Ваков успех секој би посакал: Андријана Јаневска ќе ја претставувам Македонија во проект за Гинисовата книга на рекорди!

На познатата македонска пејачка Андријана Јаневска музиката и е се во животот. Со неа е опкружена и дома и на работа и приватно и професионално. Покрај тоа што пее, таа е и виолинистка и професорка по музика.

А кога сте дел од јавниот свет, без разлика дали сте музичар, пејач, актер, писател….успесите на професионално поле зборуваат за уметникот и ќе ги паметиме најчесто по она што направиле, создале, по нивните иновации, по нивните дела…

ФОТО: ИНСТАГРАМ/АНДРИЈАНА_ЈАНЕВСКА

Со овие убави вести, Јаневска се пофали на својот „Фејсбук“ истакнувајќи дека единствен услов за учество бил во договорот да пишува дека ја претставува Република Македонија.

ФОТО: ФЕЈСБУК

Под објавата се нижеа честитки и пофалби на Андријана која може да биде горда за еден ваков успех.

„Гинисовата книга на рекорди“ е референцијална книга која се објавува секоја година, и ги содржи меѓународно познатите колекции на светски рекорди во кои се вклучуваат сите човечки достигнувања, како и екстремите на живиот свет. Книгата самата по себе држи светски рекорд, како најпродаваната книга со авторско право на сите времиња.