ Клан.
Но ова гостување на Бислимовски направи хаос по социјалните мрежи посебно неговата изјава со споредбата еве дел од коментарите и не се баш вкусни :
Бруто просечна плата во Германија е 2950еур. Просечна плата во Македонија е 442.7еур. Струја трошат и тие што возат Голф 5, и тие што возат Југо, и тие што живеат со една плата или социјална помош. Какво разочарување што ваква low IQ идиотска споредба доаѓа од човек на функција.

