Измени на законот за данок на имот: Тројно повисоки давачки за втор стан и трета куќа

Според сегашниот закон граѓаните плаќаат данок од 0,1 до 0,2% од пазарната вредност на станот. Ако живеат во него, тогаш данокот се намалува за 50%. Доколку не живеат, или имаат деловен простор кој не го користат, тогаш ја плаќаат целата сума.

Со новите стапки кој ги најави Заев, сумата ќе биде три пати повисока. Целта е драстично да се зголеми данокот на имот за сите кои поседуваат недвижности, а не ги користат, вклучително и земјоделското земјиште, како и државниот имот.

За дел од економските експерти мерката е популистичка и нема да донесе повеќе пари во буџетот. Економистот Горан Рафајловски, вели дека ако државата навистина сака да го наполни буџетот, најпрво и единствено треба да ја сузбие сивата економија.

„Ова ќе биде уште едно катастрофално решение, како што беше решението за 18% за поголем данок на добивка. Или кратко кажано, тие што плаќаат тие се во систем, тие имаат повеќе имот. Јас се сложувам дека треба повеќе да плаќаат. Секој што не користи треба да го плати, па дури и целиот данок наместо да не го користи, целиот да се зголеми за некоја ситна процентна стапка, но добро да се пресмета. Но, сакате вистински 1 милијарда да донесете во каса, треба сериозно да седнете и да го работите она за што ве изгласале, барем во економскиот дел.“ изјави Горан Рафајловски, економист

Предлогот изминатата недела требаше да помине на владина седница, но од Владата велат дека е вратен на доработка и би требало да се најде на некоја од наредните владини седници.

Апел за помош на 29-годишниот Ѓорѓе Џонов за операција во Турција

Македонската јавност се обединува за да му помогне на Ѓорѓе Џонов. 29-годишниот фудбалер има потреба од финансиска поддршка во здравствената борба.

За лекувањето на Џонов се неопходни 100.000 евра, средства кои во моментов ги нема на располагање, поради што голем број фудбалски работници се активираа во трката со времето за собирање на финансиските средства.

„На нашиот другар, пријател, фудбалски работник му претстои најважниот натпревар во животот, да ја победи болеста. За тоа, итно се потребни 100.000 евра за лекување и престој во Турција, сума која е недостижна за него. Затоа, да бидеме хумани, да помогнеме заедно во престојниот натпревар, кој значи живот“ – се вели во повикот преку социјалните медиуми.

Средства може да се донираат на следната банкарска сметка:

Ѓорге Џонов

Жиро сметка за донации: 200-0023348140-48

Стопанска Банка А.Д.

11 Октомври

1000 Скопје

ДЕВИЗНА СМЕТКА:

МК07200003801913052

SWIFT: STOBMK2X

Борисов: Јас не познавам македонско малцинство во Бугарија

Единствена држава, која би сакала да почне преговори за приклучување кон ЕУ со Македонија, дури и повеќе од Германија е Бугарија, но за мене беше големо изненадување што неодамнешната резолуција на Европскиот парламент за Бугарија го покрена прашањето за наводното македонско малцинство во Бугарија, вели бугарскиот претседател Бојко Борисов во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.

-Во Бугарија нема македонско малцинство. Какво македонско малцинство треба да има во Бугарија? Јас не познавам такво малцинство. Од резолуцијата дознав дека има такво. И со оглед на тоа што бугарските социјалисти во ЕП ја поддржаа резолуцијата очигледно тие исто така сметаат дека такво малцинство живее кај нас. Наместо да водиме позитивна дебата за европскиот пат на Република Северна Македонија, сега се насочуваме кон сосема поинаква дебата. Сакам да напоменам дека навистина ме вознемири насоката во која се развија настаните, изјави Борисов за ФАЦ.

Борисов нагласува дека компромис со Македонија е можен, но вели дека е потребно да се познава историјата

Општина Аеродром не се откажа од украсување “Пари за лампиони и светилки има”

„Пред три дена градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, распиша оглас за јавна набавка за новогодишно украсување на општината во услови кога граѓаните се борат со загадениот воздух и корона заразата. Значи Марин ќе троши за лампиони и светилки, а нема да потроши ниту денар за почист воздух или пак за помош и превентивни мерки од корона заразата“ – напиша во својот фејсбук статус Златко Перински.



Перински потенцираше дека во Општина Аеродром, во овој момент има над 1400 заразени од корона, на кој сигурно им е повеќе потребна помош за пребродување на здравствената криза од тоа таткото на општината да троши за лампиони и светилки. Овие пари можеа да се потрошат и за купување на лап топ компјутери за дечињата кои доаѓаат од социјално загрозени семејства, а кои не се во можност да ја следат он лајн наставата, предложи Перински.

Од цариник до сакан Господов апостол – Го славиме Свети апостол и евангелист Матеј

Од омразен цариник до сакан Господов апостол

Кога фарисеите му приговарале на Исус дека се дружи со грешници, мислејќи на цариникот Матеј, тој им одговарал: „Здравите немаат нужда од лекар, туку болните“.

Именден празнуваат: Матеј, Мате, Матеја…

Светиот апостол и евангелист Матеј се викал Ливиј и бил цариник. Во тоа време цариниците и луѓето што собирале данок биле презрени и омразени од Јудејците поради тоа што од Божјиот народ собирале пари за неверникот окупатор односно за римските власти. Кога Свети Јован Крстител го подготвувал народот за доаѓањето на царството небесно, односно кога ги повикувал луѓето да се покаат, најавувајќи го доаѓањето на Спасителот многумина цариници и порезници дошле кај него прашувајќи го што да прават. На тоа тој им одговарал: „Не земајте повеќе од одреденото“.

Светото предание раскажува дека еднаш кога Исус минувал покрај местото каде што се собирал данокот го забележал и цариникот Ливиј кого го повикал со зборовире: „Идеј по мене“. Овој веднаш тргнал по Исус, ја напуштил својата дотогашна професија, а за спомен на тоа го зел името Матеј, што значи цариник. Потоа приредил вечера на која заедно со Исус поканил и повеќе свои пријатели. На вечерата присуствувале и повеќемина фарисеи кои го нападнале Исус затоа што се дружел со грешници. На тоа Исус одговорил: „Здравите немаат нужда од лекар, а болните…“ (Матеј 9-12)

Така Матеј станал еден од 12-те Христови апостоли, а осум години по неговото воскресение на барање на апостолите тој го напишал Евенгелието што се карактеризира со лесен и разбирлив стил на изнесување податоци за животот на Исус Христос.
За животот на светиот апостол Матеј малку се знае. Тој е брат на Јаков Алфеев, а заедно со другите апостоли Христовото учење го проповедал во Персија, Индија и други земји. Животот го завршил маченички.

Евангелието по Матеј е најсеопфатно, зашто започнува со настани уште пред раѓањето на Исус и завршува со неговите зборови упатени кон неговите ученици пред да му се врати на Бога Отецот Негов: „Одете и научете ги сите народи, крштевајќи ги… и учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал“.(Матеј, 28/19-20) Матеј често го цитира Стариот завет кога некое сведоштво дополнува некои настани.

Содржината на Евангелисто докажува дека било напишано со цел да истакне дека Исус Христос е ветениот Месија и Искупител.

(Подготви Марко Китевски заМИА)

Најди го македонското знаме, за среќниот пронаоѓач следува награда

Твит на денот:Најди го македонското знаме, за среќниот пронаоѓач следува награда

Каракачанов: „Заев е Бугарин на кој мозокот му работи споро“

Бугарскиот вицепремиер Красимир Каракачанов упати навреди за македонскиот премиер Зоран Заев по интервјуто на премиерот.  Каракачанов изјави дека Заев е „Бугарин на кој мозокот му работи споро:

– По стар бугарски обичај, на Бугаринот му доаѓа паметот следниот ден, па така е и со колегата Заев – рече Каракачанов.

Градоначалникот на Куманово : “Или прекин на разговорите со Бугарија или оградување”

Срамни и понижувачки се ваквите шовинистички изјави на Каракачанов. Доколку Премиерот на Република Бугарија г-дин Борисов не се огради од ваквите навредливи изјави на неговиот Вице Премиер Каракачанов потребно е да се стопираат разговорите и преговорите во врска со едностраниот спор.

