Почнува божикниот пост: Трае 40 дена, прочитајте што треба да јадат верниците секој ден

Божикен пост

Основата врз која се појавил Божикниот пост бил постот спроти празникот Богојавление, кој во Црквата се празнува од III век, а во IV век бил поделен на празниците Рождество Христово и Крштение Господово. Божикниот пост започнува на 15/28 ноември и трае до 25 декември/7 јануари, односно 40 денови, поради што во Типиконот, како и Великиот пост, се нарекува Четириесетница. По зборовите на блажен Симеон Солунски, „постот на Божикната Четириесетница го изобразува постот на Мојсеј, кој откако постел 40 денови и 40 ноќи, ги добил на камени табли Божјите заповеди. А ние, постејќи 40 денови, го созерцуваме и го примаме живото Слово од Дева, изобразено не на камења, туку воплотено и родено, и се приопштуваме на Неговата Божествена плот“. Божикниот пост е установен за да се очистиме за денот на Рождеството Христово преку покајание, молитва и пост, за со чисто срце, душа и тело да можеме благоговејно да Го сретнеме Божјиот Син, Кој дојде во светот и за Нему да Му го принесеме нашето чисто срце и решеност да го следиме Неговото учење.



Светите маченици Гуриј, Самон и Авив

Гуриј и Самон беа угледни едески граѓани. За време на едно гонење на христијаните се засолнија надвор од градот и живееја во пост и во молитва, храбрејќи ги правоверните коишто ним им притекнуваа за совет. Но ги фатија и ги изведоа пред судијата. Судијата им се закани со смрт ако не се покорат на царската наредба за поклонување на идолите. Светите Христови маченици му одговорија: „Ако ? се покориме на царската наредба ќе пропаднеме дури и ако ти не н ? убиеш“. После лути маки беа фрлени во затвор, во којшто трпеа глад, темнина и тегобност од 1 август до 10 ноември. Тогаш повторно ги изведоа и ги мачеа, па бидејќи останаа непоколебливи во Христовата вера, беа осудени на смрт и убиени со меч во 322 година, за време на свирепиот цар Ликиниј. Подоцна и едескиот ѓакон Авив прими маки за својот Господ Исус Христос и го предаде духот свој во оган. Мајка му го извади неговото цело тело од огнот и го погреба во гроб заедно со Светите Гуриј и Самон. Кога престана гонењето, христијаните подигнаа храм во чест на тројцата маченици Гуриј, Самон и Авив и ги положија нивните чудтворни мошти во еден ковчег. Од безбројните чуда над моштите на овие прекрасни маченици се издвојува едно. Една вдовица во Едеса имаше ќерка со која се ожени еден Гот, војник на грчката војска. Бидејќи мајката се плашеше да ја даде девојката во далечна земја, тој Гот се заколна на гробот на тројцата маченици дека никакво зло нема да ? направи на нејзината ќерка, но дека ќе ја земе за своја законска жена, бидејќи, рече, е неженет. Всушност тој беше женет. Кога ја одведе девојката во неговата татковина ја држеше како робинка додека не умре неговата законска жена. Тогаш тој, во договор со останатите свои роднини, со мртвата жена ја закопа и својата жива робинка. Робинката им се молеше со плач на Светите маченици да ја спасат. И тие ? се јавија во гробот, ја зедоа и моментално ја пренесоа од Готската земја во Едеса, во својата црква. Утредента кога ја отворија црквата ја најдоа ќерката на онаа вдовица покрај гробот на Божјите светители и дознаа за нејзиното чудесно избавување.

Тропар
Избирајќи живот по вашата вера, наместо виделина од очите телесни, Гурие и Самоне, Бога го прославивте во вашето мачеништво, при вистината останавте и ревност подаривте на Авива ѓаконот. Радувајќи се сега во царството Христово, молете се за нас вие свети маченици, и бидете брзи застапници на оние, кои го повикуваат преку вас Бога Седржителот.

Светите маченици Елпидиј, Маркел и Евстохиј

Пострадаа за Христа во времето на Јулијан Отстапник. Елпидиј беше сенатор. Кога ги видоа маките и чудата на Елпидиј шест илјади незнабожци поверуваа во Господ Исус Христос.

Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка

Оваа икона најпрво му се јави на едно девојченце Ана во селото Купјатич во Минската губернија во 1182 година. Чувајќи го стадото Ана виде некоја светлина во шумата. Кога ? се приближи на светлината, на едно дрво виде крст со средна големина со ликот на Пресвета Богородица на него. Ана го зеде тој крст и си го однесе дома, па се врати кај стадото. Но на нејзино големо чудење на истото место таа повторно го виде крстот на дрвото. Го зеде, си го стави под пазува и го однесе дома. Кога сакаше да му го покаже крстот на татко ? и ја завлече раката во пазувата, крстот го немаше. Таа му раскажа с ? на татко ? , па отиде со него, го видоа крстот во шумата и го пренесоа дома. Утредента крстот повторно го немаше во куќата. Го кренаа цело село и сите селани отидоа и му се поклонија на крстот. Набрзо луѓето таму изградија црква. Од тој чудесен крст со иконата на Мајка Божја се пројавуваа многбројни чуда. Таа икона сега се наоѓа во црквата Света Софија во Киев.

Преподобен Паисиј Величковски

На духовното делање, преподобниот Паисиј (Величковски) се научил на Атон, лулката на аскетското просветување, коешто му недостасувало на старецот во руските манастири и молдавските скитови. Но, и Атон во тоа време бележел голем пад. Посетувајќи ги монасите, преподобниот барал за себе духовен отец – раководител, но не пронашол и затоа пребивал сам, поминувајќи го животот во голема строгост. Постепено околу преподобниот Паисиј почнале да се собираат монаси кои сакале строг аскетски живот. Преподобниот Паисиј, советувајќи се со своите браќа, од манастирот Пантократор ја купил старата ќелија посветена на свети пророк Илија и повторно го создал Илинскиот скит. Монасите овде изградиле црква, трпезарија, пекара, гостоприемна и шеснаесет ќелии. Старецот немал намера братството од шеснаесет души да го зголемува и затоа изградил шеснаесет ќелии. Славејќи Го Бог, монасите со радост се населиле во своето ново прибежиште. Многумина од светогорските браќа и од новодојдените, кога го виделе таквиот богоугоден живот на братството на Паисиј, усрдно го молеле Старецот да ги прими во своето стадо. Старецот бил принуден да ги прима. Ќелии за новодојдените немало, но тие граделе ќелии при камените карпи под првите ќелии. Сите заедно се труделе, а и самиот Старец преку денот правел лажици, а преку ноќта не спиел повеќе од три часа и се занимавал со превод на светоотечки книги од грчки на словенски јазик, како и со поправање на древните словенски текстови. Од еден од своите браќа – Макариј, тој се научил не само на разговорниот новогрчки јазик, туку и на древниот книжевен. Освен скитското братство, многу светогорски монаси од другите обители биле негови духовни чеда. Дури и Свјатејшиот патријарх Серафим, кој живеел во манастирот Пантократор, неретко го посетувал Старецот за духовни беседи – понекогаш доаѓал пеш, а понекогаш на осле. Често, патријархот и постарите монаси во Пантократор го повикувале Старецот за служење на Божествената Литургија. Старец Паисиј секогаш служел со длабоко смирение, побожност и солзи. Неговото служење толку ги трогнувало сите, што некои од изобилни чувства и солзи не можеле да продолжат со службата и излегувале на некое време од црквата за да се успокојат. Плачеле речиси сите, а плачел и старецот-патријарх со трогнато срце, говорејќи: „Слава Богу! Слава Богу!“ Братството на преподобниот с? повеќе и повеќе се умножувало, и обителта веќе станала претесна. По совет на светогорските монаси, преподобниот Паисиј половина браќа ги преселил во запуштениот Симонопетра, но Турците го запреле да отиде оттука: тие зеле од него седумстотини левови за да се исчисти долгот на манастирот, а сакале и уште да земат, и затоа Старецот останал уште три месеца. Тоа збиднување било и повод преподобниот Паисиј и неговите ученици да ја остават Света Гора и да преминат во Молдо-Влахија, прво во Драгомирна, а потоа, по Руско-турската војна, кога дел од молдавската земја преминала кон Австрија, во Њамцкиот манастир. Времето на пребивање во Молдо-Влахија било кога веќе Старецот, очигледно за сите, се појавил во величината на својот старчески опит и кога светлината на Њамцката лавра почнала да ја осветлува цела Русија. Самата личност на Старецот многу влијаела врз сите, а самото негово присуство ги воодушевувало на подвиг. Тој бил преисполнет со благодатните дарови на Духот, со премудрост и разум, совети и крепост, духовно раководство и благочестие. Преисполнет со голема љубов кон ближниот, тој бил тивок и мирен, кроток, долготрпелив и детски незлоблив. Смирениот изглед на преподобниот Паисиј сјаел со чистотата на целомудрието и самото лице на Старецот сјаел со одблесок на небесната слава. При неговата пламена молитва, во тоа време се случувале многу чуда од иконата на Божјата Мајка. Целиот живот на Старецот бил посветен во служење на монаштвото. Заслугата на преподобниот Паисиј се состои во тоа што тој со својот пример и со примерот на своето братство ги обновил древните темели на монашкиот живот – Исусовата молитва, духовното, аскетско просветлување, општожитието и старческото раководство на почетниците со откривање на помислите, на коишто монаштвото процветало. На тие основи било и создадено братството на преподобниот Паисиј, кое броело неколку стотици монаси. На братството тој самиот му бил пример и го раководел во текот на многу години, и успеал да воспита такви подвижници кои по неговата смрт се јавиле како обновители на монаштвото по цела Русија. Старецот имал и друг подвиг, подвиг на преведување на аскетска литература на руски јазик, односно, самиот извор на монашко просветување. Навистина, и до преподобниот Паисиј имало преводи на неколку аскетски дела од древните Отци на монаштвото, но тие преводи веќе станале ретки и што е најважно, биле заборавени во практичниот живот. Многу труд, сила, здравје, време и средства потрошил на тоа преподобниот Паисиј, а поради тоа научил и старогрчки јазик. Времето на Света Гора било претежно време на собирање ракописи, а животот во Молдавија било време на превод и примена во животот на учењето на Светите Отци. Од преводите на Старецот биле составени прирачници за монасите: „Добротољубие“, „Лествица“, како и „Поуките на преподобен Исаак Сирин“. Старецот, со своите преводи и примената на отечките аскетски поуки во секојдневниот живот, го обновил руското монаштво. Неколку дена пред смртта тој с? уште ги читал и поправал преводите. Исполнувајќи го својот голем призив и достигнувајќи длабока старост, Старецот се приближил до смртта откако претходно четири дена бил болен. Старецот се упокоил на 15/28 ноември 1794 година

Босански твитерџија: Ги пукнавме бугарите 40 разлика! Извини Заев

Премиерот Зоран Заев почнаа да го поврзуваат со источниот македонски сосед, па „Босански Буквалиста“ дури и му се извини што Босна и Херцеговина ја декласира Бугарија со 88:49 во квалификациите за Европското првенство 2022 во кошарка?!

Стружанецот Јолески го вратил бугарскиот пасош по пошта

Во прилог на Канал 5 телевизија денеска во интервју стружанецот Васко Јолески рече дека Бугарија ги користи извадените пасоши на луѓето од Македонија многу итро, па по револтот од настанатата ситуација тој својот пасош го вратил по пошта.

Пасошот вели дека го извадил поради егзистенцијални и здравствени причини, односно за операција во странство.Јолески изреволтиран од целата ситуација со Бугарија, по пошта ги вратил сите документи во Бугарија.

На Јолески, иако му е неопходен бугарскиот пасош за да добива медицинска грижа во странство, истиот го вратил. Тој вели и дека ако има среќа, ќе добие срце и во Македонија, затоа што верува дека и тука има добри доктори.

Јолески да е здрав и жив се надеваме дека ја добие потребната помош и грижа за неговото здравје.

Уште 28 лица ја загубија битката со коронавирусот, најмладиот е 39 годишен

39-годишен пациент од Охрид е најмладиот кој денеска ја загуби битката со коронавирусот. Покрај него, уште 27 пациенти почнаа како последица од Ковид-19.

