Connect with us

Uncategorized

Денес е Крстовден, тежок празник и строг пост

Воздвижение на Чесниот Крст Крстовден кој во народните верувања се нарекува Крстовден е значаен христијански празник од есенскиот циклус, еден од 12-те големи празници, којшто е непроменлив празник и секогаш се паѓа на 14 септември, односно на 27 септември по стариот календар.

Крстовден е празник на пост и покајание.
На Крстовден се прави аџилак пред Светиот крст. По страдањата на Спасителот крстот станува жртвен знак на спасението и откуп на гревот. Крстот отелотворува жртвенa љубов, победата над злото, припадноста кон христијанството.

Во чест на овие два настана: наоѓањето на Чесниот Крст и неговото враќање од заробеништво се празнува празникот Воздвижение на Чесниот Крст. По првиот настан празникот се празнувал локално, а по вториот добил општохристијанска димензија.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

Според народните верувања од Крстовден започнува есента. Овој ден се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил Исус Христос, наречен Чесен Крст, и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст. На овој ден верните се потсетуваат на Богочовекот, на Крстот достоен за безусловна верност, и на неизбежното спасение кое доаѓа преку Христовото Распетие и сораспнувањето со Него. За време на празникот, Крстот е положен во центарот на Храмот, окружен со цвеќа и гранчиња босилек.

Македонскиот народ го празнува Крстовден како тежок празник. Тогаш не се работи и се пости „за крст“. Во Радовиш во црквата попот раздавал китки кои се чувале за здравје и за лек од уроци. Во Гевгелиско спроти овој ден свештеникот одел по куќите и светел вода, а жените земале од котлето вода за замесување на квасец. Свештеникот читал молитви за богат род и ги пеел семињата за новата сеидба, а тоа го правел и на самиот ден на Крстовден. Во записите на Христо Шалдев за Гуменџе се вели дека тука гроздоберот секогаш станувал околу Крстовден. Во Дебарца Крстовден се смета за тежок празник и се држи како тежок пост. На овој ден не се јаде ништо мрсно дури ни растително масло. Вечерта спроти Крстовден од полето се носи грав, пченка, компири, лубеници, грозје и др. Утрото се оди во црквата каде што се раздава за здравје.

На Крстовден највозрасните жени во домот е потребно да испечат специјален обреден леб, украсен со голем крст на средината. Лебот се раздава, кога целото семејство е на масата и се вели Крстец крст да боли мене, крст да не боли. Се смета дека со овие зборови луѓето се штитат од болки во грбот за време на работа.

Advertisement

Uncategorized

Нападната девојка во Тетово – Полицијата со брза реакција

На 24.12.2025 во 22:05 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал 39-годишната Б.С. од Скопје дека додека се движеле со патничко возило на автопатот Скопје-Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг