Connect with us

Религија

Го празнуваме СВЕТИ ТОМА, светецот кој го ширел христијанството!

Published

on

Светиот апостол Тома

Еден од Дванаесетте големи апостоли. Со неговиот сомнеж во воскресението на Господ Исус Христос беше придобиена нова потврда за тој чудесен и спасоносен настан. Имено, воскреснатиот Господ повторно им се јави на учениците за да го увери Тома. И му рече Господ на Тома: „..дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“ И Тома возвикна: „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20). По слегувањето на Светиот Дух, кога апостолите ги мешаа жрепките каде кој ќе оди на проповед, на Тома му падна жрепка да оди во Индија. Тој малку се нажали што мора да оди во толку далечен крај, но Господ му се јави и го охрабри. Во Индија Св. Тома многумина, големци и сиромашни, ги обрати во верата Христова и ја заснова таму Црквата и постави свештеници и епископи. Меѓу останатите Тома ги обрати кон Христа и две жени на двајца индиски кнезови, Тертијана и Мигдонија, коишто беа сестри. Овие сестри беа од своите мажи намачени заради верата, затоа што не сакаа да живеат со нив откако примија Крштение, а потоа мажите ги отпуштија. Откако се ослободија од бракот тие поживеаја богоугодно до смртта. Дионисиј и Пелагија, претходно беа вереници, но кога ја слушнаа апостолската проповед не влегоа во соживот, но се посветија на подвиг. Пелагија заврши како маченичка за верата, а Дионисиј беше поставен од апостолот за епископ. Кнезот Муздиј, маж на Тертијана, кому што Тома му ги крсти жената и синот, го осуди апостолот на смрт и испрати петмина војници коишто го прободија со пет копја. Така си ја предаде душата во рацете на Христос Светиот апостол Тома. Пред својата смрт и тој, како и другите апостоли, беше чудесно пренесен на погребот на Пресвета Богородица. Но бидејќи пристигна доцна, горко зажали, па на негова молба го отворија гробот на Пресветата, но внатре не го најдоа Нејзиното тело. На таинствен начин Господ Ја беше зел Својата Мајка во Неговите небесни живеалишта. И така Свети Тома, којшто со своето неверување ја утврди верата во Христовото воскресение, во овој случај задоцнувајќи ни го откри чудесното прославување на Богородица.

Тропар
Апостоле свети Томо, милостивиот Бог моли Го, да им даде прошка на гревовите на душите наши.

Кондак
Вистинскиот Христов апостол и служител, исполнет со благодат на премудроста, во покајание Ти повикуваше: Ти си мојот Бог и Господ.

Преподобниот новомаченик Макариј

Роден е во местото Кион во Витинија од хриситјански родители, Петар и Антуса, а крстен е со името Мануил. Родителите го дадоа да учи кројачки занает. Потоа татко му се потурчи и се пресели во Бруса. Кога еднаш Мануил појде во Бруса по работа, наиде на татко му, којшто навали на сила да го потурчува. Мануил попусто се противеше: Турците насила го обрезаа. Тогаш тој побегна на Света Гора и се замонаши во скитот на Света Ана и се нарече Макариј. Дванаесет години беше извонреден монах, но никако немаше душевен мир. „Ако некој се одрече од Мене пред луѓето и Јас ќе се одречам од него пред Мојот Отец“ (Матеј 10, 33) – тие Христови зборови непрестајно му зуеја во ушите на Макариј. Затоа реши и со благослов на својот Старец отиде во Бруса и јавно пред Турците ја исповеда својата вера во Христа, нарекувајќи го Мухамед лажен пророк. Го биеја сто и триесет дена подложен на тешки маки и на крајот го убија со меч во Бруса на 6 октомври, 1590 година. Еден дел од неговите чудотворни мошти се чува во скитот на Света Ана на Атон

Религија

Многу важен обичај за Василица: Никако не го правете ова, ќе ве тера баксуз цела година

Published

on

Голем број македонски семејства Василица ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден.

На Василица верниците кои се водат по овој календар кршат и пита со паричка и исто така се верува дека на оној кој ќе му се падне паричка ќе биде среќен во текот на целата година.

Старата година се испраќа и со палење василичарски огнови, кои се симбол на божествената светлина што, според народното верување, ги прогонуваат лошите сили. Сепак како и на секој празник не заборавајте да појдете во црква, да запалите свеќа и да му се помолите на Бог за вас и вашите најблиски.

Инаку, Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина.

Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Некогаш девојките овој ден го користеле за гатање за да дознаат за кого ќе се омажат. Некогаш домаќинките земале снег и фрлале малку кон децата дома за да бидат здрави.

Се гледа и времето, ако падне снег или биде облачно, годината ќе биде плодна.

Сувото време носи суша.

Обичај кој се задржал и денес е да се помолиме за здравје и среќа.

На тој ден никако не се карајте зошто цела година ќе ве следи баксуз и кавги.

Continue Reading

Религија

Почнуваат некрстени денови – Ова се верувањата поврзани со нив

Published

on

Од 10 јануари до Богојавление, односно 19 јануари, траат „Некрстени денови“, ова е периодот од годината кога Исус Христос сè уште не бил крстен и затоа и денес во ова време земјата е отворена за мртвите кои доаѓаат. надвор, а заедно со нив и ѓаволи и разни други демони.

Станува збор за верување кое е силно и длабоко вткаено во свеста на нашиот народ уште од античко време. Несветите сили владеат од моментот кога ќе се стемни додека не запеат првите петли. Затоа, велат луѓето, не треба да излегувате од дома преку ноќ.

Секој што ќе се осмели да патува по зајдисонце, вели традицијата, нема да помине добро, а ако мора да излезе треба да носи лук, крст или некој остар метален предмет.

Слично, во некои делови дури и денес, внимателно се забележува дека жените не предат, ткаат или перат во Некрстени денови. Ништо бело не е оставено надвор, а особено се внимава да не се остава детска облека надвор, бидејќи злите сили можат да им наштетат на децата преку бајки и магии.

Во некои села, особено во влашките региони, дури и светлината од куќите се крие со ставање завеси на прозорците или спуштање на ролетните. Не пијте вода ноќе, бидејќи традицијата вели дека демоните лазат во контејнери за домаќинството и таму демнат за невнимателните.

Луѓето велат дека деновите на некрстените не се добро време за породување. Се верува дека детето родено помеѓу Божиќ и Водици ќе биде болно и несреќно. За малечките да се „одбранат од магии“, старите луѓе дошле до ова – децата родени во денови на некрстени мора секоја година во тој период да носат со себе посебна кошула, плетена на огништето.

Со цел да се „отфрли мизеријата и да се намали страдањето“ во овој мрачен период, народот излезе со „противмерка“ за Денови на некрстени – маскирани поворки кои претставуваат духови, чудовишта и мртви предци порано поминувале низ селата и градовите. Овие коледари се движеа од куќа до куќа и бараа прилози: сланина, јајца, месо, брашно, млеко, ракија и вино…

Некрстените денови се секогаш дебели, а не се пости ниту во среда и петок. Само Божиќ е ден за пост, а тој паѓа непосредно пред Богојавление.

Се верува дека татнежот, музиката и смеата ќе ги избркаат злите сили. А со храна, пијалок и „чашка муабет“ секој страв и болка полесно се поднесува и грижите си заминуваат.

Continue Reading

Религија

Давкова – Сиљановска, Гаши и Мицкоски на празничен ручек кај г.г. Стефан

Published

on

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши денеска беа на празничен ручек кај Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан по повод неговиот именден.

Покрај искрените честитки, Сиљановска Давкова му посака добро здравје и изрази желба за понатамошно успешно извршување на важната мисија на духовен чувар и водач на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

За време на прославата беше потенцирана важноста на духовната сплотеност и заедништво во градењето, застапувањето и одбраната на националните интереси.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк