Connect with us

Uncategorized

Емотивно писмо од мајка:„ Сине мој! Ова писмо е од твојата мајка која одамна ја заборави. Срам ми е што ти пишувам“

Сине мој! Ова писмо е од твојата мајка која одамна ја заборави. Срам ми е што ти пишувам.

По несигурноста и долгото чекање, го земам пенкалото во рака. Неколку пати претходно се обидов, но солзите ми пречеа.

Неколку пати солзите престанаа, но срцето не ми дозволи. Сине мој! По долго време гледам дека порасна, стана зрел маж и добро ги гледаш работите. Имам една молба, барем да го прочиташ ова писмо, а подоцна, ако сакаш искини го како што го искина и моето срце.-

Пред 40-години мене ми се случи најубавиот ден во животот – докторката ме извести дека сум бремена. Мајките добро го знаат значењето на овие зборови, тоа е мешавна од среќа и радост проследена со немир и многу промени во организмот.

Потоа те носев 9 месеци во стомакот, станував со потешкотии, спиев со големи маки, едвај се хранев и дишев, но и покрај тоа ништо не ја намали љубовта кон тебе. Напротив, од ден на ден таа се зголемуваше сè повеќе. Со нетрпение очекував да те видам.

Те носев, со потешкотии, со болки, но се радував на секое твое движење. Се радував како што повеќе растеше и покрај тоа што мене ми беше многу потешко. Тоа беа долги маки, но подоцна дојде и онаа ноќ кога око не затворив.

Имав толку големи болки што ниту еден збор не може да ги објасни. Неколку пати се соочив со смртта, а потоа се појави ти. Твојот плач се мешаше со мојата радост. Ги отстрани сите болки и рани.

Сине мој, годините минуваа, а јас те држев во раце.

Те држев во прегратка, те хранев со моето млеко, останував без сон само за ти да спиеш, уморно те држев по цел ден само за да бидеш среќен и да ја гледам твојата насмевка.

Нестрпливо чекав еден ден да побараш нешто а јас да ти го подарам со целото срце. Тоа беше врвно задоволство за мене!

Како што растеше постојано имаше нови желби, кои јас со задоволство и голема радост ти ги исполнував најдобро што умеев и можев.

Штом на тебе ги видов првите знаци на зрелост, знаев дека ќе треба да најдеш сродна душа за тебе, па на сите страни ја барав твојата совршена невеста.

Дојде и денот на свадбата, а мене срцето ми се искина, ми потекоа солзи радосници за твојот нов живот, но плачев и заради разделбата. Колку што се радував дека нема да останеш сам и ќе има кој да се грижи за тебе, толку ми беше тешко и што ќе ме напуштиш. Но, не мислев и дека целосно ќе ме заборавиш.

Минуваа тешки денови и гледам дека веќене си оној кој го познавам. Ме игнорираше и го заборави моето единствено барање и право да те гледам и да ти се радувам.

Деновите минуваат, а јас не те гледам, не го слушам твојот глас. Ја замрзна и заборави личноста која за тебе правеше сè!

Сега барам само малку. Имај ме на ум, стави ме барем на листата со месечни обврски.

Ослабев, ме измори тагата, а и болеста ме престигна. Со тешкотии станувам, со тешкотии се движам, а никој не ми помага. Запомни, ако некој некогаш ти пружи сè, не заборавај да вратиш барем дел од тоа.

Јас? Јас бев твој верен слуга, а ти заборави сè.Сепак, кога и да слушнам нешто ново за тебе се радувам затоа што ти си мојата среќа. Само се чудам, каков грев ти направив што не сакаш ниту да ме слушнеш? Дали некогаш сум ти го скратила тебе тоа право?

Го знам одговорот. Затоа покажи малку милост кон мене, дај ми го само она што го заслужувам.

Сакам само да те видам. Ништо повеќе од тоа. Срцето ми плаче, а солзите сами течат. Ти го продолжуваш животот без мене. Не ми останува ништо освен гласините кои на секој чекор допираат до мене.Image result for стара мајка

Сине мој! Зарем не дојде време твоето срце да се смилува за единствената старица која ја убива чекањето? Ги уништи сите нејзини чувства, го разлути нејзиното срце до таа мера што солзите почнуваат да се сушат на изнемоштеното лице.

Не се жалам и не се молам против тебе, не ја покажувам својата лутина. Доколку мојата тажна судбина те престигне, верувај дека ќе те облее студена, црна несреќа. Но не, никогаш не се молам за твојата тага или за твојата болка.

Верувај сине мој, косата започнува да ти станува седа, ќе поминат годините и ќе остареш, а наградата ќе биде толкава колку што си заслужил. Ќе му пишуваш на твојот син во солзи, исто како и јас сега.

О, сине мој! Моли се за твојата мајка, запри ѝ ги солзите, израдувај ја во сета оваа несреќа.

А потоа? Ако сакаш искини го нејзиното писмо.

Извор: Shilo Magazin

Advertisement

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг