Прекрасна креативност:Наставничка од Струмица направи возен парк во училницата и ги испочитува ковид мерките

Наставничка од Струмица на креативен начин ги едуцира децата од нејзиното одделение како да држат дистанца и да ги почитуваат пропишаните протоколи. Целата училница на второ 1 во училиштето Никола Вапцаров претставува возен парк, а на секое столче на кое седат децата симболично има паркирано по едно возило. Додека трае наставата, секое дете седи во своето возило и го држи потребното растојание. Во реализацијата на оваа идеја одделенскиот наставник Билјана Гунова помош добила и неколку родители кои заедно со неа работеле цел викенд на подготовката на возилата.