Починал од Ковид вработени му го укpале новчаникот и сите документи

Откако во своето семејство доживеале голема трагедија, следувал нов шок. За овој скандал известуваат на социјалните мрежи бидејќи правдата не можеле да ја најдат онаму каде треба да добијат барем трошка емпатија.

Девојка чиј татко починал од коронавирусот, обелоденува дека тој бил ограбен онаму каде што се лекувал. Кога по неговата смрт ги побарале неговите лични работи, дознале дека нив ги нема.

Велат дека воопшто не е важна финансиската вредност на тоа кое сега го нема, извадено од џебот на нејзиниот починат татко. Важно им е што тие работи биле негови и сега, кога за жал го загубиле, сакаат да ги поседуваат истите.

Сведоштвото во кое го повикува и лично министерот за здравство, Венко Филипче, ви го пренесуваме во продолжение:

Отец Оливер со молба до Шилегов: “Може да спасиме живот со парите од украсувањето”

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов не отстапува од новогодишното украсување на главниот град, иако голем број граѓани бараа истото да се откаже или барем поголем дел од планираните 200.000 евра да се пренаменат на помош и донација на граѓаните.

Еден од многубројните апели пристигна и од отецот Оливер Петровски.

-Почитуван Петре Шилегoв, татко на нашиот главен град. Внимателно ја прочитав Вашата изјава за новогодишното украсување на Скопје и делумно се согласувам со Вас. Но… Зар не може БАРЕМ да се намалат средствата за украсување и дел од тие средства да се употребат за да се нахранат гладните, да се платат сметки на социјално загрозените категории, да се плати лекување и спаси живот? Сведоци сме на илјадниците апели кои кружат низ социјалните мрежи. Една од нив е и мајка на две МАЛИ дечиња која моли за лекување и спас на нејзиниот живот за само 37.000 евра… Зар не може да се намали украсувањето за таа сума и на нејзините деца да не им се ускрати детството и радоста? Може, ако се сака.. Ве замолувам како родител, како хуманист и како човек: помогнете да го спасиме животот на Елизабета. Бог да ве благослови!!!, пишува Отец Оливер.

Додека граѓаните ги молат да се пренаменат парите за новогодишното украсување, град Скопје постави елката среде плоштад

Вчера екипи на Град Скопје ја поставуваа новогодишната елка на плоштадот Македонија, која деновиве треба да светне. Елката и оваа година нема да има сијалички, туку ќе биде дигитална и ќе се менуваат различни нијанси и бои.

Викендов започна и новогодишното украсување на градот.

Оваа година поради пандемијата со ковид, нема да се организира населбата Винтерленд, ниту пак дочек на Нова година на плоштад.

Јавноста бараше, парите за урасување да бидат наменети во здравството, за помош на кризата, но Шилегов не отстапи од тоа, градот да биде новогодишно украсен.

Инаку неодамна и ВМРО-ДПМНЕ пред објектот на Град Скопје, симболично му постави лампиони на кои стои вредноста од 200 илјади евра или 15 нови болнички возила колку што може да се купат со овие пари кои што Петре Шилегов планира сред пандемија и крајно животозагрожувачка состојба за скопјани да потроши за украсување на празните скопски улици.

-Ако му е до лампиони, еве му лампиони, и тоа необични и приближно верни на оригиналот на кој ја пишува и неговата омилена цифра 200 илјади евра, само и само да се откаже од лудото, неразумно трошење на народните пари, ова денеска преку прес-конференција го истакна Јелена Жугиќ од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес е спомен на Светиот Платон: „Вие се наситувате со месо, а јас со свети молитви, вас ве весели виното, а мене Христос, лозата вистинска“

Светиот маченик Платон

Од градот Анкира Галатиска. Роден и воспитан е како христијанин. Уште во младите години покажуваше големо совршенство во сите добродетели. Не ја криеше својата вера во Хиста, туку јавно ја проповедаше изобличувајќи ги идолопоклониците заради поклонувањето на мртви твари наместо на живиот Создател. Заради ова беше изведен на суд пред началникот Агрипин и беше многу малтретиран и мачен од него. Кога началникот почна да го советува да ја избегне смртта и да си го зачува животот поклонувајќи им се на идолите, Платон му одговори: „Има две смрти, привремена и вечна, но има и два животи, едниот е краткотраен, другиот пак бесконечен“. Тогаш Агрипин го удри на страшни маки. Меѓу другото нареди и му полагаа усвитени железни ѓулиња на разголеното тело; потоа од кожата му лупеа каиши. Маченикот му довикнуваше на мачителот: „Мачи ме уште посвирепо, за јасно да се види твојата бесчовечност и моето трпение“. Кога мачителот му го спомна на маченикот философот Платон како незнабожен философ, маченикот му рече: „Ниту јас сум му сличен на Платон ниту тој мене, освен по името. Јас поучувам и се учам на мудроста Христова, а тој е учител на онаа мудрост којашто пред Бога е лудост“. Потоа беше фрлен во затвор, каде што помина без храна и вода осумнаесет дена. Кога стражарите се восхитија дека може да живее гладувајќи толку долго, Платон им рече: „Вие се наситувате со месо, а јас со свети молитви, вас ве весели виното, а мене Христос, лозата вистинска“. Најпосле го убија со меч околу 266 година, кога прими венец на маченичка слава.

Светите маченици Роман и Варул

Свети Роман беше ѓакон на Црквата кесариска. Еднаш тој ревносно го проповедаше Евангелието во Антиохија. Па кога беше некој идолски празник и антиохискиот началник Асклипијад сакаше да влезе во незнабожечкиот храм за да принесе жртва, Роман застана пред него и му рече: „Началнику, грешиш кога одиш кај идолите; не се идолите богови туку Христос е единствениот вистински Бог“. Разјарен началникот го подложи Роман на маки, па светителот беше биен и стружен безмилосно. Во тој миг Св. Роман виде едно дете по име Варул и му рече на началникот: „И ова дете е поразумно од тебе иако ти си стар; тоа Го знае вистинскиот Бог, а ти не.“ Началникот почна да го испрашува Варул за верата и Варул ја изјави својата вера во Господ Исус Христос како во вистински Бог, наспроти лажните идоли. Тогаш Асклипијад нареди и малиот Варул го убија со меч, а Св. Роман го удавија во затворот во 330 година. Така обајцата го наследија Небесното Царство.