Connect with us

Религија

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска е Св. свештеномаченик Еротеј

Published

on

Светиот свештеномаченик Еротеј

Другар на Св. Дионисиј Ареопагит. Верата ја прими од Св. апостол Павле малку после Дионисиј. Подоцна овој апостол го постави за епископ Атински. Во времето на успението на Пресвета Богородица и Еротеј се јави во Ерусалим и учествуваше во погребот. Со своето Божествено пеење мнозина ги приведе кон срдечно умиление и се покажа себеси како маж вдахновен одозгора. Многу се потруди во делото на Евангелието, многубројни незнабожци ги обрати кон вистината, добро го управуваше своето словесно стадо, и најпосле заврши маченички за Христа, Кој[to му даде двоен венец во Царството Небесно: венец на јерарх и венец на маченик.

Тропар
О Еротее свет епископе, Господ подари умиление на срцето твое, Пресветата придружник на Нејзината свита те постави, моли се за нас, пастиру на овците словесни, пред твоите страдања да се поклониме, и да не заборавиме дека во Бога едно треба да бидеме, за да по твоите молитви добиеме спасение.

Свети Стефан Штиљановиќ

Деспот српски. Управувал со српскиот народ во многу тешки прилики, борејќи се храбро против Турците и Латините. Божји праведник и родољуб, овој прекрасен кнез може да се спореди со Св. Александар Невски или со Светиот крал Јован Владимир. Се упокои во почетокот на 14 век (според некои во 1515 г.). На неговиот гроб ноќе се појавуваше светлина, според која и се пронајдени неговите Свети мошти, кои долго време почиваа во Фрушкогорскиот манастир Шишатовац, па за време на Втората светска војна беа пренесени во Белград и положени во Соборната црква покрај телото на Св. кнез Лазар. Неговата жена Елена, откако ги виде нетлените мошти Стефанови и чудата што извираа од нив, се замонаши и се предаде на подвиг до смртта.

Преподобен Амон

Родум Мисирец, а по знимање лозар. Неговите роднини го оженија против неговата волја, но тој не сакаше да живее со жена му како со жена, туку од првиот ден ја нарече сестра и ја посоветува заедно да си ја сочуваат девственоста заради вишните богатства на небесата. Потоа, по договор, жената основа женски манастир во нивниот дом, а Амон отиде во Нитриската пустина, каде што се предаде на пустински подвиг. Заради чистотата на срцето од Бога прими големи дарови на чудотворност и проѕорливост. Едни маж и жена му го доведоа нивниот побеснет син за да го излечи со молитва. Но Амон никако не сакаше. По долго навалување на родителите Амон рече: „Во вашите раце е болеста и здравјето на вашето дете. Вратете ѝ го на онаа вдовица (и ѝ го кажа името) волот што ѝ го украдовте и ќе ви оздравее синот. Ужаснати од оваа проѕорливост на светителот родителите веднаш го исповедаа својот грев и ветија дека штом ќе си отидат веднаш ќе го вратат украдениот вол. Тогаш Св. Амон Му се помоли на Бога и детето оздраве. Амон му беше близок другар на Св. Антониј Велики. Кога тој се упокои во Нитрија околу 350 година, Св. Антониј од својата келија ја виде Амоновата душа во висините и им рече на браќата: „Денес се престави авва Амон, еве, ја гледам неговата света душа како ја носат ангелите на небото“.

Преподобен Павле Препрости

До својата шеесетта година живееше во светот како оженет човек. Кога ја затекна својата жена во грев, остави с ѐ и отиде во пустината кај Св. Антониј, па се замонаши кај него. Иако беше прост и некнижевен, достигна такво духовно совршенство што ја гледаше душата на секој човек како што обичните луѓе ги гледаат човечките тела. Беше и голем чудотворец, па во некои случаи и го надмина Св. Антониј. Се упокои во длабока старост, во 340 година и влезе во радоста на ангелите.

Религија

Папата Франциск: Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви

Published

on

Папата Франциск денеска изјави дека Католичката црква е подготвена да прифати заеднички датум за Велигден со сите христијански цркви, со цел сите цркви, вклучително и православните, протестантските и други, да го слават Велигден во ист ден, а со тоа да се зајакне единството меѓу верниците.

„Еден датум за Велигден. Католичката црква е подготвена да го прифати датумот за Велигден заради единство.

Ова е година на благодатта, можност за сите христијани кои веруваат во ист Бог, повторно да ги откријат заедничките корени на верата. Единството кое сите сакаме да се случи“, порача папата.

Оваа година Велигден ќе се слави на ист ден и во Грегоријанскиот и во Јулијанскиот календар, во годината кога се одбележува годишнината од Никејскиот собор.

„Го обновувам мојот повик оваа случајност да биде потсетник за сите христијани да направат одлучувачки чекор кон единството, околу заеднички датум за Велигден“, рече папата Франциск.

Continue Reading

Религија

Строг пост само на вода – Се празнува Водокрст

Published

on

Ден пред големиот христијански празник Богојавление- Водици, на празникот наречен Водокрст секоја година се извршува голем Богојавленски водосвет.

Празникот е познат под имињата Водокрштение и Водокрст или Водопост, како ден на строг пост, во кој се пости само на вода.

Во Светата Црква се воспева силата и моќта на Крстот. Се врши крштевање на водата и таа со силата на Светиот Дух добива лековита моќ. Празникот е востановен во спомен на некогашните обичаи кои се изведувале на тој ден, кога биле крштевани луѓето кои го примиле христијанството.

Денот на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан е денот кога Божјиот Син навршил триесет години од телесното раѓање и тргнал да го извршува Својот учителски и спасителен подвиг.

Како што дознаваме од Новиот завет, во мигот кога Свети Јован Крстител го крштевал Исуса Христос во реката, во еден миг се појавило Светото Тројство: гласот на Отецот му се јавил на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид – во вид на гулаб на небото, а Синот бил достапен за сетилото за допир.

Kако што е запишано во Евангелијата, за тоа посведочил и Свети Јован Крстител кој рекол: „Еве го јагнето Божјо кое на Себе ги зеде гревовите на светот”. Откако ги кажал тие зборови, го потопил и го крстил Божјиот Син во Јордан.

Continue Reading

Религија

Многу важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година

Published

on

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

На тој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк