Викендот без ДДВ ќе може да го користат само тие кои ќе скенираат сметки во тие три дена

За најавениот „Викенд без ДДВ“ граѓаните ќе добиваат поврат на ДДВ само за купени производи со македонско потекло. Ќе се добијат пари назад ако се купи облека, бела техника, санитарија, храна, мебел и друго, само ако се направени во земјава. Исклучок ќе биде само ИТ производите, како компјутер, лаптоп или друга опрема, за кои, без разлика каде се произведени, ќе се враќа ДДВ.

Според пратеничката Сања Лукаревска ,со новиот сет мерки, се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.

„Викендот меѓу 10 и 12 октовмри ќе биде викенд без ДДВ. 350.000 граѓани, веќе постоечки корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, за време на продолжениот викенд на 10-11-12 октомври можат да купуваат домашни производи и услуги или компјутери и друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари и во рок од неколку дена ќе го добијат назад на своите сметки целиот ДДВ“, рече таа на прес конференција.

Oд Владата сметаат дека мерката е креирана да се излезе во пресрет на граѓаните преку поврат на ДДВ, како и преку набавка на производи кои им се потребни во ковид – кризата (ИТ опрема), да се инјектираат средства во домашната економија, а воедно и да се придонесе кон сузбивање на сивата економија.

Според УЈП, наместо за сите граѓани, Викендот без ДДВ кој е на 10, 11 и 12 октомври, ќе може да го користат само тие кои ќе скенираат сметки во овие три дена.

„Потоа УЈП ќе го враќа ДДВ – то. Оние кој немаат ваква апликација ќе мора да се регистрираат за да може да ја искористат оваа мерка.

Сите оние даночни обврзници кои што ќе сакаат да ја користат оваа мерка ќе мора најпрво доколку немаат апликација Мој ДДВ, да се регистрираат во системот е – персонален данок. На веб страната се внесуваат генералите, име и презиме, матичен број, и валидна e – mail адреса, се отвара барањето го отпечатуваат, го носат во канцелариите на УЈП каде што нашите вработени го одобруваат ова барање“, изјавил Михајло Михајлов од Управата за јавни приходи.