Да се изгради сеопшт национален консензус во Македонија по прашањето и да се продолжи понатаму со разумни луѓе од другата страна кои што нема да провоцираат и собираат евтини политички поени туку ќе бараат решение.
Ваквата изјава е навреда не само за премиерот туку и за целиот Македонски народ и сите наши граѓани.
Очекувам дека и колевката на демократијата и човековите права и слободи Европската Унија и официјално ќе ги осуди ваквите навредливи изјави од страна на бугарските официјални лица.
Министерството за надворешни работи веднаш треба да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи остра протесна нота.

Вели Максим Димитриевски на својот фб статус

Македонски блек фрајдеј: Високи цени, никаков попуст само промоција

Високи цени, нереален попуст и се е сведено само на маркетинг и промоција

Долгонајавуваниот голем и феноменален попуст уште еднаш покажа дека е само маркетиншки трик за привлекување потрошувачи, се пожалија граѓаните. купувачите кои денеска излегуваа речиси празни, повторно разочарани коментираа дека ниту има попуст, па ниту намалени цени.

Високи цени, нереален попуст и се е сведено само на маркетинг и промоција. Уште една тура на лажни попусти ги тресат трговските центри, овој пат за време на пандемија, се пожалија граѓаните пред камерата на Алфа. Велат дека дека попустите не биле реални, иако по дуќаните има плакати за попусти од 20, 30, па и 50%.

Какви попусти, нема ништо од тоа. Не може едни тренерки кои биле 3.000 денари, да ги покачат на 4.000, за сега пак да ги вратат на истата цена. Тоа го има само кај нас и никаде на друго место. Попусти има да, но само на излог. Големото снижување како во САД, кај нас ни го имало, ни пак ќе го има, се пожалија граѓаните пред камерата на Алфа, и додаваат дека ова што го прават големите молови е тотално разочарување, наместо промоција.

Граѓаните кои ги посетуваа моловите носеа заштна опрема и држеа дистанца, иако по дуќаните, најверојатно поради пандемијата и кризата, нема гужви како други години.

Дресот на Марадона „Раката на Господ“ на продажба за 2 милиони долари

Дресот што го носи името „Раката на Господ“ на Диего Марадона може да биде ваш за 2 милиони долари.
Познатиот дрес „Раката на Господ“ на Диего Марадона е во сопственост на поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој откри дека успеал да размени дресови со легендата на Аргентина по нивниот четвртфинален состанок на СП 1986 година.
Еден американски експерт за спортски спомени изјави дека иконскиот дрес на Аргентина „Рака на Господ“ што го носеше Диего Марадона за време на контроверзната победа на неговиот тим над Англија во четвртфиналето на Светскиот куп во 1986 година, може да биде достапен на продажба од два милиони долари. Дали сакате да го додадете во вашата колекција?

Дресот е моментално изложен во Националниот музеј на фудбал во Англија во Манчестер. Дресот Марадона му го подари поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, по четвртфиналниот натпревар во Мексико.
Стив Хоџ изјави дека успеал да разменидресови со Диего Марадона додека тие шетале во тунелот по иконскиот судир во четврт-финалето.

Дејвид Амерман од аукцијата „Голдин“ во Newу erseyерси верува дека кошулата може да достигне цена од дури 2 милиони долари и дека сопственикот бил подготвен за приватна продажба.

„Многу е тешко да се измери (вредноста) со дресот на„ Hand Of God “, но знам дека сопственикот бараше приватна продажба од два милиони долари“, беше цитиран Амерман за Ројтерс.

„Секако дека може да биде можност, вредностите скокнаа доста во фудбалот“.

„Тоа е реална можност“
Амерман ја расветли зголемената побарувачка за спортски спомени, посочувајќи како дебитантската фудбалска картичка на Марадона пред неколку години продадена за 10.000 УСД може да достигне цена од 20.000 УСД денес.
„Многу е тешко да се види како би се достигнала цената од два милиони долари, но не гледам зошто индивидуа која имала пари не би сакала такво нешто – навистина не можете да ставите број на тоа. Ако ја наоѓате вистинската личност на вистинското место, тоа е реална можност “, рече Амерман.
“Дебитантската фудбалска картичка на Марадона, неодамна продадовме копија за 10 000 американски долари. Ова е картичка што вредеше можеби неколку стотици долари пред само неколку години, а тоа беше пред неговата смрт. Видов една вчера на Интернет за која бараа 20 000 американски долари за “