Јасмина : „МВР го водат криминалци и лигуши“

Бидејќи ова е прв и последен пат јавно да пишувам за мојата кариера во МВР, решив да ставам слика во униформа која многу ја сакав и ја носев 18 години.Ајде да ја решиме дилемата,мојот стаж во МВР заврши.Јас повеќе не се пронаоѓав таму.Ми нанесоа неправди ,зошто така се чуствуваа дека треба старешини во МВР(очигледно на некого не сум му се насмеала ) а не зошто јас придонесов со моето работење.Тие старешини за мене ќе останат партиски послушници кои се на позициите пред се за личен интерес а и за пред луѓе,комшии,пријатели,да си ги излечат комплексите кои им се на високо ниво.

Да не навлегувам околу Нив,ќе треба мн да се пишува,има Господ за Нив, нема да ги заборави,што кројат туѓи судбини само за покажување на моќ а не се свесни колку се немоќни,мизерни,неспособни,неписмени,неподобни.Со години покажуваат сила врз работниците и професионалците на штета на МВР а како што пишав хранејќи си го гладното ,мизерно его, а во МВР е хаос во секој поглед и во секој сектор од повисоките кругови.


За жал, и тие некои што сакавме да работиме не ни дозволија,секоја наша постапка законска и секој успех беше дали ќе ми се одрази во кариерата или во најмала рака дали ќе ме пратат на дисциплинска каде повеќе од виш инспектор не седнал таму,зошто другите не грешат,”писмени се”?А и тие на таа дисциплинска се началници и старешини,судот на МВР.Кога ќе видиш, истиот те тужи, истиот ти суди.

Тој систем повеќе неможам да го поднесам каде што дојде време на криминалците и лигушите-со исклучок на малкуте.Не е голема работа дека јас сум си заминала ,се ќе биде исто и без мене,се ќе функционира како и да не сум работела никогаш таму,ама друго ме плаши,самото незадоволство од сите вработени во министерството кои вложуваат ,постапуваат,работат и ги казнуваат или пред нив се случуваат неправди благодарение на политиката и системот во државата и незадоволството ,недовербата на граѓаните од полицијата.

Дојде ред да си заминеш од онаму каде се ти е познато,каде се твоите намили,каде си стварал,каде си се родил за да одиш некаде само затоа што трудот и работата се гледа и цени.На сите колеги им посакувам успешна кариера и многу од нив ќе ми недостасуваат.Господ да е секогаш и секаде со вас и да ве штити ,па се гледаме во подобри времиња.
Знам голем е текстот ама ова е во кратки црти,можам уште мн да пишувам  

 напиша Јасмина Ангелеска на својот ФБ-профил.

Али Ахмети стана почесен доктор – “Честито докторе! Доказ сте за младите..”

Статус на денот

“Али Ахмети стана почесен доктор на Универзитетот во Тетово”

Честито докторе! Доказ сте за младите дека треба да се трудат и посветат на науката, вистинска инспирација!

60-годишен пациент со корона вирус синоќа скокнал од прозорец

Шеесет годишен пациент заразен со ковид-19 си го одземал животот фрлајќи се од третиот кат на болницата „Шефќет Ндроќи” во Тирана, каде бил хоспитализиран.

– Трагичниот настан се случил триесет минути по полноќ, кога пациентот Л.С. жител на градот Решен, си го одземал животот со фрлање од третиот кат на Ковид 2 болницата, каде бил хоспитализиран пред десет дена. Истрагата продолжува со цел расветлување на околностите, се наведува во полциското соопштение.

Првичните сознанија од истрагата покажуваат дека самоубиството пациентот го извршил поради влошена психичка состојба поради болеста.

Во главниот град на Албанија, Тирана,  60-годишен пациент со коронавирус синоќа скокнал од прозорецот на болница во Тирана, а ова е петти пациент кој си го одзел животот на тој начин.

