Connect with us

Инфо +

Битката за Невада

Од како Бајден направи пресврт во Мичиген и Висконсин, на ред е Невада која ќе му донесе победа на едниот или другиот. Овие избори во Америка се претворија во некоја „сапуница“ драма во големи размери.

Трамн има шанси?
Трамп ги има шансите но мора да ги победи столбовите како Норт Каролина и Џорџиа заедно со Пенсилванија која веќе може да се прогласи победа на голем број обработени гласови веќе води драстично пред Бајден со околу 300 000 тесно е во Норт Каролина и Џорџиа каде што има помалку од 80 000 предност. По овие столбови може да се бори за Невада но притоа ќе треба и да ја освои Аљаска која е многу битна во неговиот вкупен збир од над 270.

Бајден ја има полесната задача

Бајден е во многу подобра ситуација доволна му е една земја каде што треба да издвои победа а тоа е најверојатно Норт Каролина или Џорџиа но ако не се овие ќе одлучи Невада за неговото претседателско место. Тесна е трката сеуште се очекуваат резултатите.

Од друга страна има премногу информации на социјалните мрежи дека на неколку места се “лажирани„ податоците големите подржувачи на Трамп реагираат, но Твитер и Фејсбук ги одстрануваат овие објави како „лажни“ или мешање во изборите што е кривично дело.

Невада е земја која во минато има поголемо влијание од Демократите така да историски гледано тука победата треба да ја очекува Бајден но ако се е според планот.

Advertisement

Европа

Пратеничкиот имунитетот на Илхан Ќучук е под знак прашалник: Поднесено барање за негово укинување

Бугарските власти официјално побарале одземање на пратеничкиот имунитет на европратеникот Илхан Ќучук, член на либералната група „Да ја обновиме Европа“, јави бриселскиот портал „Еурактив“, повикувајќи се на високопозиционирани извори во ЕП.

Барањето доаѓа врз основа на тужба покрената против него од еден од неговите локални асистенти. Иако Ќучук жестоко ги негира наводите, неговата политичка иднина виси на конец.

Овој случај со висок ризик се очекува да се најде на масата на Европарламентот уште оваа недела, на сесијата која почнува доцна попладнево во Стразбур. Прв на потег е Комитетот за правни прашања (ЈУРИ) на Европарламентот.

Иронијата е тоа што претседател на тој комитет е токму Илхан Ќучук.

За да се избегне каков било судир на интереси и да се осигура фер постапка, Ќучук најави дека ќе се изземе од целиот процес. Привременото претседавање со Комитетот ЈУРИ ќе му го препушти на еден од четворицата потпретседатели.

Случајот фрла светлина и врз политичките превирања во Бугарија.

Ќучук беше избран како кандидат на Движењето за права и слободи (ДПС), но подоцна го напушти поради несогласувања со лидерот Дељан Пеевски. Тој се приклучи на отцепената група која сега дејствува под името Алијанса за права и слободи (АПС).

Continue Reading

Балкан

Македонско друштво “Илинден“-Тирана со повик до Македонците во Албанија да се самоизјаснат за Македонци

Драги сограѓани Македонци во Република Албанија,

Македонско друштво “Илинден“-Тирана ви се обраќа со овој отворен и искрен повик, во момент од особено значење за афирмацијата на нашиот идентитет, достоинство и права како автохтона македонска заедница во Албанија.

Врз основа на Законот бр. 96/2017 „За заштита на националните малцинства во Република Албанија“ и Одлуката на Советот на министри „За утврдување на критериумите, документацијата и постапките за собирање на податоци за идентификација на лицата кои припаѓаат на националните малцинства“, секој граѓанин има неотуѓиво право слободно да се самоидентификува, без притисок и без страв, како припадник на официјално признаено национално малцинство.

Овој процес претставува значаен чекор кон:

  • зачувување и зајакнување на македонскиот национален, јазичен и културен идентитет;
  • унапредување на институционалната застапеност на македонската заедница;
  • креирање на поправедни државни политики, прилагодени на реалните потреби на националните малцинства;
  • гарантирање поддршка и одржлив развој на нашата заедница.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана упатува повик до сите Македонци во Република Албанија без двоумење да се самоизјаснат, со пополнување на соодветните формулари за самоидентификација и нивно доставување по пошта до Комисијата формирана при Министерството за внатрешни работи, согласно утврдените постапки.

Сакаме јасно да нагласиме дека:

  • процесот се темели на принципот на слободно самоидентификување;
  • личните податоци се заштитени во целосна согласност со законодавството за заштита на приватноста;
  • не постои никаков ризик ниту негативна последица за граѓаните кои ја изјавуваат својата национална припадност.

Самоизјаснувањето не е само законско право, туку и чин на граѓанска и национална одговорност, кој го зајакнува нашиот колективен глас и ја обезбедува иднината на идните генерации.

Заедно, со храброст, свест и доверба, да придонесеме во изградбата на пофер, поинклузивно и подемократско општество, во кое македонскиот идентитет во Република Албанија се почитува, признава и поддржува.

Continue Reading

Балкан

Трагедија на планина во БиХ: Спасувачи со часови се бореа да го извлечат телото на загинатиот планинар

Исклучително тешка и напорна акција за извлекување на телото на трагично починатиот планинар ја одбележа вчерашната вечер на планината Височица во Босна и Херцеговина.

Спасувачката операција, која започна уште во недела попладне, се претвори во вистинска драма. Непристапниот терен и исклучително тешките физички услови драстично ја отежнаа мисијата на храбрите тимови.

„Се надеваме дека хеликоптерот ќе може да пристапи, во спротивно евакуацијата ќе продолжи цела ноќ. Теренот е исклучително тежок“, објавија спасувачите на својот Фејсбук профил, најавувајќи ја исцрпувачката ноќ пред нив.

Надежта дека хеликоптер на ЕУРОФОР ќе може да го извлече телото згасна со паѓањето на темнината. Иако локацијата првично беше проценета како погодна за воздушен транспорт, ноќта ги принуди спасувачите да продолжат со пешачка евакуација.

Во битката со планинските предизвици учествуваа 20 несебични спасувачи од Службата за спасување Прењ, ГСС Јабланица и ГСС Кантон Сараево, кои вложија надчовечки напори во оваа тажна мисија.

Video | Facebook

Video | Facebook

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг