Connect with us

Uncategorized

Денеска е Св. апостол Јаков, брат Господов

Published

on

Св. апостол Јаков, брат Господов

Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели својот дел со Него. И затоа се нарекува брат Господов. Од почетокот Му беше приврзан. Според преданието тој и во Мисир одеше со Пресветата Дева и со Јосиф кога Ирод бараше да Го убие новородениот Цар. Штом ја чу Христовата наука Јаков почна да живее според неа. За него се вели дека целиот живот не јадел маст ниту зејтин, туку дека живеел само на леб и вода. И бил девственик до крајот на животот. Многу бдеел ноќе и Му се молел на Бога. Господ го вбројал во Своите Седумдесетмина апостоли. По воскресението Христос нему му се јавил посебно, како што сведочи Св. апостол Павле (1 Кор. 15). Бил епископ во Ерусалим триесет години и ревносно управувал со Божјата Црква. По указ на Господ ја составил првата литургија, којашто за подоцните христијани беше премногу долга, па затоа ја скратуваа Св. Василиј Велики и Св. Јован Златоуст. Многумина Евреи и Елини Св. Јаков ги обрати во верата Христова. И самите неверни Евреи ѝ се восхитуваа на неговата праведност и го нарекуваа Јаков Праведниот. Но кога дојде за првосвештеник Анан, тој со другите еврејски старешини намисли да го убие апостолот Јаков, како проповедник Христов. Еднаш на празникот Пасха, кога многу народ се беше собрал во Ерусалим, му рекоа старешините да се качи на покривот од храмот и оттаму да говори против Христа. Свети Јаков се качи и почна да му зборува на народот за Христа како за Син Божји и вистински Месија, за Неговото воскресение и за Неговата вечна слава на небесата. Разјарени свештениците и старешините го турнаа од покривот и тој падна и се повреди многу, но с ѐ уште беше жив. Тогаш притрча еден човек и го удри по главата толку силно, што му го истури мозокот. И така сврши со маченичка смрт овој преславен Христов апостол и се пресели во царството на својот Господ. Јаков имаше шеесет и три години кога пострада за Христа.

Свети Игнатиј, патријарх Цариградски

Син на царот Михаил Рангава. За патријарх дојде после Св. Методиј во 846 година. Во 858 година го симнаа од престолот и го пратија во прогонство. На негово место стана патријарх првиот царев секретар, Фотиј. Но кога на царскиот престол дојде Василиј Македонецот, тој повторно го врати Св. Игнатиј на патријаршискиот престол. Св. Игнатиј управуваше со Божјата Црква со голема ревност и мудрост. Го изгради манастирот на Св. Архангели, во којшто се упокои во Господ во осумдесет и деветтата година од неговиот живот на земјата.

Светиот маченик Јаков Боровицки

За овој светител се знае само онолку колку што тој им откри во видение на луѓето во местото Боровиц. Неговото тело доплива еден ден по реката Мета пред Боровиц во 1540 година и таму се запре. Од моштите се пројавија големи чуда.

Uncategorized

Дневна метео анализа: Денес (21 февруари петок) ќе имаме целодневно сонце!

Published

on

Територијата на Македонија се наоѓа во поле на висок воздушен притисок (Антициклон), но и на многу ладна воздушна маса која продира од Русија кон нашата територија, и истата ја чувствуваме многу повеќе во ноќните  и во утринските часови, кога температурите се исклучителни ниски.

До крајот на денешниот ден ќе имаме сончево време и без облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец.

Што се однесува до Скопскиот регион, исто така времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец.

Температурите денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во Скопје и околината температурата денес ќе се искачи до околу 8 степени.

Continue Reading

Uncategorized

Пожар во Македонски пошти во Тетово – брза реакција спречи поголема штета!

Published

on

pozar

На 14.02.2025 во 10.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „Илинденска” во една од просториите на „Македонски пошти” настанал пожар. Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Територијалната противпожарна единица Тетово. Увид извршила екипа при СВР Тетово.

Continue Reading

Uncategorized

Наоружан грабеж во менувачница во Тетово – крадецот во бегство!

Published

on

policija

На 14.02.2025 во 18.25 часот во СВР Тетово било пријавено дека едно лице со закана со оружје од вработен во менувачница во Тетово одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк