Алармантна состојба: Вртоглаво расте бројот на заразени и починати

Статистиката на здравствените власти покажува дека во државава моментно се активни 2450 случаи на заболени од Ковид-19, а хоспитаизирани се вкупно  368. Од почетокот на епидемијата досега се дијагностицирани 18.363 случаи, бројката на оздравени пациенти е 15 164, а починаа 749 лица.

Здравствените институции прават детална анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците за да се утврди точно начинот на трансмисија на вирусот Ковид-19 во повеќе градови во државава, откако вчера беше објавено дека во претходното деноноќие се регистрирани рекордни 225 новозаразени.

По вонредниот состанок на Комисијата за заразни болести министерот за здравство Венко Филипче информираше дека врз основа на деталната анализа на епидемиолошките податоци од прашалниците ќе се знае дали се потребни некакви мерки кои што би ги препорачале понатаму до Владата. Засега не се размислува за враќање на мерките за ограничено движење на граѓаните.

-Уште еднаш апелирам до сите граѓани да се почитуваат мерките. Очигледно дека сме пред почеток на една новонастаната есенска ситуација, којашто ја очекувавме. Ќе има дополнителни мерки доколку има зголемен број заразени. Но, точната анализа на епидемиолошките прашалници ќе ни укаже на тоа која од мерките треба да ја препорачаме и во кој временски период, изјави Филипче.

Меѓу мерките што се споменуваа во изминатиот период се намалување на времето на работа на угостителските објекти или ограничување на бројот на маси, а одлука за такви или други мерки ќе има викендов.

-Има уште неколку мерки коишто ги најавивме, но сакаме да се точно димензионирани и да ги препорачаме според оние податоци коишто ќе ги добиеме. Во текот на викендов ќе работиме, па ќе излеземе со соодветни препораки, рече министерот.

Според него, вчерашниот број на новодијагностицирани во целата држава загрижува поради тоа што просекот е повисок во однос на претходните денови.

-Во таа смисла, Комисијата за заразни болести овој викенд детално ќе ги проверува анкетните прашалници, за да се утврди начинот на трансмисија во секоја општина или град во државата, па врз основа на тоа во следните денови, на почетокот од идната недела да бидеме подготвени да препорачаме мерки, согласно начинот на пренесување на вирусот. Тие мерки мора да бидат соодветни, ги најавивме на почетокот на септември, бевме свесни дека ни доаѓа есенски перид во којшто може да има зголемен број на дијагностицирани, што сега практично се случува, истакна министерот Филипче кој синоќа беше во посета на Кочани, општина каде изминатите две недели беа регистрирани повеќе позитивни лица на вирусот нови мини кластери во некои институции, текстилни фабрики, но и меѓу здравствени работници и вработени во градинките.

Денеска е Св. вел. мач. Евстатиј Плакида бил голем римски војсководец

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 септември.

Денеска е Св. вел. мач. Евстатиј Плакида.

Тој е голем римски војсководец за време на владеењето на императорите Тит и Трајан.

Еднаш, гонејќи еден елен го слушна гласот Господов што го упатуваше да се крсти. Тој се врати од ловот и се крсти заедно со жената и двата сина. Кога дојде на истото место да ми се заблагодари на Бога што го доведе до вистината, пак му се јави гласот Господов и му прорече страдање за Христа. Тој тајно го напушти Рим и се насели во Египет. Кога варварите го нападнаа Рим за време на цар Трајан, овој испрати двајца офицери да го бараат големиот војсководец.

По Божја помисла, тие го најдоа во Египет и му го доведоа на императорот. Евстатиј собра војска и ги победи варварите. Во меѓувреме цар Трајан умре и го наследи Хадријан. Кога Хадријан дозна дека Евстатиј е христијанин го фрли заедно со семејството во вжештен метален вол. Третиот ден ги најдоа мртви, но неповредени од огнот. Овој славен војвода го даде „на царот царевото, а на Бога божјото“ и премина во вечното Христово царство.

ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР: Денеска е Св. Фрањо Борџија.

Роден е на 28 октомври 1510 година во Гендија, во Шпанија од родители кои му слугувале на кралскиот двор. Завршил школо и напредувал во службите кај кралот. По службената дејност морал да присуствува на отварањето на сандакот на убавата принцеза, 17 денови по нејзината смрт. Откако го видел нејзиното, порано многу убаво лице кое започнало да се распаѓа, Фрањо започнал да размислува за минливоста на овоземната убавина. Се повеќе размислувал за духовниот и задгробниот живот. Се поврзал со монасите Језуити, а по смртта на жена му, тој материјално ги обезбедил децата, го завршил школувањето во четириесеттата година, станал свештеник и успешен проповедник.

„Врие по 50 деца на игралишта, ама загрижени сме биле за градинките – страшни биле“

Прекрасен фб статус на Сашка Цветковска

Игралиштата се преполни со мајки и деца, за тие кластери еден текст немало. Маските се реткост на овие терени, да не се лажеме. Врие по 50 деца на игралишта. Ама загрижени сме дека во градинките ќе имало епидемиолошки бран, па не требало да се оди на работа уште есенва и нивното таканаречено породилно до шест години да било субвенционирано. Нема проблем, ама нека ги затворат и игралиштата и парковите, за да бидат безбедни, нели е тоа целта. А никој не бара повеќе градинки и подобри градинки, не се ни зборува за дефицитот на градинки. Министерката Јагода Шахпаска има обврска кон нас што работиме без викенд и без слободен ден откако почна КОВИД 19 да ни соопшти колку од мајките кои користат продолжено породилно работат во јавната администрација.п.с. А во Сити Мол не ви е страв со малите деца, нели? Во градинка е страшно.

225 заболени е мала бројка.. Вечерва локалите во Скопје преполни

Има ли полицијата и инстутициите намера да ги запштити граѓаните со примена на законите и правилата кои се однесуваат на ограничувањата со корона вирусот кој, деновиве, бележи од 150-200 ново заболени секој ден.



Целосната вест прочитајте ја :

https://vecer.mk/node/528523

Слободни околу 9000 работни места, за 250 евра не работи никој

Според податоците на Агенцијата за вработување на Република Македонија во моментов во државава има над 9000 слободни работни места.

Најголем дел од нив се во Скопје, каде се огласени 5132 слободни работни места, по што следуваат Штип со 485 и Куманово со 398 слободни работни места.

Најмалку огласени слободни работни места за вработување има во Ресен – четири, во Крушево и Кратово по две и во Валандово едно работно место.

Најголем дел од огласените работни места се во преработувачката индустрија 1849, и во трговијата 1638. Во секторот административни и помошни услужни дејности има 9562 работни места, а во транспорт и складирање 1046.

Најмалку работни места има во јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување каде се слободни 14 работни места, и снабдување со електрична енергија, гас и пареа со огласени четири слободни места.

Според податоците со кои располага Агенцијата, во моментов за овие огласени слободни работни места најбарани занимања се продавачи за кои има 669 и за општи работници 546 места. Се бараат и 349 келнери, 294 возачи на такси и 238 шивачи.

Слободни места има и за 199 програмери и за 99 инженери по информациски технологии, за 91 касиер, 90 готвачи, 84 возачи на автобуси, 84 административни службеници и за 79 техничари за помош на корисниците.

Според овие податоци, се бараат и 221 возач на камион, како и 213 возачи на товарни возила. 

Убави информации ама за 250 евра не работи никој затоа и во преработувачката индустрија има највеќе побарувачка и фалат работници, додека во последните гранки од ИТ индустријата е со помала побарувачка односно ги евалуираат работниците на малце поразличен начин односно ги плаќаат повеќе пластично објаснето.

Блокоран автопатот Тетово – Гостивар поради зголемената цена на струјата

Граѓанската иницијатива „Доста е“ од Тетово и овој петок со блокада на сообраќај изрази незадоволство од тоа што е зголемена цената на електричната енергија. Вечерва од 18 од 19 часот беше блокиран автопатот од Тетово кон Гостивар.

„Доста е“ организира протести повеќе од два месеца како израз на незадоволство од повисоката цена на електричната енергија.

Граѓаните бараат пониска цена на струјата за 46 отсто, укинување на Регулаторната комисија, да се намали ДДВ од 18 на 5 отсто и да се формира независен арбитрарен орган кој ќе верификува квалитет на услуги и ќе ги адресира поплаките на граѓаните од енергетските компании, велат од иницијативата.

Минатата недела со слична блокада беше стопиран сообраќајот на автопатот од Скопје кон Тетово.

Газдите треба да исплатат К-15 оваа година, еве колку ќе изнесува

Остануваат уште само три месеци рок до исплата на К-15 за вработените. Најниската сума која што треба да им се исплати на вработените од страна на компаниите се искачи на 10.700 денари. Овој раст се должи на зголемувањето на просечната нето плата во Македонија.

Оваа сума според Колективниот договор за стопанството од приватниот сектор на сметките на работниците кои во иста компанија работеле најмалку шест месеци во текот на оваа календарска година треба да легне најдоцна до 31 декември. Фирмите кои нема да го исплатат регресот ризикуваат да бидат казнети.

Инаку, денеска премиерот на државата Зоран Заев истакна дека и оние компании кои што покажуваат загуба предизвикана од здравствената криза доколку имаат можност да исплатат К-15.

Ние сме Влада за работниците и уште еднаш апелираме секоја компанија која што има можност, дури и оние коишто покажуваат загуба да исплатат регрес за годишен одмор односно познатото К-15 заради тоа што дефинитивно работниците се трајното добро и за компаниите, но и за државата.

Заврши состанокот – Филипче не ја исклучува можноста за затворање на градинки и училишта

Заклучивме дека денеска и утре треба да се направи увид за начинот на трансмисија на вирусот во секоја општина посебно, изјави министерот за здравство, Венко Филипче по состанокот со Комисијата за заштита од заразни болести. 

Филипче потенцира дека до викендот ќе знаа какви мерки и во која општина треба да воведат.

„Ако нешто откриеме, да може да одлучиме какви мерки и каде би се вовеле“, рече Филипче во живо на вестите на Сител, по завршувањето на средбата.

Дали ќе се намали работното време на угостителските објекти или да се намали бројот на маси ќе се знае по епидемиолошките прашалници.

Филипче не исклучува и затворање на градинки и училишта, но вели дека планот за рестрикција вклучува и затоворање градинки и училишта, но и да се вклучат и други ученици во настава од ноември со физичко присуство, ако тоа го дозволува епидемиолошката состојба.

Започнува исплатата на социјална и детска заштита, еве по кој распоред

Министерството за труд и социјална политика информира дека од денес 2 октомври 2020 година (петок) започнува исплатата на правата од социјална и детска заштита за месец септември 2020 година:

Гарантиран детски додаток
Посебен додаток за месец 10/2020
ЕПП за новороденче
Родителски додаток за трето дете
Родителски додаток за четврто дете
Образовен додаток – Студирање
Гарантирана минимална помош ГМП
Постојана парична помош – ретроактивна исплата
Туѓа нега
Еднократна парична помош
Мобилност и слепило
Цивилна инвалиднина
Социјано домување
Социјална сигурност- социјална пензија
Азиланти домување
Парична помош за згрижувач
Паричен надоместок за згрижувачко семејство

Со цел да се избегне метеж пред банките и да се овозможи поголема заштита на корисниците на парична помош во услови на опасност од вирусот Ковид-19, исплатата ќе се спроведе во три групи, во филијалите и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа:

– 5 октомври (понеделник) –А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ;
– 6 октомври (вторник) –И, Ј, К, Л, Љ, М, Н, Њ, О;
– 7 октомври (среда) –П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство, од денеска – 2 октомври.

Министерството за труд и социјална политика потсетува на обврската за носење маска и одржување физичко растојание од два метра.

Одличен потег: Поради вестите од Корона го искрши телевизирот со копач


Зад неговите постапки стои тешка приказна. Мирсад откри дека се нашол во тешка состојба со семејството поради пандемијата. Нема работа, сопругата е болна и имаат 10-годишен син. Го Телевизорот, вели, го скршил од очај.

„Го скршив телевизорот затоа што короната ми го отежна животот. Нема дијаспора, така што не можам да заработам добро за време на летото. Јас го сторив тоа од очај и лутина”, изјави тој за Дневни аваз.