Connect with us

Uncategorized

Еден месец бесплатно патување – Бали ангажира 4400 инфлуенсери за промоција на туризмот

Индонезискиот остров Бали ќе ангажира 4400 инфлуенсери со цел да го оживее туризмот погоден со пандемијата на коронавирус.

Инфлуенсерите ќе уживаат во бесплатното патување околу Бали од октомври до ноември и ќе ги објавуваат своите искуства на социјалните мрежи како дел од кампањата „Го сакаме Бали“, се вели во соопштението од одделот за туризам на островот.- Реклама –

„Ковид-19 зададе сериозен удар врз економијата на Бали, социјалниот и здравствениот сектор, вклучително и туризмот“, соопшти канцеларијата, додавајќи дека околу 75.000 туристички работници останале без работа.

Целта на кампањата е да се промовира „новата ера на туризам“ во која посетителите мора да се придржуваат до здравствените препораки за носење маски, социјално дистанцирање и редовно миење на рацете, се вели во соопштението.-

Бали беше отворен за туристи од другите делови на Индонезија кон крајот на јули, а планот за отворање за странци на 11 септември не успеа како резултат на зголемувањето на случаите на коронавируси.

Advertisement

Uncategorized

Нападната девојка во Тетово – Полицијата со брза реакција

На 24.12.2025 во 22:05 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал 39-годишната Б.С. од Скопје дека додека се движеле со патничко возило на автопатот Скопје-Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг