Connect with us

Uncategorized

Ова детенце продава смоки само за да и помогне на мама дома

Едно најпрекрасно дете со сини очиња, другар на нашите деца кои секојдневно ги шетаме во Градски парк Скопје, продава смоки, тефтерчиња, чоколатца…
Ве молам не го одминувајте, најсмејте му се и купете нешто за 15-20 ден, тоа е единствен негов начин за да се прехрани.
Со мајка му живеат сами во многу многу лоши услови, Ве молам да му помогнеме ??
Верувајте ми дека ќе го засакате од прва, нема да ви се верува колку воспитано дете е со најчиста душа што за жал е реткост во овој лажен свет.
(Ликот намерно го сокрив бидејќи сепак е малолетен, но секогаш е таму, во првиот дел кај кафињата)
Ве молам споделете и не го одминувајте, купете смоки за 15ден. 

Advertisement

Uncategorized

Нападната девојка во Тетово – Полицијата со брза реакција

На 24.12.2025 во 22:05 часот на ул.,,Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.А.(44) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал 39-годишната Б.С. од Скопје дека додека се движеле со патничко возило на автопатот Скопје-Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.  

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во куќа во Тетовско – Пожарникарите со брза реакција

На 23.12.2025 во 07:00 часот во СВР Тетово е пријавено дека настанал пожар во куќа, сопственост на Н.Ф.(61) од с.Жеровјане. Пожарот е изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа од Полициско одделение Жеровјане.

Continue Reading

Uncategorized

Турција спречи голем терористички напад пред новогодишните празници

Турските власти уапсија еден од лидерите на ИСИС – Хорасан, Мехмет Горен, познат под името Јахја, со што беа спречени плановите за терористички напади за време на новогодишните прослави.

Според официјалните информации, Горен е главен организатор на самоубиствени напади насочени против цивили во Турција, Европа, Пакистан и Авганистан. Тој бил уапсен во граничната област меѓу Авганистан и Пакистан и префрлен во Турција по сложена операција. Турските разузнавачки служби откриле дека Горен се согласил да изврши самоубиствени напади и се искачил на лидерска позиција по обуката во терористички кампови.

Истовремено, во Анкара е разбиена и мрежа за финансирање на Исламската држава. Обвинителството издаде налози за апсење на 10 лица кои префрлале пари на борци во Сирија преку банкарски дознаки маскирани како „помош за заробени сестри“.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг