Две наставнички болни, 15 првачиња во изолација

Информацијата за ТВ 24 ја потврдија дел од родителите на децата, кои засега не сакаат да зборуваат јавно. Неофицијално, не се исклучува едната наставничка да се заразила од другата. 

Велат исплашени се бидејќи освен што постои ризик децата да се заразат, биле и во контакт со бабите и дедовците. 

Родители од училиштето, неофицијално, зборуваат дека едната наставничка имала син заболен од вирусот по што и таа се заразила. Од денеска децата ќе следат настава од далечина.