Девојки во Скопје издрадуваа со пакетчиња 60 деца питачи

Денеска две активистки од “Стопли срце” шетаа низ Скопје и делеа пакетчиња на деца кои питачат по семафори. Прошетаа на неколку локации во градот и израдуваа скоро 70 дечиња. Се работи за Верче и Марија кои успеаа да обезбедат пакетчиња за овие деца кои секој ден седат на семафорите кај Соборна , Рузвелтова и други улици и питачат.



Девојките Верче и Марија се дел од здружението Стопли срце и постојано организираат хуманитарни акции и помагаат на изнемоштени и сиромашни луѓе.



Денеска успеаа да измамат радост и насмевки кај дечињата кои се на работат на општеството , а родителите ,ниту блиските може да им дадат трошка радост за престојните празници и пакетче за наголемиот детски празник Нова Година.

Ова не е нивна прва акција. Лани исто така ги радуваа дечињата и апелираат секоја година се повеќе од нас да им се приклучиме . Да израдуваме дете , да го измамие од нив најискерното, а тоа е среќна насмевка.

Фотографија од Хрватска: Верното куче го чека својот сопственик кој нема да се врати

Земјотресот кој вчера ја погоди Хрватска беше страшен не само за луѓето туку и за животните. Многу кучиња се исплашија и побегнаа од своите домови, талкаат по улиците, додека други се вратија во урнатините, барајќи ги своите сопственици.



Помеѓу ваквите е куче кое стои пред демолираната куќа на сопственикот Миле Јурковиќ во Мајске Полјане кој повеќе нема да се врати.. Останува само урнатините од куќата, а тажната глетка на мало куче што седи пред куќата и го чека својот сопственик, ја направи фоторепортерот на Пиксел денес.

Засолништето за запуштени животни на градот Загреб објави упатства до граѓаните што да прават откако ќе пронајдат куче во подрачјето погодено од земјотресот.

Секој граѓанин да може да одгледува 2-3 стебла kанабиc за лична употреба под строга контрола вели премиерот

Во одговор на пратеничко прашање премиерот Зоран Заев на денешната седница истакна дека со легализацијата и декриминализација на канабисот се отвора можност, секој граѓанин, за своја лична употреба да може да огледува одредена количина на канабис.

„Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично, целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла под контрола на агенцијата која што е предвидена во самиот закон за сопствена потреба да може да ги користи или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично„ порача премиерот Заев.

Заев посочи дека со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки.

„Легализацијата на марихуаната во државата која што треба да има конечна цел за развој на угостителството и туризмот на сите наши услужни дејности кои што дефинитивно многу малку партиципираат во севкупниот БДП на државата односно околу 4%. Во Холандија во БДП, услужните дејности учествуваат повеќе од 60%, во земјите насекаде е 25, 45, 35 отсто, ние немаме море, немаме пристаништа, немаме извори на нафта да го развиваме нашиот економски сектор и ова е добар потенцијал што државата може да го искористи за развој на економијата за отворање на нови работни места за развој на туризмот“ оцени премиерот Заев додавајќи дека искуствата покажале дека во сите земји каде што употребата на канабис е легализирана, за 30 до 50 отсто е опаднато користењето на хероин, на кокаин и на сите други тешки супстанци и дроги.

Филипче: Со затворањето на угостителските објекти значателно се намали бројот на заразените

Министерот за здравство Венко Филипче денеска при посетата на Поликлиниката во Шуто Оризари истакна дека многу од предвидувањата околу пандемијата не се оствариле.

Меѓутоа, уверува дека бројката на новозаразени во моментот се намалува, а болниците се полупразни.

-Значајно се намалува „R“ факторот на преносливост и значајно се намалува бројот на пациенти кои треба да се хоспитализираат. Болниците ширум државата се полупразни. Некои од нив беа и без слободни места, некои со 5 до 10 отсто слободен. Сега повеќе не е така. На Инфективната клиника после сериозно долг временски период има над 30 кревети и на Интерните клиники над 100 кревети слободни, вели Филипче.

Појаснува дека подолг период бројот на слободни кревети на Интерните бил околу 20 и 30.

Според него, полицијата ќе работи интензивно за време на Новогодишните празници и на тој начин ќе се избегне евентуална нова криза во здравствениот систем.

-Морам да потенцирам дека здравствениот систем е спремен да пресретне и следен бран. Ние нема да го смениме системот на реорганизација на јавно-здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Така што, верувам дека граѓаните ќе продолжат да се однесуваат на овој начин, рече Филипче.

Добра вест: Извршителите нема да може да ги наплатуваат долговите од подсметките

Од Владата денеска појаснија дека извршителите нема да можат да земаат средства од подсметките на лицата кои добиле финансиска помош за справување со коронакризата.

Соопшти дека во најголем дел од приговорите кои не биле прифатени се работело за граѓани кои веќе добиле помош во третиот сет мерки и дека политиката на Владата е да бидат опфатени што е можно повеќе граѓани.

За одбиени поединечни случаи рече одговори може да се побараат од институциите од чии евиденции се преземени податоците за граѓани на кои им следува оваа помош, како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Управата за јавни приходи, Агенцијата за вработување

ФФМ ги испиша зборовите на коментаторот на годината – Тони

ФФМ во знак на благодарност на коментаторот Тони му додели еден новогодишен поклон погледнете

Победа за радост на душата!

“Победа за радост на душата!

Оваа Македонија ќе живее. Ќе живее уште.”

Честа е наша, Toni Stojanovski!

Ви пожелуваме среќна и здрава Нова година

Целото видео погледнете го тука

https://fb.watch/2I6-U8Zwv1/

Македонските фирми покажаа солидарност: ,,Кожувчанка” донира четири камиони за настраданите во Хрватска

Донацијата од „Кожувчанка“ ќе се приклучи во конвојот со хуманитарна помош кој утринава ќе тргне кон настраданите подрачја во Хрватска.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за КТВ истакна дека донацијата е за нашите пријатели во Хрватска. Кавадарци е збратимен град со Макарска и ова е најмалку што може да се направи за нив.

„Општина Кавадарци заедно со советот, на наша иницијатива, во координација со градоначалникот на Макарска, а за потребите на граѓаните на Хрватска, нашите пријатели, испраќа четири шлепери со вода за пиење. Целата пратка е донација од компанијата „Кожувчанка“. Изразуваме сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот. Ова е најмалку што можеме да направеме за пријателска Хрватска“ изјави Јанчев.

Жителите во Хрватска ноќта ја минаа на улица

Пред една минута или две почувствувавме земјотрес. Го слушав градоначалникот на Петриња, исто е и во Глина, ништо подобро, некои луѓе беа сместени, некои не сакаа да ги напуштат своите куќи, ја поминаа ноќта во автомобилите, повеќето луѓе беа згрижени.

Во текот на денот ќе ги посетиме и другите населени места. Имаме 35,36 населени места погодени од земјотресот. Помош доаѓа од сите страни, тешко е да се каже што ни треба, шатори сигурно, но во текот на денот ќе знаеме подобро.

„Некаде куќите беа срамнети со земја, некаде паднаа оџаците“, изјави градоначалникот на Глина за ХРТ.

“За жал, пет мртви луѓе не се со нас. Извадивме двајца од урнатините”, рече тој.

Да потсетиме, на едно место во близина на Глина, пет лица загинаа во Мајске Полјане.

Во вчерашниот земјотрес загинаа седум лица, што е досега потврдена бројка. Можно е подоцна да бидат откриени повеќе жртви.

Меѓу загинатите е и 12-годишно девојче во Петриња, 20-годишно момче од една куќа, дедо од друга и татко и син од иста куќа во Мајске Полјане кај Глина, потврди за Индекс заменик градоначалникот на Глина, Бранка Бакшиќ Митиќ. Подоцна е потврдено дека уште едно машко лице починало во Мајске Полјане.

По седумчасовно пребарување, е пронајдено тело на човек загинат под урнатините на црквата во Жажина.

Најмалку шест лица се тешко повредени, а 20 се полесно повредени, соопштил МВР.

СВ. ПРОРОК ДАНИЛ: Неговата слава почна со спасувањето на целомудрената Сосана (Сузана)

Денеска е 17 декември според стар стил и се слави Св. пророк Данил и тројцата младенци Ананиј, Азариј и Мисаил

Сите четворица беа од царското племе Јудино. Кога царот Навуходоносор (или Невукаднезар) го разори и заплени Ерусалим, тогаш и Данил, како момченце, беше одведен во ропство заедно со јудејскиот цар Јоаким и со мнозина други Израилци. Исцрпниот опис на неговиот живот, страдања и пророштва може да се најде во неговата книга на Светото Писмо. Сиот предаден на Бога, светиот Даниил од раната младост од Бога доби дар на голема прозорливост.

Неговата слава меѓу Јудејците во Вавилон започна кога ги изобличи двајцата похотливи и неправедни старци, еврејски судии, и ја спаси од неправедна смрт целомудрената Сосана (Сузана). А неговата слава меѓу Вавилонците започна од оној ден кога му го погоди и протолкува сонот на царот Навуходоносор. За ова царот го направи кнез на својот дворец. Кога царот направи златен идол во полето Деира, тројцата младенци не сакаа да му се поклонат на идолот, заради што беа фрлени во огнена печка. Но, им се јави ангел Божји во печката и го разлади огнот и младенците шетаа низ печката неповредени од огнот и пееја: „Благослвен Си Господи на нашите отци“.

Царот го виде ова чудо и го опфати ужас. Ги изведе младенците од печката и ги опсипа со големи почести. Во времето на царот Валтазар, кога на една гозба царот јадеше и пиеше со своите гости од осветените садови земени од ерусалимскиот храм, невидлива рака на дуварот напиша: „мани, текел, фарес“. Тие зборови освен Данил никој не можеше да ги протолкува. Таа ноќ царот Валтазар беше убиен. Заради верата во живиот Бог Данил беше фрлан во лавовска јама давапати. И двата пати Господ го избави и го сочува жив. Тој Го виде Бога на престолот со ангелските сили, гледаше ангели, проникнуваше во иднината на некои луѓе, царства и на севкупниот човечки род, го прорече времето на доаѓањето на Спасителот на земјата.

Според свети Кирил Алкесандриски Данил и тројцата младенци доживеаја длабока старост во Вавилон и беа убиени со меч заради вистинската вера. Кога го убија Ананиј, Азариј ја спростре својата облека и ја прими неговата глава; потоа Азариината глава ја прими Мисаил, а Мисаиловата Даниил. Ангел Божји ги пренесе нивните тела во Јудеја, на гората Гевалска и ги положи под камен.

Според Преданието, овие четворица Божји угодници во времето на смртта на Господ Христос станаа и им се јавија на мнозина, па повторно заспаа. Даниил се вбројува меѓу четворицата големи Пророци (Исаија, Јеремија, Језекил и Данил). Живееше и пророкуваше половина милениум пред Христа.