“Ајт и ку*ац” за великобугарските барања

“Нема да има нов договор со Бугарија, туку само патоказ” – Османи

Во превод толку бавно ќе се прифаќаат барањата на Бугарија шо нема ни да се осети (ваквиот начин мислам Чомски го има опишано), да не биде шок за јавноста, а ни да губат политички поени, недај Боже… Откако Захариева мајсторски ја префрли топката од Гоце на Тито се фативме за НОБ, па Каракачанов ќе собира поени со навреда кон Заев, а овој во духот на добрососедство ем ќе кажи е Македонец ем ќе му речи треба да се сакаме сега иди патоказот и од двете страни во несвест…

Единствен патоказ можи да е табла со “Ајт и курац” за великобугарските барања. Многумина се искршија да докажат дека денес Бугарија не е фашистичка земја. Не е. Ама со непризнавањето на македонско малцинство и забрана за регистрирање на македонско друштво (после седум добиени случаи во Стразбур од страна на ОМО Илинден што значи дека не е само оваа гарнитура на власт проблемот кон Македонците) не се ни далеку од фашисти.

Божидар Божиновски