Владата на денешната седница одлучи пензиите за месец декември на пензионерите да им бидат на располагање од 28-ми месецов.
Како што соопшти владината прес-служба, Владата им препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 28.12.2020 година (понеделник); За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 29.12.2020 година (вторник); За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.12.2020 година (среда), и За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 31.12.2020 година (четврток)
