Прекрасен статус на Калина Коси
Јас, за разлика од многу други родители, воопшто не мислам дека тоа што децата не одат во школо е нешто многу катастрофално по нивното знаење. Слушам, неписмени ќе останеле оти нема да одат во школо. Глупости. Неписмени си остануваа и кога одеа. Ионака учат со бубање, милион непотребни глупости кои мозокот им ги заборава откако тие податоци веќе не им требаат. Ионака кога доаѓаат дома мама и тато им кажуваат како да решат задача, како да напишат домашна оти во школо ништо не разбрале или премногу часови имале и премногу лекции за учење на памет, па се им се измешало. Ионака премногу често мама и тато пишуваат домашни и прават проекти место нив.
Да не должам и да не паметувам јас многу, меѓународните листи за писменост на децата на кои сме на дното тоа подобро го потврдуваат од мене. Со моето мислење можеби и нема да се согласите, со тој факт ќе морате.Дупката во знаењето и со Ковид и без ќе си ја има. Катастрофата е во социјализацијата, дружењето, престојот надвор од дома кои со месеци на децата им се ограничени. Мене единствено тоа ме плаши. Отуѓувањето од луѓето. Зближувањето со компјутерите. Психичкото здравје. Последиците. За разлика од податокот за бројот на кенгури во Австралија, отуѓувањето за жал не го снемува преку ноќ, ниту испарува одеднаш откако веќе нема да им треба! Така да, полека малку со паниката дека ќе ни се случи катастрофа зошто децата ќе ни останат неписмени. Сте заборавиле кој кого описменува во оваа држава, сте заборавиле дека се вика Македонија, сте заборавиле дека живеете во неа. Се отишло во неповрат, се се распаѓа, се е труло… така некако беше? Така. Епа по некоја логика и знаењето ни е такво.
<iframe src="https://www.facebook.com/plugins/post.php?href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2Fkalinakosi%2Fposts%2F1056326624789693&show_text=true&width=552&appId=176850613417088&height=263" width="552" height="263" style="border:none;overflow:hidden" scrolling="no" frameborder="0" allowTransparency="true" allow="encrypted-media"></iframe>
