Децата живеат во планинско село на 1.100 метри надморска височина и на 13 километри оддалеченост од Македонска Каменица. Учат во гимназијата „Миле Јаневски Џингар“, која се наоѓа во градот. Иако посакуваа да одат на часови во вистинска училница, со новата класна и новите другари, Ковид-19 им ги промени плановите. Секое утро, кога почнува наставата, тие тројца излегуваат надвор и бараат ритчиња или височинка за да можат да фатат сигнал и да ги следат предавањата на професорите
Во селото Цера има и други ученици кои немаат интернет и едноставно не следат онлајн-настава. Ова е село од разбиен тип, куќите се раздалечени една од друга, па децата не си одат по дома за да користат интернет од оние семејства што имаат.
Анаќиев вели дека од трите деца, најмногу учи ќерката Дајана. Тројцата одат и во Делчево кај роднини за оттаму да следат онлајн-настава и да си ги завршат училишните обврски, зашто таму интернетот е подобар.
– Сите се солидни ученици, но Дајана најмногу учи. До четврто одделение одеа на училиште во селово, а до деветто одеа во Каменица, им беше организиран превоз од селото до градот. Сега имаат книги, им дадоа од гимназијата. Се снаоѓаат, сепак тројца се. Ако се поправи мрежата, сè ќе биде подобро. Вака, тешко е да се образоваат од дома – вели таткото на децата.
Прочитајте го целосниот текст објавен во Факултети.мк од каде е пренесена оваа статија
– Интернетот што го имаме овде е преслаб. Нема 4Г, едвај 3Г има. Децата секое утро одат на повисоко место, па кога ќе успеат да фатат сигнал, ги следат часовите. Често се случува да им се исклучи мрежата среде час, не по нивна вина. Моите деца многу сакаат да одат на училиште, но еве, не можат. Сега уште не е толку студено, но загрижен сум што ќе прават во зима, кога ќе наврне снег, зарем и тогаш ќе бараат височинки на минусни температури за да следат настава? Ризично е тоа да го прават во зима, сè е лизгаво и стрмно, не сакам да се качуваат некаде и да си го ризикуваат животот. Кога овде има снег, не можеме никаде да се јавиме, а интернетот е апстрактна именка. Ветија дека ќе им дадат таблети на децата за да можат да ја следат наставата, но засега ги немаат добиено. Сепак, интернет-врската е главниот проблем – загрижено вели родителот.