Connect with us

Истражување

Бил Гејтс: Ќе се вратиме во нормала КОГА ЌЕ СЕ ИСПОЛНАТ ОВИЕ ДВА УСЛОВИ

Published

on

Животот ќе се нормализира по пандемијата само кога ќе бидат исполнети два услови, порача милијардерот Бил Гејтс.

Според него тоа ќе се случи кога ќе се појави втората генерација на вакцини и кога вирусот ќе исчезне на целата планета.

– Единствениот начин да се врати во нормала е да се појави не првата генерација на вакцини, туку втората, која може да биде супер-ефективна и да ја примат голем број луѓе. На тој начин, ќе ја елиминираме болеста на глобално ниво, рече Гејтс.

Тој додаде дека само така ќе можеме да ги решиме сите проблеми што се појавија, во образованието, менталното здравје и да продолжиме да ги градиме на позитивен начин.

Според новиот стандард на Гејтс, кој ги смени размерите на очекувања кога станува збор за пандемија од она што го рече пред само еден месец, Американците можеби ќе треба да живеат со години, и многумина цел живот, со физичко растојание и други епидемиолошки мерки воведени во борба против коронавирусот.

Само пред еден месец, Гејтс објави дека САД може да се вратат во нормала летото 2021 година, благодарение на вакцините.

Тој тогаш исто така објави дека неколку вакцини од првата генерација може да бидат одобрени за употреба на почетокот на следната година.

Гејтс повторно го критикуваше американскиот пристап кон борбата против пандемијата, нарекувајќи го „еден од најлошите во светот“, освен агресивните инвестиции во развојот на вакцината.

Тој изјави дека резултатите од тестовите често не стигнуваат во рок од 24 часа, што ги прави целосно бесмислени. Тој исто така рече дека американскиот систем за тестирање е еден од најлошите во светот во однос на тоа кого треба да бидеме тестирани.

– Ќе има уште многу мртви ако не дејствуваме заедно, рече Гејтс.

Критиките на Гејтс доаѓаат во време кога американскиот претседател Доналд Трамп го нарече американскиот одговор на пандемијата „феноменален“ и рече дека тие спасиле животи на потенцијални милиони жртви. Трамп, кој беше позитивен на вирусот корона на 1 октомври, а потоа рече дека е излечен со експериментален третман со моноклонални антитела.

Основачот на „Мајкрософт“ се согласи дека не е во ред да се зборува за лекувањето, бидејќи терапијата што ја добил Трамп  според него не е ефикасна за секој пациент, но додава дека засега ветува најмногу.

Истражување

Големиот Војвода Петар Чаулев – убиен за идеалите на македонската слобода

Published

on

На денешен ден, 23 декември 1924 година, во Милано заврши животот на еден од најистакнатите македонски револуционери, Петар Чаулев. Роден во Охрид на 18 декември 1880 година, Чаулев беше учесник во Илинденското востание и познат како голем војвода, кој неуморно се бореше за слободата и правата на својот народ.

Трагедијата се случила додека Чаулев го пиел својот вермут во миланското бистро „Верцијере“. Со пет куршуми, револуционерот беше убиен, но причините за атентатот остануваат дел од темните страници на македонската историја.

Димитар Влахов, еден од неговите соборци, за весникот „Балкан“ напиша:

“Чаулев беше убиен затоа што сакаше чесно да му служи на својот народ. Чаулев беше убиен затоа што сакаше Македонската Револуционерна Организација да ги продолжи своите стари традиции.”

Со својата посветеност и љубов кон Македонија, Петар Чаулев остави неизбришлива трага во историјата. Нека му е вечна слава!

Continue Reading

Истражување

НИЗ ПЕТЛЕЦ ИДАТ ТРИМА ВОЈВОДИ Даме Груев загина за слободна Македонија

Published

on

Војводата Груев го поминал целиот живот организирајќи го националноослободителното движење, па некои велат дека живееше за да загине за Македонија.

Војводата и учителот од Смилево опеан во народната песна „Низ Петлец идат трима војводи“ починал на денешен ден во борба на врвот Петлец кај беровско Русиново. Се вели дека Даме Груев живеел за умре за Македонија. Возвишуван е како апостол и волја на револуционерна Македонија.

Груев е еден од основачите на ВМРО во Солун во 1893 година, меѓу најистакнатите организатори и раководители.

Роден е на 19 јануари 1871 година. Потекнува од ѕидарско-печалбарско семејство. Се школувал во родното Смилево, Демирхисарско, а потоа во Солунската машка гимназија. Од 1891 до 1893 година бил учител во селото Смилево и во Прилеп.

