Филипче оперираше на новогодишната ноќ

Министерот за здравство, Венко Филипче дел од новогодишната ноќ ја мина работно на Клиниката за неврохирургија. Тој оперирал пациент со тумор на мозокот.

-Ова е дежурниот тим за новогодишната ноќ на Клиниката за неврохирургија. 👏 Секогаш е задоволство да работиш со млади колеги. Вечерва тие ми асистираа во операција на тумор на мозок. Операцијата успешно ја завршивме, на пациентот му посакувам добро здравје и што побрзо опоравување. На моите колеги мирна ноќ. Среќна нова година!, порача Филипче.

Повеќе на :

https://fokus.mk/filipche-so-tim-od-mladi-doktori-operirashe-na-novogodishnata-nok/

Викторија најдобра медицинска сестра во 2020 на Клиниката за пулмологија

Викторија Лисичанец е избрана за најдобра медицинска сестра за 2020 година на Клиниката за пулмологија и алергологија во Скопје. Родена кавадарчанка, таа за МИА појасни дека оваа година за првпат се доделува вакво признание на клиниката.

-Гласањето се одвиваше по анонимен пат од страна на сите вработени. На моја среќа и задоволство, ја имав таа чест да бидам избрана, им благодарам на колегите за довербата, рече 27 годишната девојка која шест години работи на оваа клиника.



Во годината што изминува, во услови на пандемија од коронавирус, извесен период поминала работејќи на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
-Таму секој ден беше приказна за себе. Го дававме својот максимум со цел да им помогнеме на пациентите што побрзо да закрепнат и полесно да ја надминат борбата со тој сеуште недоволно познат непријател наречен корона. Имаше и пациенти со многу тешка клиничка слика. Многумина победуваа во битката со вирусот, но за жал имаше и такви кои беа совладани од болеста, нагласи оваа медицинска сестра.

Повеќе на :

https://www.vecer.press/%D0%B2%D0%B8%D0%BA%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0-%D0%BB%D0%B8%D1%81%D0%B8%D1%87%D0%B0%D0%BD%D0%B5%D1%86-%D0%BD%D0%B0%D1%98%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D1%80%D0%B0-%D0%BC%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%86%D0%B8/

Американец во Скопје: Секоја прилика се користи за одење во кафеана и пиење ракија

Интересна е Македонија. Воопшто не е таква како што ја замислував, каква што ми ја раскажуваа моите колеги, или како што пишува за неа по интернет. Македонија и Македонците треба да ги доживееше, а не да слушаш за нив.

Своето искуство го раскажува Американец, кој дојде во Македонија како турист.

Многу интересни луѓе. Се прашувам само како наоѓаат време за се. Како имаат време да себе, за своите најблиски, да одат на работа, да се дружат, да одат на годишен одмор, и да одат во кафeана да пијат ракија.

Уште откако стигнав се сместив, и моите колеги ме одведоа на едно место, каде што никогаш претходно не би помислил дека јас ќе се најдам таму. Во кафeана. Јадење, јадење, јадење… Ракија, ракија, ракија… Прекрасно беше, но едвај се сеќавам да ви раскажам какво беше моето прво искуство од тој ден.

Ме одведоа на многу интереси место. Запознав многу луѓе. Сите насмеани, се гледа во очите дека Македонците сакаат гости од страна.

Но, кафаните и ракијата ми оставија најголем впечаток. Секој ден музика, песна, пиење, дружење. Луѓето како да немаат други маки. Во кафeана сите се среќни и насмеани. Алкохол на сите страни. Се дружат и мажи и жени. Кај нас во кафeана се оди само на некоја посебна прилика, и тоа не во таква кафeана. Сите се смирени. Но, тука е поубаво. Сакам кога луѓето се среќни и кога знаат да се забавуваат.

За ракијата слушав од нив кога ми раскажуваа, но никако не сфатив за какво пиење станува збор, се додека не ја пробав.

Превкусни македонски јадења. Македонците не седнуваат на маса, ако немаат месо. Сфатив дека само месото се гледа тука како јадење. Јадења со пиперки… превкусно нешто. Домашен зелник и баница. Тавче гравче, слатко од јагоди, и цел ден ќе си набројувам колко е превкусно.

Убаво е во Македонија. Знаат луѓето како да живеат и да се опуштаат.

Прекрасна емоција: Јапонски оперски пејач ја пее „Македонско девојче“

„Директно од Токио, мојот драг пријател и колега Казухиро Котецу, голем пријател на Македонија”, напиша Нацоски на Фејсбук.

„Македонско девојче“ е една од најпознатите македонски песни.

Скопјанец донираше 1500 новогодишни пакетчиња: „Непроценливо е чувството со овој мал гест да ги направите дечињата среќни“

Почитувани сограѓани,
Како општествено одговорен граѓанин, ми беше чест и задоволство на најмладите во Општина Илинден да донирам 1500 новогодишни пакетчиња во Детска Градинка Гоце Делчев – Илинден и Миладиновци, како и во основните училишта ООУ “Гоце Делчев” – Илинден „Ристо Крле“ – Кадино и „Браќа Миладиновци“ – Миладиновци со честитки за среќна и успшна Нова Година.
Непроценливо е чувството со овој мал гест да ги направите дечињата среќни, насменани и исполнети во ова време на пандемија со Covid 19.
На вас постарите Ви посакувам добро здравје, благосостојба и мирен духовен живот во празничните денови кои следат, исполнети со љубов и меѓусебна почит.
Со почит,
Александар Тодоровски

“Груевски се враќа во Македонија бара викендица во Берово за Нова Година”

Ова е трол на годината, анонимен дечко се јавува по телефон и се претставува како Груевски овој пат бара викендица во Берово разговорот дефинитивно треба да го слушенете :

https://www.instagram.com/tv/CJcEkaCnx1p/?igshid=rvc8ykznbspu

СВ. СЕВАСТИЈАН: Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во Милано

Денеска е 18 декември (по стар стил) и се слави Св. маченик Севастијан и другите со него.

Овој славен Христов маченик се роди во Италија, а беше воспитан во градот Милано. Во младоста се предаде на војничка служба и изгледа му стана миленик на царот Диоклецијан, којшто го постави за началник на својата дворска гарда. Потајно ја исповедаше христијанската вера и Му се молеше на живиот Бог. Двајцата браќа Марко и Маркелин, коишто беа фрлени во затвор заради Христа и беа веќе на работ да се одречат од Него и да им се поклонат на идолите, Севастијан ги утврди во верата и ги охрабри за мачеништвото. Кога им велеше да не се плашат од смртта за Христа, неговото лице заблеска и сите ја видоа неговата светлина како на лице на Ангел Божји.

Севастијан го потврди словото со чудотворство: ја исцели од немост Зоја, жената на затворскиот стражар Никострат, која беше нема шест години и ја приведе кон Крштение неа и сиот дом на Никострат; ги исцели двајцата болни синови на војводата Клавдиј и го приведе кон Христа Клавдиј и сиот негов дом; го исцели од единаесетгодишна подагра и ногоболка Транквилин, таткото на Марко и Маркелин и го приведе кон Крштение заедно со сиот негов дом; од истата болест го исцели епархот Хроматиј и него и неговиот син Тивуртиј ги приведе кон Господ Христос. Од нив прва пострада Зоја, којашто ја фатија како Му се моли на Бога на гробот на светиот апостол Петар.

После мачењето ја фрлија во реката Тибар. Тогаш го фатија Тивуртиј, пред кого судијата постави жар и му рече да избере меѓу животот и смртта, да фрли темјан врз жарот и да ги покади идолите или самиот да застане бос на жарот. Тивуртиј се прекрсти и застана на жарот босоног, но остана неповреден. Потоа го убија со меч. Никострат го убија со стап. Транквилијан го удавија во вода. Марко и Маркелин ги мачеа и ги избодоа со копја. Тогаш го изведоа Севастијан пред царот Диоклецијан. Царот го укори за предавство, но тој рече: „Јас секогаш Го молам мојот Христос за твоето здравје и за мир во Римското царство“. Царот нареди гол да го стрелаат со стрели. Војниците стрелаа дотогаш додека целото тело на маченикот не го прекрија со стрели, па повеќе и не се гледаше од стрелите. И кога сите мислеа дека е мртов, тој се јави наполно жив и здрав. Тогаш незнабошците го убија со стапови.

Славно пострада за Христа во 287 година, во времето на царот Диоклецијан и Римскиот епископ Гај.

ВИДЕО кое e хит на социјалните мрежи: Танц од партиски штаб до болницата во градот

Социјалните мрежи „вријат“ од рекации, откако се појави видеото на активистките на СДСМ од Прилеп во кое тие продефилираа танцувајќи од партиските простории до и во Општата болница во градот.

Реакциите за ова видео се поделени.

Некои од граѓаните се чудат како во време на пандемија на некому му е дојдено до танц, но од друга страна има и пофални реакции – затоа што е потребно во едно вакво време да се даде зрак светлина во темницата.

Кој е вашиот коментар?

Погледнете го видеото во продолжение:

Дедо се обеcи од жал за починатата cопруга

Пред еден час во скопската населба Ново Лисиче се случи семејна трагедија – се обеси дедо Киро М. Според информации од терен телото на починатот е пронајдено во подрумските простории на зградата во која живее.

Според соседите кои се уште се во шок дедо Киро бил мирен и тивок човек кој имал тежок живот. Тивко живеел и се грижел за просториите од зградата. Пред неколку години му се случила семејна трагедија кога починал синот. Од тогаш дедо Киро со сопругата се грижеле за внуците.

Пред 40 дена починала сопругата. Неофицијално телото го пронашол внукот.

Соседите вознемирени вечерва се собраа пред влезот. Сите зборуваа најдобро за дедо Киро и се прашуваа зошто се решил на вакво нешто кога со сите убаво живеел.

Полицијата се уште врши увид на местото.

текст фото : К.Мачкиќ

Избркани учениците кои ја пцуеја професорката на онлајн настава

Двајца ученици се избркани од средното училиште „Владо Тасевски“, познато како ПТТ откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како еден од учениците ја пцуе и ја навредува професорката.



-Денес заседаваше наставничкиот совет и ЕДНОГЛАСНО донесе одлука да ги ИСКЛУЧИ двајцата ученици. СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме, велат од училиштето преку социјалната мрежа Фејсбук.