Најстариот починат пациент е на 86 годишна возраст. Од сите 28 починати, двајца се починати вон болнички услови.

Министерството за здравство (МЗ) вечерва информираше дека во последните 24 часа се потврдени 1093 нови случаи на Ковид-19, односно, регистриран е 431 случај во Скопје, 94 во Гостивар, 60 во Прилеп, 57 во Куманово, 55 во Велес, 44 во Кавадарци, по 41 во Штип и Тетово, по 37 во Битола и Охрид, 29 во Струга, 20 во Свети Николе и 19 во Неготино.

Потоа, 18 нови случаи на Ковид-19 се регистрирани во Струмица, 15 во Кичево, по 14 во Гевгелија и Дебар, 13 во Кочани, 11 во Радовиш, десет во Ресен, осум во Крушево, по седум во Крива Паланка и Делчево, по три во Валандово и Виница, по два во Пробиштип и Македонски Брод и еден случај во Кратово.

„Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 59701, бројката на оздравени пациенти е 36825, на починати е 1658, а бројот на активни случаи изнесува 21218“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 325.959 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 3.084 тестови.

Денеска Кластер Сити Мол!

По денешните објавени попусти за Black Friday, Сити Мол во Карпош беше преполн од редици пред продавниците, па граѓаните коментираат на социјалните мрежи и прашуваат дали таквото однесување е новиот кластер, во ситуација кога бележиме рекордни бројки на новозаболени и смртни случаи.

Дел од реакциите на Твитер:

https://twitter.com/2eyeshadow/status/1332398331155374084?s=20

Херојски подвиг на Национален Парк Пелистер: Изгаснаа пожар на непристапен терен

Денес, од страна на екипа од шестмина вработени од НП Пелистер е локализиран и изгаснат пожар над село Цапари под Козји Камен, на многу непристапен терен.

Според искажувањата на ангажираните вработени од Паркот, гореше приземна вегетација – папрат, лисја од бука, иглици од молика, гранки од стари паднати и скршени стебла… Екипата од шест лица успеа да го заобиколи, да го локализира и изгасне.

Браво за нив!


Целиот текст на БабамБитола

87 годишен кумановец е вистински херој – ја победи болеста лекувајќи се дома

Човек на возраст од 87 години ја победи болеста лекувајќи се дома, неговото семејство сведочи дека откако С.З имал симптоми на болеста на 5 ноември се тестирал и резултатот бил позитивен, тој по 20 дена веќе бил излекуван.

„Веднаш беше испратен на Инфективното одделние во Кумановската болница, каде му беше направен детален преглед, при што беше утврдeно дека има воспаление на белите дробови и други нарушувања, но ни беше препорачано да се лекува во домашни услови со соодветна терапија. Преку Службата за домашна посета секојдневно добиваше прво инфузија, а потоа и инјекции. Тука бевме и ние и му помагавме по упатствата на лекарите. После првиот контролен преглед резултатите веќе беа подобри, а по 20 дена неговиот инфектолог констатира дека е излекуван“, кажуваат од семејството, пишува СДК.мк

Тие посебно се благодарни до песоналот и лекарите на Инфективното оддeление, како и на Службата за домашна посета, кои несебично се залагале да помогнат при лекувањето и да им дадат поткрепа во најтешките моменти на неизвесностa како болеста ќе се развива.

„Многу сме задоволни од нивниот однос и еве јавно сакаме да им се заблагодариме. Нивниот пристап во лекувањето и поддршката е најзначаен, покрај имунолошкиот систем на организмот. Ние се плашевме поради неговата возраст иако не беше во ризичната група, но има висок крвен притисок и други проблеми кои се нормални во негови години. Тој отсекогаш беше физички активен, до 82 години возеше велосипед по 10 километри. Но, болеста е непрeдвидлива. Секако, ова е голем успех за него и затоа сакавме да го споделиме нашето искуство со останатите граѓани, да не се откажуваат и да се борат, а најважно од се` е навреме да побараат здравствена заштита за да можат лекарите да им помогнат“, велат роднините.

