Connect with us

Uncategorized

Денеска е Св. Архангел Михаил – празник на војводата на сите ангели

Published

on

Cветиот Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни

Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани од луѓето. Но тоа празнување често се одметнуваше во обожување на ангелите (4 Царства 23, 5). Еретиците прикажуваа сешто за ангелите. Некои од луѓето во ангелите гледаа богови, други иако не ги сметаа за богови ги нарекуваа создатели на сиот видлив свет. Лаодикискиот помесен собор којшто се одржа четири или пет години пред I Вселенски Собор, со своето 35 правило го отфрли поклонувањето на ангелите како на богови и го востанови правилното почитување на ангелите. Во времето на папата Силвестер и александрискиот патријарх Александар (4 век), беше востановен овој празник на Архистратигот Михаил со другите небесни Сили, во месецот ноември. Зошто токму во ноември? Зашто после март ноември претставува деветти месец. А се смета дека во месецот март било создавањето на светот. А деветтиот месец после март е земен заради деветте ангелски чинови, коишто се најпрво создадени. Св. Дионисиј Ареопагит, ученик на Св. апостол Павле, т.е. на оној апостол којшто беше воздигнат до третото небо, овие девет ангелски чинови ги опиша во книгата „За небесната Јерархија“. Тие чинови се следните: шестокрилите Серафими, многуоките Херувими и богоносните Престоли, Господствата, Силите и Властите, Началата, Архангелите и Ангелите. Војвода на целата ангелска војска е архистратигот Михаил. Кога сатаната, Луцифер, отпадна од Бога и со себе ги повлече во пропаст еден дел од ангелите, тогаш Михаил стана и возвикна пред неотпаднатите ангели: „Да внимаваме! Да застанеме добро, да стоиме со страв!“ И сите небесни војски на верните ангели громко запеаја: „Свјат, Свјат, Свјат Господ Саваот исполн небо и земља слави Твојеја!“ (за Архистратигот Михаил види во Книгата на Исус Навин 5, 13 – 15). Меѓу ангелите владее совршено едномислие, еднодушност и љубов, а покрај тоа и потполна послушност на пониските чинови кон повисоките и на сите заедно кон светата Божја волја. Секој народ си има свој ангел пазител, а освен тоа и секој христијанин има свој ангел пазител. Треба секогаш да се сеќаваме дека што и да правиме, јавно или тајно, го правиме тоа во присуство на својот ангел-чувар. А на денот на Страшниот Суд сето огромно мнозинство ангели ќе се соберат околу Христовиот престол и пред сите нив ќе се објават сите дела, зборови и помисли на секој човек. Да н ? помилува Бог и да н ? спаси по молитвите на Св. архистратиг Михаил и на другите небесни бестелесни сили. Амин.

Тропар
Архистратизи на небесните воинства, ние недостојните постојано ве молиме: со вашите молитви заштитете н?, под кровот на крилјата на вашата слава невештествена, пазејќи н? нас кои прилежно пред вас се поклонуваме, и кои повикуваме: Од неволји избавете н?, како началници на вишните сили.

Кондак
Архистратизи Божји, служители на божествената слава, на ангелите началници, и на луѓето наставници, просете го за нас она што е полезно, и милост голема, како бесплотни архистратизи.

Свети Ангел Лерински

Uncategorized

Стентон Градба гради нова противпожарна станица во Битола за побрза и поефикасна реакција на пожарникарите

Published

on

Во Битола е во тек изградбата на нова Противпожарна станица, проект што ќе придонесе за значително подобрување на безбедноста и подготвеноста на противпожарните служби во градот. Со современ дизајн и функционалност, објектот ќе ги задоволи највисоките стандарди за безбедност, овозможувајќи побрза реакција во случај на несреќи и минимизирање на последиците.

Проектот е дел од напорите за подобрување на јавната инфраструктура и зајакнување на капацитетите на противпожарната единица во Битола. Новата станица ќе им обезбеди на пожарникарите современи услови за работа и пократко време на одговор во итни ситуации, со што директно ќе се заштитат животите и имотите на граѓаните.

За повеќе информации за тековните и идните проекти, посетете: stenton.mk/mk/proekti

Стентон Градба

🌐 www.stenton.mk

📧 info@stentongradba.mk

☎️ +389 47 229 077 / +389 78 373 094

Continue Reading

Uncategorized

Доктор во Охрид две години работел на диво во болницата

Published

on

Полицијата од Охрид поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Вевчано поради сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

„Пријавениот, вработен лекар во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид, не ја исполнил својата законска обврска за продолжување на лиценцата за работа со важност од 28.02.2015 до 28.02.2022 и продолжил со работа без да поседува лиценца за работа“, велат од МВР.

Во меѓувреме иако без лиценца тој примал редовна плата и други додатоци, со што ја оштетил Јавната здравствена установа.

Continue Reading

Uncategorized

Најубавата македонска божиќна песна: На Христос роденден, празник за очи…

Published

on

Се пее со генерации, но малите деца денес можеби и не ја знаат, па затоа би било убаво да им ја пуштите, да ја научат. 

„Божиќна песна“ е изведена првпат во 1993 година на фестивалот „Златно славејче“.

Музиката и аранжманот се на Кире Костов, текстот го напиша Љупчо Јакимовски, а песничката ја испеа Александра Кољозова.

Се пее со генерации, но малите деца денес можеби и не ја знаат, па затоа би било убаво да им ја пуштите, да ја научат.

Тивка јануарска ноќ
на исток ѕвезда свети,
купив божиќно дрвце
сила и моќ ми вети.

Тивок јануарски ден
радост и среќа точи,
на Христос роденден
празник за очи.

Сега мирно течете води
вистина е, Христос се роди!
Луѓе гласно запејте
Христос се роди!

Седмојануарски ден
црковни ѕвона слушам,
дрвце божиќно на врата
спокој во секоја душа.

Сега мирно течете води
вистина е, Христос се роди!
Луѓе гласно запејте
Христос се роди!

https://youtu.be/2gB7phTH-EY?si=ci1tI2SyzSVGiDze

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк