Фудбласкиот свет тагува, почина Диего Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал во својот дом, во Тигре.

Марадона се опоравуваше од операцијата на мозокот.

Светот е во шок откако аргентинските медиуми пред само неколку моменти објавија информација дека починал еден од најдобрите фудбалери кои ги памети човештвото, легендарниот Диего Армандо Марадона.

Како што пренесуваат Аргентинците, Марадона доживеал денеска срцев удар кој, за жал, не успеал да го преживее.

Оваа вест ја шокираше светската фудбалска јавност, и покрај добро познатата ситуација дека постојано боледуваше изминативе години. Поголемиот дел од аргентинските фанови се уште не веруваат во веста која за само неколку секунди го обиколи светот.