Словенија и Хрватска по 700 заболени дневно, Франција воведува полициски час Германија веќе го воведе


Хрватска и Словенија бележат нови рекорди откако во изминатите 24 часа потврдиле над 700 нови случаи на коронавирус.

Словенија се подготвува да воведе нови построги мерки откако регистрираше 707 нови случаи на зараза. Портпаролот на владата Јелко Кацин изјави дека оваа бројка произлегува од направените 4.902 тестирања.

„Ова се навистина големи бројки. Стапката на заразата во изминатите 14 дена е 202,75 случаи на 100.000 жители. Со ова се исполнуваат услови за воведување мерки од претпоследната, портокалова фаза“, изјави Кацин.

Шефот на Клиниката за инфективни болести на Универзитетскиот медицински центар во Љубљана, Матјаж Јереб, процени дека секој 150. Словенец е заразен со коронавирус.

Во Хрватска денеска има 748 новозаразени, што исто така е нов дневен рекорд.

Во соопштението се наведува дека епидемијата е здравствена катастрофа што го загрозува здравјето на населението и оправдува воведување построги мерки.

Во соопштението не е прецизирано каква постапка ќе се преземе, но усвојувањето на вонредната состојба им овозможува на властите да воведат построги мерки, пренесува Спутник.

Претседателот Емануел Макрон се очекува да ги соопшти деталите за планираните мерки.

Француските медиуми наведуваат дека полицискиот час меѓу 21 и 6 часот е меѓу мерките што ќе ги објави Макрон.

Поради загрижувачкото зголемување на инфекциите со кopoнавиpycoт во последните неколку денови од денеска во Берлин е забрането работењето на баровите и рестораните од 23 до 6 часот наутро.

И локалните власти на Франкфурт презедоа слична мерка, што стапи во сила уште вчеравечер: меѓу 22 и 06:00 часот се затвораат баровите и рестораните и се забранува продажба на алкoxoл.

Во Берлин, воведениот полициски час се однесува на сите локали, освен аптеките и бензинските пумпи, а ќе важи најмалку до 31 октомври.