Остатокот од текстот прочитајте го на СДК.МК

Градот не се откажа од украсувањето: На плоштадот се поставува новогодишната елка

Скопје ќе биде новогодишно украсен. Вака одлучи таткото на Градот, Петре Шилегов и покрај повиците парите за украсување за оваа Нова година да се пренаменат, со оглед на тоа штос ме сред пандемија од корона вирус, нема да има прослави и никој никаде нема да мрдне.

Сепак, со намера да ја врати „надежта и насмевките на лицата на граѓаните, особено на децата“, Шилегов рече дека Скопје ќе се украси за новогодишните празници, а тоа ќе чини 200.000 евра.

Захариева : Македонците зборуваат бугарски јазик, како што Аргентинците зборуваат шпански

Бугарската министерска за надворешни работи, Екатерина Захариева во интревју за „Ефе“ направи споредба на Македонија со латинските земји во однос на јазикот.

-Земам пример од Латинска Америка. Фактот дека Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански јазик не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека во еден момент тие имаат заедничка историја не го намалува нивниот суверенитет денес. Напротив, тоа ги приближува, рече Зафариева.

Таа тврди дека Бугарија никогаш не го негирала правото на постоење македонска држава, ниту нејзиниот суверенитет и желба да го нарекува јазикот како што сака, но сето тоа, нагласила, не треба да биде врз основа на лаги и негирања за начинот на кој е создадена нацијата.

Генијален Битолчанец :”Лекот е пет пapи, ама на кој да му текне”

Досетлив битолчнаец на едноставен начин успеа да обезбеди кислород за сите пациенти во битолската клиничка болница.

Имало и такви денови кога можеме да се пофалиме, а и да ја покажеме нашата солидарност и да побарам поддршка од сите вас лекари, медицински сестри, а и обични граѓани кои имате роднини или пријатели кои се медицински лица во другите градови низ Македонија. Еве за што се работи.

Знаеме дека најголем проблем за медицинските лица и за пациентите по болниците низ цела Македонија е снабдувањето на пациентите со кислородна поддршка.

Кога бев хоспитализиран на инфективно, деноноќно гледав како сестрите растрчани бараа места за пациенти на кои им треба кислород, а беше голем проблем да се најди слободен приклучок. Да објаснам.

Во секоја соба се инсталирани по два кислородни приклучоци, а се сместени по три или четири пациенти. Замислете да имаат потреба тројца пациенти од кислород, а веќе двата се зафатени.

Тој проблем со мојот чичко го решивме и сега цела инфективна болница имаат во секоја соба по четири маски за дишење. Како???

Откако ме отпуштија, по два дена го хоспитализираа мојот чичко со лош наод на бронхопневмонија и сатурација 84 и требаше веднаш да прима кислород. Го ставија во соба со двајца пациенти кои веќе користеа кислород. За него немаше, но рекоа дека ќе го преместат за скоро.

Јас испаничен го завртев цел град за да најдам боца со кислород, но не најдов. Кога бев на болница забележав дека сите кои користат кислород, не го користат цел капацитет од регулаторот, туку 90% од пациентите користеа 7 или 8 кислородни единици, а регулаторите беа до 16.

Така дојдов до идеја од еден регулатор со Т спојка која може да се набави во секој дуќан за автоделови, да направам да дишат двајца пациенти. Купив антибактериско црево, маска и спојка и му ги однесов на болница кај мојот чичко. Тој направи бајпас на уредот и го приспособи да можат двајцата со цимерот да го користат.

По два дена откако видовме дека успешно работи, ја исконтактирав директорката Билјана Гагачева која по полчас убедување ми дозволи да им комлетирам еден уред кој потоа го тестираа и успешно помина. Потоа ми се јави и ме замоли да направиме за цела болница.

Чичко ми, иако хоспитализиран, цел ден правеше адаптери и ја обезбедивме цела болница. По четири дена, синоќа, добив порака од директорката дека сите успешно работат и дека пациентите се обезбедени со кислород. Еве како тоа изгледа.

Старите велат лекот е петпари само треба да се најди. Ве молам сите кои имате пријатели и роднини медицински лица низ другите градови, споделете за да им помогнеме да се обезбедат и тие”.