Connect with us

Uncategorized

Денеска го славиме светиот Нестор

Светиот маченик Нестор

Во времето на страдањето на Св. Димитриј Мироточивиот во Солун живееше еден млад човек Нестор, којшто на верата се научи од самиот Св. Димитриј. Во тоа време христоборниот цар Максимијан приредуваше разни игри и веселби за народот. А љубимец на царот му беше еден вандалин по име Лиј, со голијатски раст и сила. Како царски гладијатор Лиј секојдневно ги предизвикуваше на мегдан луѓето и ги убиваше. Крволочноста на овој Лиј го развеселуваше крволочниот идолски цар. За борбите на Лиј царот направи особена сцена, како една тераса на столбови. Долу под терасата имаше забиено копја со остриците устремени нагоре. Кога Лиј ќе победеше некого во борење, ќе го фрлеше одозгора од терасата врз цела една шума од исправени копја. Наоколу стоеше незнабожечкиот народ со својот цар и се развеселуваше кога некое бедно човечко суштество ќе се виткаше во маки на копјата с ? додека не издивне. Меѓу невините жртви на Лиј беа и многумина христијани. Зашто во деновите кога никој доброволно не се пријавуваше за борба со Лиј, тогаш по царска наредба насилно ги довлечкуваа христијаните на борилиштето. Гледајќи ги тие ужасни разоноди на незнабожечкиот народ, на Свети Нестор му се кинеше срцето од болка. И тој реши самиот да излезе во борба со џиновскиот Лиј. Но претходно отиде во затворот кај Св. Димитриј за да побара од него благослов за тоа. Свети Димитриј го благослови, го прекрсти со знакот на крстот на челото и на градите и му прорече: „Лиј ќе го победиш, но за Христа ќе пострадаш.“ Младиот Нестор значи му излезе на мегдан на Лиј. Беше присутен и царот со толпа народ; и сите го жалеа младиот човек зашто ќе загине и го одвраќаа од борбата. Но Нестор се прекрсти и рече: „Боже Димитриев, помогни ми!“ И со Божја помош го совлада Нестор Лиј, го собори и го турна врз копјата, каде што тешкиот џин брзо умре. Тогаш сиот народ викаше: „Голем е Бог на Димитриј!“ А царот се посрами пред народот, се нажали по својот љубимец Лиј и многу се разгневи на Несотр и на Димитриј. Па овој свиреп цар нареди и Нестор го убија со меч, а Димитриј го избодија со копја. Тогаш го заврши својот овоземен живот славниот христијански јунак Нестор, во 306 година, кога се пресели во Царството на својот Господ.

Тропар
Еј, Господи, Ти Кој нe створи, создаде, човекот кој падна повторно при себе го повика, и устрои за него вера која спасува. Ти, Создателе, времето на Нестора го исполни, кога во него се покажа силата Твоја, осенет со крсен знак од великиот Димитрија, ја прослави Твојата десница, нам пак кои денес го празнуваме неговиот свет спомен, дарувај ни по неговите молитви милост голема.

Преподобен Нестор Летописец

Во својата седумнаесетта година стапи во Киево-Печерскиот манастир, уште додека беше игумен Св. Теодосиј. Ја напиша првата историја на рускиот народ, во којашто ја вплете и историјата на руското подвижништво. Се одликуваше со необично смирение и кротост. Во своето славно книжевно дело често се нарекува себеси недостоен, груб, незнајко, преисполнет со секаков грев. Но Бог Којшто ги познава човечките срца, го прослави овој свој прекрасен угодник. Кога Нестор се упокои, на 27 октомври 1114 година, од неговите мошти се извршија многубројни чуда.

Свети Андреј, кнез смоленски

Од љубов кон Христа ја напушти светската слава и чест, се скри во еден манастир и преоблечен и непознат служеше како еклисијарх (клисар) триесет години. Се упокои во Господ мирно во 1390 година. Моштите му беа преку чудотворство пронајдени во 1540 година.

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг