Не издpжа: Џамбазов му одговopи на Каракачанов

Актерот и шоумен, Игор Џамбазов не издржа, а да не одговори на навредите, нападите и понижувањата од страна на високи бугарски функционери кон македонскиот народ.

Да потсетиме дека деновиве главна тема во медиумите е буарското вето, скандалозното интервју на Заев во кое тој потклекна пред сите бугарски шовинистички и ревизионистички барања, но и покрај тоа не успеа на колена да ја внесе Македонија во ЕУ.

Џамбазов порача:

-Јас сум Македонец кој зборува македонски. Каракачанов е Македонец кој зборува бугарски.

Ги праша ли некој Македонците во Бугарија, кои се и дали некој треба да разговара во нивно име?

Македонците во Бугарија сметаат дека причина за барањето на премиерот Борисов земјава да се откаже од македонското малцинство се 14-те пресуди на судот во Стразбур.

„Многу ми е чудно премиер на држава да каже дека не знае од каде пристигнало барањето за постоење на македонско малцинство во Бугарија. Тоа тој го зборува на странските колеги дека Македонци во Бугарија нема, а тоа дека е осудена 14 пати не е ништо“, вели Иван Сингартијски, ОМО Илинден Пирин.

Според македонците во Бугарија, никаков дополнителен договор меѓу двете земји нема да ги спречи во барањата за остварувањето на правата, за кои велат дека се обврска на официјална Софија.

„Тоа не се права кои треба да ни ги даде државата Македонија. Тие права треба да ни ги даде Бугарија бидејќи е потписничка на сите меѓународни документи за човекови права. Нема никаква врска со тоа дека Македонија ќе се откаже од нас или Не, тоа е наше право, ние да си ги бараме правата. Ќе дојде само до таму дека Бугарската влада ќе добие поттик уште повеќе да не ги почитува нашите права“, вели Иван Сингартијски, ОМО Илинден Пирин.

Повеќе https://sitel.com.mk/gi-prashuva-li-nekoj-makedoncite-vo-bugarija-koi-se-i-dali-nekoj-treba-da-razgovara-vo-nivno-ime

Кој добил картичка „Купувам домашно“, сега нема да добие 6.000 денари на сметка

Законското решение со кое ранливи категории граѓани ќе добиваат по 6.000 денари на трансакциска сметка и ќе можат да ги користат со нивната дебитна картичка ќе биде изгласано во Собранието наскоро, уверуваше заменик министерот за финансии Димитар Ковачевски. Тој викендов рече дека законот ќе биде изгласан по скратена постапка. Како што веќе пишувавме овие пари ќе можат да се потрошат до 25 декември годинава. Она што е важно и е дефинирано во законот е тоа дека пари не може да добијат лицата кои веќе користеа финансиска помош со картичките „Купувам домашно“, претходно годинава.




Овој пат по 6.000 денари на сметка добиваат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 денари пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години, самохрани родители, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници. Конечната листа кој се ќе добие помош сепак ќе ја изготвуваат неколку институции, а ќе биде објавена на kupuvamdomasno.gov.mk откако Законот ќе биде изгласан во Парламентот и ќе биде објавен во Службен весник.

Повеќе на фактор. мк

Бугарски новинар: Сите ние знаеме дека Македонците се Бугари и по 1944-та

Бугарија направи многубројни компромиси со РС Македонија – самата битка за тоа Македонците „да признаат дека до 44-та биле Бугари“ е компромис сама по себе – пишува бугарскиот новинар Николај Облаков, како одговор на отворената поддршка за Македонија што ја изрази Цветан Цветанов – поранешен потпретседател на ГЕРБ, партијата на актуелниот бугарски премиер Бојко Борисов, и вицепремиер и министер за внатрешни работи во првата влата на Борисов, а сега лидер на партијата Републиканци за Бугарија.

„Германското претседателство на Советот на ЕУ, државите членки и САД го поддржуваат почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија во Унијата. Некои држави на Исток и сили во Северна Македонија и Бугарија работат против тој голем чекор на нашата сосетка на нејзиниот евро-атлантски пат. Каде се позиционира бугарската влада и Бугарија во таа геополитичка и концептуална матрица? Работиме ли во интерес на демократијата и просперитетот во регионот или токму обратното? Ние од Републиканци за Бугарија изразуваме полна поддршка за напорите на нашите пријатели и соседи од Северна Македонија за нивната евро-атлантска интеграција“, напиша Цветанов на Фејсбук.

https://www.facebook.com/576428955807280/posts/3406531432797004/

Стојанче му направи турско кафе на Апасиев

Во тек е процесот на подготовка на турско кафе за народниот пратеник, професорот Апасиев.
Без шеќер со тоа што сигурно ќе преврие додека пишувам.
Со кафето ќе слушаме убава, стара македонска музика со интересен а богами и контраверзен текст.

Болница „вработила“ весело куче да ги поздравува персоналот и пациентите

Кучињата се голем и важен дел од животот на луѓето уште од почетокот. Според истражувањата, тие живеат со луѓето повеќе од 10.000 години.

Во денешно време милиони луѓе не можат да го замислат својот живот без ова милениче покрај нив, а според истражувањата направени во Канада, околу 83% од сопствениците сметаат дека нивните миленици се полноправни членови на нивното семејство.

Кучињата се поврзани со пониско ниво на стрес, вознемиреност и осаменост.

Во последно време, многу болници се обидуваат да ги искористат позитивните ефекти од кученцата врз луѓето „ангажирајќи ги“ за да ги утешат вработените и пациентите за време на стресни периоди.

Па така, медицинскиот центар Векснер на Универзитетот во Охајо, ангажираше едно куче, а неговата работа е да ги поздравува пациентите. Лекар од болницата по име Шари Дунавеј сподели негова фотографија на Твитер и доби еден куп позитивни коментари.

„Колку и да му плаќате, тоа не е скоро доволно“, додаде друг.

Овој твит ги инспирираше другите да споделат повеќе слики од ‘меки вработени’ во болницата.

Кучињата волонтери веќе се широко користени во заедницата. Тие можат да им помогнат на луѓето кои страдаат од осаменост правејќи им друштво во моменти кога им е најпотребно – објаснува Ема Хамет, медицинска сестра и пишува Bored Panda.

Се бараат кандидати кои за 11.000 евра ќе лежат 30 дена во кревет

Невообичаена и многу добро платена работа се нуди во Германија.

Имено, Германскиот воздухопловен центар (ДЛР) во Келн бара дванаесет мажи и дванаесет жени за истражувањето, кое трае 60 дена.

Од тие 60 дена, 30 одмараат во кревет, а надокнадата за учествувањето е 11.000 евра, пишува списанието Феникс.

– Но, тоа не е нужно лесна заработка. Не е само лежење и одмор – рече Андреа Нитче од ДЛР.

Учесниците на студијата мора да останат во кревет 30 дена континуирано, со главата во позиција малку пониска од нозете, или 6 степени.

„На мажите им е особено тешко“, објаснува Ниче. Студијата трае вкупно 60 дена, вклучувајќи две недели аклиматизација и две недели последователна нега.

Слично истражување е веќе спроведено во DLR. Тие се користат за истражување, кои контрамерки можат да се преземат против дегенеративните промени кај астронаутите.

Покрај строгиот одмор во кревет, треба да се симулираат ефектите на бестежинска состојба во вселената.

Учесниците мора да исполнат голем број барања. Тие мора да бидат на возраст меѓу 24 и 55 години, да имаат индекс на телесна маса или БМИ меѓу 19 и 30 и да бидат високи помеѓу 1,53 и 1,92 м.

Покрај тоа, апликантите треба да бидат ментално и физички подготвени и здрави.

Оние кои имаат само на ум пари, честопати не ги исполнуваат условите.

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, мерките дадоа резултат

Состојбата во болниците се стабилизира, а во следниот период се очекува поголем испис од приеми на болни пациенти, вели министерот за здравство Венко Филипче.

– Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има се повеќе слободни места. Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат, рече министерот Филипче.

На сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.

– Мерки кои Комисијата за заразни болести ги донесе дааавт резултат и бројката на хоспитализации се стабилизра. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи, изјави Филипче.

Повреда при раѓање му ја парализирала раката на малиот Михаил, за лекувањето потребни 15.000 евра

До пред 7 месеци, Михаил добивал терапија во Заводот за физикална медицина во Козле, која само му помогнала да не му атрофира раката, но не и да почне да му работи. За лекувањето во Србија се обратиле за помош до Фондот за здравствено осигурување, но добиле негативен одговор.

Жиро сметка

240197107964904 Уни Банка 

на име Мирослав Ристоски 

Повеќе телма.ком.мк