Connect with us

Спорт

Хабиб ја освои титулата и заработи милионска сума

Хабиб Нурмагомедов го задржа максималниот ефект во ММА борбите (29 победи во исто толку борби) победувајќи Џастин Гејчи во дуелот на шампионите. Русинот потегот за победа го направи во втората рунда, кога со нозете направи зафат на вратот од Гејчи, кој немаше друг избор освен да се предаде.

Нурмагомедов победата и титулата му ги посвети на неговиот татко, кој ја загуби битката со коронавирусот и почина пред неколку месеци. Тој најави дека за него борбата со Гејчи беше последна во ММА борбите.

-Разговарав со мајка ми и ѝ дадов збор дека борбата со Гејчи ќе ми биде последна, без разлика на исходот. Не можам да се замислам без татко ми и затоа се повлекувам. Се надевам дека уживавте со мене во ММА. – изјави Нурмагомедов.

Освен правата, УФЦ заработи и од продавање на мечот на приватни лица, преку „Пеј пер вју“ системот кој беше вистински погодок. Според информациите, Хабиб од својата последна претстава во октагонот заработил 3,1 милион долари, додека Гејчи „само“ 630.000 долари. 

Advertisement

Спорт

Млад талент од Австралија со јасна цел – Самуел Вртковски сака да игра за Македонија

Преку океанот, во далечна Австралија, расте нов македонски фудбалски потенцијал – 16-годишниот Самуел Вртковски, член на Macarthur Bulls, клуб што настапува во најсилната австралиска U16 лига. Иако се развива во сосема поинакво фудбалско опкружување, неговиот најголем сон останува ист: еден ден да го облече дресот на Македонија.

Роден во 2009 година, Самуел во септември ја прослави својата 16-та година. Настапува како дефанзивен играч за врска, позиција што ја покрива со голема сигурност, зрелост и техничка прецизност.

Младиот Вртковски веќе важи за играч со исклучително чувство за игра – одличен преглед, прецизни додавања и силна тактичка поставеност за своите години.

Неговите бројки оваа сезона го потврдуваат тоа:

Точност на додавања: 91% Добиени дуели: 2.9 по натпревар Пресечени топки: 2.3 по натпревар Успешни дриблинзи: 2.7 по натпревар Асистенции: 11 во сезоната

Со висина од 175 сантиметри, Самуел е физички подготвен и доминира во дуелите, што дополнително го прави атрактивен за секоја фудбалска школа.

Голема желба и на Самуел и на неговото семејство е во иднина да заигра за Македонија. Фудбалската фаланга постојано бара млади таленти ширум светот, а Вртковски несомнено е еден од нив.

Македонската фудбалска федерација би можела да обрне внимание на неговиот развој – а ако со својот квалитет ја заслужи шансата, воопшто не е невозможно во иднина да го видиме во црвено-жолтиот дрес.

Во коментарите под објавата се наоѓа и видео со најдобрите моменти од Самуел Вртковски.

Continue Reading

Спорт

Професор д-р Лука Поповски назначен за советник на министерот за спорт

Министерството за спорт информира дека министерот за спорт, Борко Ристовски, го именува професор д-р Лука Поповски за советник во својот кабинет. Со долгогодишно искуство во образованието, спортските политики и развојот на младите, проф. д-р Поповски ќе придонесе во креирањето и спроведувањето на стратешките приоритети на Министерството.

Професор д-р Лука Поповски работи како вонреден професор на Катедрата по општествени науки ( Педагогија на ФЗО и спорт, Педагошки предизвици во образование и спортот, Олимпизам) на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во својата долгогодишна кариера во областа на спортот, проф. д-р Поповски има значајно професионално искуство стекнато во Општина Ѓорче Петров, каде што работеше како советник за спорт во Секторот за нормативни работи и Одделението за јавни дејности. Во рамки на својата функција, тој ја следеше и анализираше состојбата во областа на образованието и предлага мерки за подобрување; ги следеше законските прописи од областа на локалната самоуправа, образованието и спортот и се грижеше за нивна примена; ги следеше меѓународните искуства во областа на образованието, младите и спортот и предлага иницијативи за нивна имплементација; учествуваше во проектни тимови за реализација на проекти за образование, млади и спорт.

Дополнитело, проф.д-р Лука Поповски подготвуваше проекти од областа на спортот, предлог-одлуки, програми и други прописи, учествуваше во подготовка на програми за организирање спортски настани и иницираше нови идеи за развој и промоција на спортот. Во рамки на Одделението за работа на градоначалникот, активно учествуваше во оценка и давање мислење за спортски проекти од значење за локалната заедница.

Лука Поповски е дипломиран професор по физичко образование и дипломиран тренер по спорт на Факултетот за физичко образование и спорт на УКИМ. Во 2009 година се здобива со титулата магистер по кинезиологија на Катедрата за теоретски и методски истражувања на ФФОС со одбрана на магистерскиот труд на тема: „Валоризација на спортско-рекреативни активности на планината Водно како природен и туристички потенцијал “.

Во 2014 година напредува во доктор на науки по кинезиологија, со докторска дисертација на тема: „Влијанието на социо-демографски карактеристики врз формирањето на ставот и мотивите кон физичка активност кај учениците од 11 до 14 годишна возраст“, а во 2024 се здобива и со звање доктор на науки од полето образование педагогија со одбрана на докторскиот труд на тема: „Дидактичко-методски модели во физичкото и здравствено образование во првиот воспитно-образовен период“.

Тој е автор и на повеќе научно-истражувачки трудови од областите кинезиологија, спортско образование и педагогија.

Како советник, проф. д-р Поповски ќе биде директно вклучен во креирањето на политики, развој на програми и следење на реформските процеси во националниот спортски систем.

Со именувањето на проф. д-р Лука Поповски, Министерството за спорт добива засилување кое ќе придонесе за поефикасни политики, стратешко планирање и унапредување на спортот на национално ниво.

Continue Reading

Спорт

Милевски си заминува, ФФМ упатува благодарност и поддршка

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) изрази искрена благодарност до доскорешниот селектор Благоја Милевски и неговиот стручен штаб за досегашната работа, заложба и професионален пристап во водeњето на националниот тим.

Од федерацијата порачаа дека ја ценат посветеноста на Милевски и резултатите што репрезентацијата ги постигна под негово раководство, нагласувајќи дека соработката била на високо професионално ниво.

„Му посакуваме здравје и многу успех во понатамошната тренерска кариера“, стои во соопштението на ФФМ.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг