Connect with us

Приказни

„Застани жено малку… Одмори… Ништо не мораш, ништо не треба“

Published

on

Застани жено малку… Одмори… Ништо не мораш, ништо не треба.Утре да те нема, повторно сè ќе тече, сè ќе се случува без тебе.Ќе им недостасуваш на најблиските некое време… но целото тоа требање и морање ќе се одвива и без тебе.Не си наметнувај на себе повеќе отколку што можеш да издржиш. Бидејќи не си магаре. Жена си.Сосема е во ред што денес не зготви ручек и не стигна да насечкаш салата, да ја одмрзнеш сармата која стои во длабоко уште од јануари.Нема да им испарат сите витамини за само еден ден.

Нека, остави ја и прашината. Слушам пеглаш пешкири и чорапи. Запрашај се само, дали животот е замислен за да го поминеш во пеглање? Мора да има и подобри начини.Свари си кафе и конечно читај ја книгата која ја купи за денот кога ќе имаш малку слободно време.Бидејќи, да ти кажам една тајна… Никогаш нема да имаш доволно време. Немаме ние време, туку времено нè има нас.Затоа, ослободи си минута за себе, па и неколку часа и денови.

Одмори ја душата и биди сами ти. Пробај барем малку да не бидеш ни жена, ни мајка, ни кралица. Твојата штитна жлезда ќе ти биде благодарна!Одмораш ли доволно?А и на кого му е гајле? На никого… Одговорот секогаш ќе биде: Па, кој ја тераше? Да, да, баш така!Застани жено… И натерај се себеси да мислиш. Има ли твоето живеење цел? Те цени ли некој?Те прашувам тебе и сите жени на светов…Затоа застанете, одморете… Животот продолжува и после вас. Времето нема да застане заради тебе, мене…👏👏👌❤❤❤

Приказни

31 година од уривањето на авионот „Јак-42“ кај Охрид, погледнете ја реконструкцијата

Published

on

На денешен ден во 1993 година, авионот „Јак-42“ на авиокомпанијата „Авиоимпекс“, кој летал на релацијата Женева – Скопје, се урна во близина на Охрид. Леталото било пренасочено кон охридскиот аеродром поради лошите временски услови, но се срушило на само 4 километри од пистата, меѓу селата Горно Лакочереј и Оровник пишува 4news.mk.

Во оваа трагедија животите ги загубија 116 патници и членови на екипажот. Единствениот преживеан патник подоцна им подлегна на повредите. Како причини за несреќата беа посочени лошото време и наводно недоволната комуникација помеѓу посадата на авионот и аеродромските служби.

Истата година, само неколку месеци порано, на 5 март, на скопскиот аеродром се случи уште една голема авионска трагедија. Патнички авион од типот ФОКЕР 100 на компанијата „Палер Македонија“, кој превезуваше 97 патници, се урна при полетување. Во оваа несреќа загинаа 86 лица. Како причина за падот на Фокерот беше утврдено дека крилјата на воздухопловот не биле размрзнати, што доведе до дефект и пад.

Овие две трагедии го потресоа македонското воздухопловство и јавност. Поради сериозноста на ситуацијата, тогашниот министер за урбанизам, градежништво, комуникации и екологија, Антони Пешев, си поднесе оставка. Овие настани остануваат длабоко врежани во колективната меморија како најцрните денови во историјата на македонското воздухопловство.

Погледнете ја реконструкцијата која за прв пат е направена за овој лет.

Continue Reading

Приказни

„Крсте Петков Мисирков: Темелник на македонската литературна и национална посебност“

Published

on

На 18 ноември 1874 година е роден Крсте Петков Мисирков основоположник и кодификатор на македонскиот литературен јазик и правопис. Автор е на „За македонцките работи“, прва книга на современ македонски јазик која ги демаскира пропагандите и зборува за македонската посебност.

Continue Reading

Приказни

Годишнина од смртта на Петре Прличко, доајенот на македонското актерство

Published

on

На 16 ноември 1995 година замина Петре Прличко, легенда на македонскиот театар и филм. Со својот неповторлив талент и харизма, остави неизбришлива трага во културата, а публиката и денес го памети по многу незаборавни улоги. Неговата омилена улога, како што самиот изјави, остана ликот на Мандана.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк