Connect with us

Uncategorized

Гepманецот што пробал првпат ајвар, а потоа нарачал пет кила за во Гepманија

Тасевски раскажа за гepманецот што пробал ајвар, дури и нарачал пет кила за во Гepманија:

Се запознавам со една странска будала, познат нутриционист, дојден овде приватно, само да го види изворот на реката Аксиос, зашто читал за неа во библијата. Бил во Вруток, го видел, мрднат од радост. Еееееј, на изворот на библиска река бил. Коњ. Ама остајте тоа… Не е толку важно.Седиме во кафана, нарачувам и ајвар да донесат, со ручеков, ја нешто скара нарачав, он пасе некои треви со балсамико, преливи… Ме гледа како ја гнетам фурнаринката со ајвар, ме прашува: Вас ист дас?Викам, мацедонише специјалитет, зер шоооон. Го пробува и пазете коментаров на нутриционистов: Ова не мислам дека е нешто вредно да се внесе во организмот, ама е добро у пичку матер! На германски го кажа ова, ама таа беше смислата.

И почнува да бута од ајварот. Не ги пипна тоа тревите во тањир.Не можам да престанам да јадам, вели. Еееее, па му викам, не е целата светска убавина во Мерцедес и Ауди. Башка тие не се јадат. Следниот ден у девет ми се јавува: Ај таму на ајвар! Викам кај нас на рибја чорба се оди сабјале. Јади што сакаш, јас ајвар. Доаѓа келнерот, љубезен, го знае странецот, пошо секој ден таму јадел. Љубезен келнерот, прави пируета, му подава мени на Хелмут, странецов така се вика, , овој не го ни зема, вика: Ајвар, љуто!!! Пет такви чинивчиња со ајвар мавна. Солзи му течат од тоа љутото, ко булка во фацата напраен, ама бута.И сега финалето. Доаѓа келнерот со сметката и Хелмут сака да купи од истиот ајвар за во Германија. Келнеров вика скапичко ќе ти дојде од ресторанскиов, ама жена ми и мајка ми баш денес прават ајвар, подобар од овој трипати. Љут, уши паѓаат. Ако сакаш од него, домашен.Хелмут директ нарачува пет кила. Келнеров му вели 50 евра. Овој одма му дава и си пружија рака.Бомбона бизнис. Само тешко на оној што ги лупи пиперките

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг