Плусинфо: Само Господ на помош во ковид-центрите – “Ако немате воздух, дувајте балони”

Вработени на клиниките кои во последниве недели експресно станаа ковид центри, сведочат дека на овие клиники владее тотален хаос, дека никој не знае што да прави, дека болните молат и викаат за помош, дека кашлаат и плукаат крв, а дека нема кој да им помогне. Таму и болните и вработените се во паника, едните знаат дека не се за таму да лежат, а другите дека не учеле за да ја лекуваат таа патологија.

„Дојде анестезиолог, правеше визита кај нашите пациенти, кои се ковид позитивни. Еве ви споделувам многу корисен совет – на сите кои се стабилни болни со добра сатурација, им препорача да дуваат балони како физикална терапија за да ги разбудат белодробните крила и да дишат полесно“, напиша оваа сестра.

Целиот текст на Плусинфо