Настраданиот пациент бил во болница 10 дена каде се лекувал од коронавирусот, пренесува албанската агенција НОА. Како што пренесува агенцијата, полицијата е на терен и го испитува случајот.

Лекарите проценуваат дека бројот на хоспитализирани ќе се зголеми.

На глобално ниво, од почетокот на пандемијата на коронавирусот се потврдени 63 милиони  случаи на зараза.

Од последици на Ковид-19 починале 1.465 илајди лица, а во моментот во светот има активни над 18 милиони случаи.

Д-р Коњановски убеден: Време е за нови мерки – можеби и полициски час

Д-р Тони Коњановски, епидемиолог од Центарот за јавно здравје во Битола, вечерва на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на Ковид 19.


„Во деновиве на премрежија кога сега како Ковид 19 позитивен, ја споделувам судбината на многумина мои сограѓани и пријатели со кои болеста не поврзува, пред се би сакал да се заблагодарам на поддршката на пријателите и останатите кои ме познаваат зошто нели со пријателите и доброто и злото полесно поминуваат. Сега кога сум на “оваа страна од барикадите” жалам што како и многумина мои колеги, понесени од одговорноста да помогнеме и да ги заштитиме другите, не успеавме самите “да се довардиме”, но тоа е ризикот на оваа професија, за која воопшто не жалам. Им се извинувам на сите на кои не можевме да им помогнеме или бев недостапен да ме контактираат, но верувајте и покрај сите напори не можев на сите да ви одговорам.
Во моменти кога Македонија ги руши сите црни рекорди и статистики, кога во Битола во континуите веќе четврта недела по ред бројот на Ковид 19 позитивни надминува 300, а од недела во недела се зголемува и бројот на починати како последица на Ковид 19 инфекција, кога се поголем број на мои колеги се позитивни и во изолација и кога здравствениот систем до максимум ги има исцрпено сите капацитети, здравствените авторитети треба конечно во свои раце да ги земат работите. Време е за храбри одлуки (иако лично сметам дека како и досега касниме две-три недели), за одговорност, време да се земе палката од рацете на луѓе на кои главата им служи за кршење на ќерамиди и да донесат непопуларни, но храбри одлуки. Не треба човек да биде премногу паметен, нити кој знае каков експерт, само треба да ги согледа параметрите, епидемиолошките показатели и статистиката.
Во многу поорганизирани земји од опкружувањето, вакви и порестриктивни мерки веќе неколку недели се во важност. Да се биде одговорен пред нацијата а здравјето на граѓаните да биде Прв приоритет без разлика на последиците по себе, е императив на секоја државн политикаите и најбитно во моментов.

1. Преминување на on line наставата во основните, средни училишта и факултетите. (разгледување на можност за продолжен зимски распуст).
2. Затворање и прекин на работата на сите кафетерии, кафичи, кафеани, ресторани и сл. (Освен оние кои можат да организираат шалтерска услуга или достава на храна), во траење од најмалку три недели.
3. Времен прекин на работа на кладилници, спортски обложувалници и казина.
4. Организиран и регулиран влез во маркети и продавници (определен број на посетители согласно просторниот капацитет на објектот. Позитивно искуство од времето на карантинот).
5. Итен прекин на маркетинг камањите од типот “Black Friday”, кои ако продолжат со ова темпо за десетина денови ќе испорачаат навистина “Црн резултат”.
6. Како последна мерка во низот доколку предходните немаат ефект “Викенд карантини” ( Петок 17.00- понеделник 05.00) во текот на месец Декември.
П.с. Овие мерки секако подразбираат и економска поткрепа на сите кои ќе ја изгубат работата и ќе останат дома.
На крај за сите добронамерни, за сите желни за Љубов, за сите кои заборавивме и им фали насмевка, гушкање и убав збор, за сите болни и немоќни…за сите убави луѓе кои месеци живеат под маски, ведра песна и убав збор од наше дете, Македонче, Битолчанче…Уживајте“ напиша д-р Коњановски.

Нов удар – За колку ќе се покачи цената на струјата?

За увоз на струја досега потрошени над 3 милиони евра. Поради сушата АД ЕСМ во овој месец набавиле од странство над 60 илјади мегават часови, по просечна цена од 53 евра за мегават час, велат од компанијата.

– Напоменуваме дека целта на АД ЕСМ е во иднина, согласно законот за енергетика од 2018г и либерализирањето на пазарот за електрична енергија, преку својата фирма ЕЛЕМ Трејд да го развива трејдингот, односно купувањето и продавањето на електрична енергија, во зависност од цената на струјата на берзите, се вели во дописот на АД ЕСМ.

Откако Владата одлучи да ја стопира работата на хидроцентралите поради празните акумуации, недостатокот на електрична енергија се  обезбедува од надвор.

Од друга страна метеролозите не најавуваат некој промени  и најверојанто увозот на струја ќе продолжи и во следните месеци.

Но дали тоа ќе повлече ново зголемување на цената, ќе се знае до средината на декември. До тогаш ќе важи шестмесечниот договор кој АД ЕСМ го има со Универзалниот снабдувач.

Во август цената на струјата се зголеми за 7,4 проценти, со образложение дека приходите на државните енергетки компании се намалени поради пандемијата, а неопходни се инвестиции во мрежата за да се обезбеди сигурно снабдување на домаќинствата со струја

Повеќе скопјеинфо

Дали е можно Македонците да се откажат од бугарските пасоши?

„Многу тешко дека нашите граѓани ќе се откажат од тие пасоши. Ги имаат луѓе од различни професии, лекари, медицински сестри, вработени во полицијата, армијата. За 8 години јас имам извадено 250 до 300 пасоши, а во земјава има околу 20 посредници.

Дел од посредниците сигурно извадиле и поголем број пасоши од мене. Кога ќе се подобри состојбата во државата, кога ќе имаме просперитет, тогаш оваа појава ќе се стопира“, вели посредник од Источна Македонија.

Повеќе на Фактор. мк

Денеска е Свети Григориј Чудотворец

Свети Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски

Божји човек и силен чудотворец, нарекуван втор Мојсеј. Роден од незнабожни родители, но угледни и богати, Григориј најпрво ги изучи елинската и мисирската (т.е. египетската) философија, но откако ја позна нејзината залудност и недоволност се обрати кон христијанските учители, особено кон Ориген во Александрија, кај кого учеше неколку години и од кого прими Крштение. Чист по душа и тело тој сакаше сиот себеси да Му се посвети единствено на Христа, заради што се оддалечи во пустина, каде што долго време помина во мачни подвизи. Славата за него се пронесе насекаде и Федим, епископот Амасиски, сакаше да го посвети за епископ Кесариски. Проѕорливиот Григориј ја забележа Федимовата намера, па се криеше по пустината од неговите пратеници, за да не го најдат. Најпосле Федим го посвети на чудесен начин и Григориј мораше да ја прими архипастирската служба. Му се јави Пресвета Богородица со Св. Јован Богослов и на заповед од Богородица Св. Јован му го предаде Симболот на Верата познат под името Григориев. Кој ќе ги изброи чудата на овој втор Мојсеј? Им заповедаше на злите духови, заповедаше над горите и над водите, ги лечеше сите маки и болести, пред гонителите стануваше невидлив, ги проѕираше на далечина не само настаните туку и мислите на луѓето. Земниот живот го заврши во 270 година, во длабока старост. Кога дојде за епископ во Кесарија го затекна сиот град незнабожечки и само седумнаесет христијани во него. А кога си заминуваше од овој живот го остави сиот град христијански, а само седумнаесет незнабожци во него. За ова прими венец на слава од својот Господ.

Преподобен Никон Радоњежски

Ученик и наследник во игуменството на Св. Сергеј Радоњежски. Кога варварите нападнаа на Русија, тој Му се молеше на Бога да ја отстрани таа беда од рускиот народ. Тогаш му се јави Св. Сергеј со Петар и Алексеј, упокоените московски митрополити и му рече да не тагува, зашто таа навала е Божјо допуштение заради некое добро, таа ќе помине и мирот повторно ќе се зацари. Го обнови манастирот на Света Троица и на мнозина им послужи за пример во подвижништвото. Се упокои на 17 ноември 1426 година.

Преподобен Генадиј Ватопедски

Монах Ватопедски на дохијарска (економска) должност. Тогаш на чудесен начин се наполни со масло испразнетото буре за масло. Ова чудо Ѝ се припишува на Пресвета Богородица, на Којашто Ѝ е посветен манастирот, а особено на Нејзината икона што стои таму.

Дијаспората е виновна за бројот на невработени

Министерката Шахпаска за Радио Слободна Европа познато и како Радио АГИТПРОП Европа, за згоемувањето на бројот на невработени во „нашата земја“, за нејзе Северна, за нас само Македонија, ја обвини и дијаспората, истовремено фалејќи ја Владата дека создала такви услови што луѓето се откажуваат од бенефитите во странство и се враќаат во Северна за да примат еднократни 6 000 денари помош. Еве што Шахпаска изјави:

„Уште еден момент кој го зголеми бројот на невработени е тоа што голем дел од нашите граѓани коишто престојуваа во странство, а кои заради пандемијата се вратија во државата и останаа, почнаа да се пријавуваат во Агенцијата за вработување, со една единствена цел да имаат пристап до онаа финансиска поддршка што државата ја даваше во вид на ваучери, а сега директна финансиска помош која изнесува 6000 денари за купување на македонски производи. Реалната бројка на граѓани кои останале без работа заради пандемијата е оваа бројка од 15.800, но Ви кажува по кои основи“.

Целото интервју на Шахпаска прочитајте го преку следниот линк.

Филипче: Пикот на епидемијата е достигнат – ова се графиконите

Епидемијата го достигна пикот пред една недела, од тогаш бројките се стабилизирани. Според анализите на ИЈЗ, највисок процент на позитивни од тестирани (41,2%) е регистриран на 17 ноември кога сме регистрирале и најголем број на нови случаи (1407), потоа бројот на нови случаи благо опаѓа, вели Венко Филипче во својата објава на фан страната на Фејсбук.

Бројот на нови позитивни случаи три недели во континуитет е прилично еднаков, нешто што го нотира и СЗО, а тое е дека бројот на нови случаи успорува. Практично, сме на ниво на едно плато, што е доказ дека Р0 факторот е значајно намален и сега изнесува 1.

Просекот на хоспитализирани во изминатите 2 неделели е околу 1280 пациенти, а процентот на хоспитализирани од активни изнесува 6.7 и овој процент е речиси константен, но притисокот врз болниците и медицинските работници е се уште голем.

Апелирам на почитување на мерките, како едиствен начин во моментов целосно да ја стабилизираме состојбата, вели Филипче.

Студен бран со снег и дожд низ Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните дена

Во текот на ноќта и во понеделник наутро на планините и на повисоките места во северните делови ќе провејува снег. Под влијание на продор на студена воздушна маса во понеделник ќе дува засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали.

Во деновите потоа ќе преовладува променливо облачно и студено време, од среда со повремени локални врнежи, кои на планините и на некои повисоки места ќе бидат од снег.

Прогноза за 30.11.2020
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 4°C до 10°C
Претпладне значително облачно, а на планините и на повисоките места во северните делови ќе има услови да провејува снег. Во текот на денот облачноста ќе се намали, но ќе се задржи студено. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието.

Прогноза за 01.12.2020
Минимална температура: -8°C до -1°C
Максимална температура: 4°C до 9°C
Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Прогноза за 02.12.2020
Минимална температура: -6°C до 0°C
Максимална температура: 4°C до 9°C
Променливо облачно со локален дожд, а на планините со снег. Ќе дува умерен југоисточен ветер.