Каракачанов:„ Македонските влади не се нормални“

Релацијата Скопје – Софија без промени, Каракачанов повторно ја вжештува атмосферата. 

Бугарскиот вицепремер денеска обвини дека Македонија сака да и забие нож во грбот на Бугарија и дека македонските влади што управуваат со земјата од првиот ден на своето постоење не се нормални. Триковите нема да ви поминат во декември, порача Каракачанов преку бугарската БНТ, обвинувајки дека во Македонија се уриваат бугарски споменици и се фалсификува историјата.

„Скопје нема желба да ги реши овие прашања. Сметаат дека можат да се служат со трикови, како досега. Бугарија да ги поддржи, а тие да ни забодат нож во грб како благодарност и да не дискредитираат. Прво почнаа со прогон на луѓето што се нарекуваа Бугари, потоа конфликтот со Албанија, скандалите со Грција, скандалите со Бугарија – и тоа цели 28 години. Од оваа причина, некои Бугари доаѓаат од Македонија и земаат бугарско државјанство“ рече Каракачанов.