„Kога споделував слики од кластер куќа, инфективна, погреби бев хероj за сега да станам себична к…“

Револтирачки статус на Arbnora Memeti која е 100% во право :

Ако ги браниш твоите авторски права си само една себична к… Ова денеска ми го пиша господинот на Твитер, откако ретвитнав пост на Венко Филипче, со реакција бидејќи веќе неколку пати ги споделуваат моите слики без воопшто да цитираат извор и автор. Кога пред вас во секое време споделував слики од кластер куќа, инфективна, погреби, и од све што се случуваше, бев херо за сега да станам себична к…

Фоторепортерстовот е професија, не е хоби, ова мора да го научите и прифатите како такво. Таа опрема, тоа време, тоа креативност, тој наш труд, тој замрзнат момент е тоа наше авторско дело.Ако има нешто што може еден фотограф да го направи среќен, откако неговото дело ќе стигне кај вас тоа е почитувањето на авторското право. Мојата задача како медиумски работник, се обидувам максимално да ја исполнам. Да бидам секогаш секаде.Не биди како Сашо почитувај ги авторските права, почитувај ги медиумските работници.