Захариева:Или сте Бугари со бугарски корени или вето!

Захариева повторно се заканува со вето.. Во интервју за Ројтерс бугарската министерка одново зборува за размена на реалноста за историјата.

Захариева повторно се заканува со вето ако Македонија не признае дека македонскиот идентитет и јазик имаат бугарски корени.

Во интервју за Ројтерс бугарската министерка за надворешни работи Захариева, наведува дека Софија го губи трпението поради како што вели одбивањето на земјава, да го имлементира Договорот за добрососедство…

„Не спориме со нивното право на самоопределување, ниту со правото да си го нарекуваат јазикот како сакаат. Подготвени сме уште еднаш да ги потврдиме актуелните реалности, но тие мора да ја прифатат историската вистина“, вели бугарската министерка.

Нашите грижи потекнуваат од бескрајните тврдења за македонско малцинство во Бугарија. Признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на тоа“, вели Захариева.