Connect with us

Истражување

Србија: Македонија правела црква на темелите на СПЦ!

Published

on

Објаснувајќи го својот став дека Александар Вучиќ „е, мора и треба да биде претседател на сите Срби, каде и да живеат“ и оти тој треба да создава „српски свет“, министерот за одбрана Александар Вулин ја чепна – Македонија, објави Експрес.

За тамошната ТВ Прва тој истакна дека не се меша во работата на соседите и праша дали е мешање кога, како што рече, „Црна Гора се заканува дека ќе ја забрани Српската православна црква или кога Северна Македонија прави своја црква на темелите на СПЦ“.

Според Вулин, сите Срби треба да донесуваат заеднички политички одлуки за важни прашања и оти „доста се извинувале за Голема Србија“, додавајќи дека територијално обединетата Германија не му е проблем никому, но политички обединетите Срби – да.

На прашањето дали се плаши од реакција за ваквите изјави, тој побара да му објаснат што не е вистина во тоа што го рекол.

Истражување

Марковски компани: Тајните релации Битола-Белорусија виа Белград

Published

on

Заради соработката со белоруски државни фирми под покровителство на Лукашенко, сопственикот на Марковски компани, Борче Марковски станал почесен конзул на Белорусија, со што има привилегии во Северна Македонија. Рекордерот во милионски тендери, зема тендери и од „Србија шуми“, а сега е под истрага.

„Не е тука“.
Ваков одговор доби екипата на Радио Слободна Европа кога на 5 декември на адресата во Битола, каде се наоѓа фирмата „Марковски компани“, го побара сопственикот Борче Марковски.

Седиштетo на фирмата е во стан во центарот на Битола во кој не пречекаа двајца вработени. И покрај инсистирањето да се видиме со него сепак ни беше речено да оставиме само наш телефонски број.

До објавувањето на сторијата повик од Марковски не добивме.

„Марковски компани“ во последните пет години од државата има добиено најскапи тендери според цената на услугите и тоа често со непосредно спогодување.

Фирмата редовно, во изминативе десетина години добивала работа од „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) и подружницата „Рударско енергетскиот комбинат – Битола“ (РЕК – Битола) и за пет години склучиле 66 договори кои чинат 141 милион евра, а фирмите подизведувачи го поврзуваат со семејството на поранешниот премиер Зоран Заев.

За „сомнителни“ тендери за прв пат почнаа истраги и државното Обвинителство и Финансиската полиција.

Сопственикот Борче Марковски од 2016 година е и почесен конзул на Белорусија поради „добрите економски релации со оваа земја“.

Неговата фирма во Белорусија била претставена како соработник на државни компании кои пак се поврзуваат со претседателот Александар Лукашенко и се под санкции на САД, а во одреден период и на ЕУ.

Марковски има фирма и во Србија, и таму редовно добива тендери од „Србија шуми“.

Ликот на Марковски не може да го видите во медиумите и недостапен е за новинарите.

Целиот текст: https://www.slobodnaevropa.mk/a/markovski-kompani-tajnite-relacii-bitola-belorusija-via-belgrad/33251283.html?fbclid=IwZXh0bgNhZW0CMTEAAR20DGHq-SF6ed94FniklY_rirFQU3H1UKrND79gPjTW-h2nX6rRQqZfdYM_aem_H7zj6PAmOhEuwZXKWHvDtQ

Continue Reading

Истражување

Големиот Војвода Петар Чаулев – убиен за идеалите на македонската слобода

Published

on

На денешен ден, 23 декември 1924 година, во Милано заврши животот на еден од најистакнатите македонски револуционери, Петар Чаулев. Роден во Охрид на 18 декември 1880 година, Чаулев беше учесник во Илинденското востание и познат како голем војвода, кој неуморно се бореше за слободата и правата на својот народ.

Трагедијата се случила додека Чаулев го пиел својот вермут во миланското бистро „Верцијере“. Со пет куршуми, револуционерот беше убиен, но причините за атентатот остануваат дел од темните страници на македонската историја.

Димитар Влахов, еден од неговите соборци, за весникот „Балкан“ напиша:

“Чаулев беше убиен затоа што сакаше чесно да му служи на својот народ. Чаулев беше убиен затоа што сакаше Македонската Револуционерна Организација да ги продолжи своите стари традиции.”

Со својата посветеност и љубов кон Македонија, Петар Чаулев остави неизбришлива трага во историјата. Нека му е вечна слава!

Continue Reading

Истражување

НИЗ ПЕТЛЕЦ ИДАТ ТРИМА ВОЈВОДИ Даме Груев загина за слободна Македонија

Published

on

Војводата Груев го поминал целиот живот организирајќи го националноослободителното движење, па некои велат дека живееше за да загине за Македонија.

Војводата и учителот од Смилево опеан во народната песна „Низ Петлец идат трима војводи“ починал на денешен ден во борба на врвот Петлец кај беровско Русиново. Се вели дека Даме Груев живеел за умре за Македонија. Возвишуван е како апостол и волја на револуционерна Македонија.

Груев е еден од основачите на ВМРО во Солун во 1893 година, меѓу најистакнатите организатори и раководители.

Роден е на 19 јануари 1871 година. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школувал во родното Смилево, Демирхисарско, а потоа во Солунската машка гимназија. Од 1891 до 1893 година бил учител во селото Смилево и во Прилеп.

Од летото 1894 година почнал да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Бил учител во Штип и инспектор во Солунско, а потоа и гимназиски наставник во Битола и раководител на Битолскиот револуционерен округ.

Во август 1900 година бил уапсен и затворен во битолскиот затвор, а од мај 1902 година бил заточен во Подрум Кале, во Мала Азија. Бил претседател на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО од 2 до 7 мај 1903 година, на кој бил избран за член на Главниот штаб на востаниците на претстојното Илинденско востание, во кое активно учествувал.

На 2 август било кренато Илинденското востание. Груев го доживеал мигот на историскиот чин, но и ужасите на страдањата на својот народ решен по секоја цена да се бори и да се избори за слобода и за своја држава. По неколкумесечните исцрпувачки борби со огромната, модерно вооружена непријателска армија, Главниот востанички штаб донел одлука за запирање на Востанието со цел народот да се поштеди и да се зачуваат силите и кадрите на движењето.

По Востанието Даме останал во Битолско со народот за да работи на консолидирање на Организацијата. Учествувал на подвижниот Прилепски конгрес (мај 1904), каде се залагал за централизирана Организација како тајна држава во османлиската држава, како подземна Република.

По неуспехот на востанието ја продолжил својата револуционерна дејност. Во 1904 година претседавал на Прилепскиот подвижен конгрес, а извесно време бил и претседател на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ и на Рилскиот конгрес, во октомври 1905 година.

Груев одлучил да се врати на теренот во Македонија. Загинал во борбата на врвот Петлец кај Русиново. Населението од Русиново го погребало во дворот на црквата. Потоа неговото тело било пренесно во Смилево.

Во негова чест секоја година на местото на погибијата на Петлец се собираат македонски патриоти да му оддадат почест.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк