Без судски налог полицијата смее само да ви тропне, но не и да влезе дома

Бура од негативни коментари што се создаде по вчерашната изјава на министерот Венко Филипче, според кого, Комисијата изготви, како дел од новите рестриктивни мерки за заштита од болеста, да биде и забраната за групирање на повеќе од 4 лица во домовите. За ова да може да се спроведе секако полицијата би морала да влегува во домовите на граѓаните, кои пак се сметаат за приватен имот, со цел да може да ги изброи лицата кои се дојдени како гости, реагираат граѓаните.

Поради тоа голем дел од експертите во оваа област, се свртија кон она што е изрично напишано во Уставот. Имено, доколку навистина дојде до ваква ситуација, полицијата би го прекршила членот 26 од Уставот каде се наведува дека неповредливоста на домот и на приватноста не смее да биде нарушена.