Од летото 1894 година почнал да ги формира првите револуционерни комитети на македонската револуционерна организација во повеќе градови и села во Македонија. Бил учител во Штип и инспектор во Солунско, а потоа и гимназиски наставник во Битола и раководител на Битолскиот револуционерен округ.

Во август 1900 година бил уапсен и затворен во битолскиот затвор, а од мај 1902 година бил заточен во Подрум Кале, во Мала Азија. Бил претседател на Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМОРО од 2 до 7 мај 1903 година, на кој бил избран за член на Главниот штаб на востаниците на претстојното Илинденско востание, во кое активно учествувал.

На 2 август било кренато Илинденското востание. Груев го доживеал мигот на историскиот чин, но и ужасите на страдањата на својот народ решен по секоја цена да се бори и да се избори за слобода и за своја држава. По неколкумесечните исцрпувачки борби со огромната, модерно вооружена непријателска армија, Главниот востанички штаб донел одлука за запирање на Востанието со цел народот да се поштеди и да се зачуваат силите и кадрите на движењето.

По Востанието Даме останал во Битолско со народот за да работи на консолидирање на Организацијата. Учествувал на подвижниот Прилепски конгрес (мај 1904), каде се залагал за централизирана Организација како тајна држава во османлиската држава, како подземна Република.

По неуспехот на востанието ја продолжил својата револуционерна дејност. Во 1904 година претседавал на Прилепскиот подвижен конгрес, а извесно време бил и претседател на Окружниот комитет на Скопскиот револуционерен округ и на Рилскиот конгрес, во октомври 1905 година.

Груев одлучил да се врати на теренот во Македонија. Загинал во борбата на врвот Петлец кај Русиново. Населението од Русиново го погребало во дворот на црквата. Потоа неговото тело било пренесно во Смилево.

Во негова чест секоја година на местото на погибијата на Петлец се собираат македонски патриоти да му оддадат почест.

Continue Reading

Истражување

Светозаревиќ: Бугарија уште пред речиси еден век го наметнувала македонскиот јазик како дијалект

Published

on

„Есеи за македонската дијалектологија“ станале „Полог и неговото бугарско население“ – книгата направена пред 95 години која е еден од најголемите докази на бугарските академци за оспорување на македонскиот јазик, денеска е оспорен .

„Есеи за македонската дијалектологија“ станале „Полог и неговото бугарско население“ – книгата направена пред 95 години која е еден од најголемите докази на бугарските академци за оспорување на македонскиот јазик, денеска е оспорен во изданието на историчарите Бранислав Светозаревиќ и Драган Јаќоски. Тој во неа ги открива како се креирала пропагандата на бугарската политика да се оспори јазикот преку автентичните писма кои пред еден век ги разменувале претседателот на бугарската академија и ректор на софискиот универзитет Љубомир Милетиќ и еден од најголемите слависти на 20тиот век Афанасиј Селишчев.

Експлицитно се гледа како се договараат бугарскиот академик и рускиот професор. Неговата книга која претходно била под наслов „Есеи за македонската дијалектологија“ том два, да се преименува во полог и неговото бугарско население. Не само што е сменет самиот наслов туку е направена целосна промена на термините внатре во книгата и македонските дијалекти стануваат бугарски дијалекти, македонското население станува бугарско население, и сето она што е во книгата која служи за жал како нарачка која за жал од наша гледна точка е голем скандал во научните кругови.

Тогашната тенденциозност со етничката карта на Бугарија, оспорувањето на Македонците, запишувајќи дека се Бугари се случува и денеска, бидејќи во интерес на политиката се злоупотребува науката и покрај бројните повици апели од страна на историчарите и филолозите. Но, сега, писмата ваквите тврдења ги побиваат, заклучува тој.

Се надевам дека и оваа книга ќе даде еден придонес кон тоа, прашањето ви е одлично, со оглед на тоа дека бугарската академија во 2020 година замислете издаде броушура за да ја поддржи бугарската политика кон Македонија. Брошурата гласи за Македонија, во таа книга наведуваат некакви докази дека македонскиот јазик е всушност дијалект на бугарскиот и еден од најголемите докази, ја прикажуваат оваа книга од пред 95 години, дека еве, еден голем светски гигант во славистиката кажал дека во Полог, во северо-западот на Македонија се зборува на бугарски јазик, а всушност се работи за една груба мистификација.

Светозаревиќ вели недоследностите во книгата ги открил пред речиси две децении, но недостасувале доказите. До овие писма во минатото било тешко да се дојде, но Светозаревиќ вели, благодарејќи на дигитализацијата на светските архиви успеале да ги лоцираат приближно писмата со коавторот Драган Јаќоски и конечно да дојдат до нив во една од руските архиви.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк