Позитива: Медицински сестри се веселат додека се оперира пациент

Медицинскиот персонал во една болница направиле се што можеле за да му ги олеснат маките на еден пациент, пеејќи му на уво, медициснките сестри дури и заиграле со намера на пациентот да му го одвлечат вниманието од непријатниот звук на инструментите.

Во овој случај, станува збор за спинална анестезија, но пациентот е свесен и може да зборува. Докторите на снимката која станала хит на социјалните мрежи се посветени на операцијата, додека сестрите го анимираат пациентот кој неколку пати се насмеал, па дури и запеал со нив: „ а на моето јадно срце овенала ружа“.

Извор: Скопје24