Connect with us

Инфо +

Ина до Филипче: “Беда, ја помина пандемијата со раскажување статистики”

Published

on

Фб статус на Ина многу фина до Филипче :

Филипче набавил вакцини за 2925 граѓани за у февруари, а 400 000 ќе се вакцинираат до крајот на годината (според сдк).

2925 граѓани се тие за кои ќе се напраи приоритет и нивните семејства и тие шо ќе испофаќаат врски претпоставувам. Другите ќе почекаме очигледно.

Беда. Ја помина пандемијата во раскажување статистики, не искористи бесплатни тестови туку ги плати (според рсе), си плати и за влада тестови приватно (според рсе), се повозе, си напраи апликации за да му веруваме џанам, пробаа едно време и ко фраер да ни го протнат ама не пројде јбг, сега оперира на Нова година па со тагнуење со све, и на крај идат вакцини оди моли по комшии ко да сме јадничиња и еве набавува за 2925 луѓе.

Ај па ако не шприцнете една кампања за ова пробајте ко успех да го збрчите шознам…

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=3660120310747930&id=100002499918282

Македонија

Коњановски: Изградба на мултифункционално игралиште и подобрување на инфраструктурата во Кукуречани

Published

on

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари посета на населеното место Кукуречани, каде што наскоро ќе започ

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес оствари посета на населеното место Кукуречани, каде што наскоро ќе започне реализацијата на два значајни проекти – изградба на мултифункционално спортско игралиште и реконструкција на улици со вкупна должина од 1930 метри.

Првиот проект се однесува на изградба на современо спортско игралиште во дворот на основното училиште „Александар Турунџев“. Игралиштето ќе биде наменето за повеќе спортови, вклучувајќи кошарка, ракомет, одбојка и тенис. Градоначалникот Коњановски, заедно со директорот на училиштето, Никола Јовевски, направи увид на локацијата каде што ќе се гради спортскиот терен.

Покрај тоа, во завршна фаза е изготвувањето на проектната документација за реконструкција на осум краци од уличната мрежа во должина од 1930 метри, со што значително ќе се подобри патната инфраструктура во ова населено место.

„Со овие инвестиции, не само што ќе обезбедиме подобри патишта, туку и ќе создадеме поквалитетни услови за спортски активности на учениците и младите во Кукуречани“, истакна градоначалникот Коњановски.

Реализацијата на овие проекти е дел од пошироката стратегија на општина Битола за подобрување на инфраструктурата и животните услови во руралните средини.

Continue Reading

Македонија

Божиновска: Со јасна визија и конкретни чекори ја движиме енергетиката напред

Published

on

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска беше домаќин на премиерот Христијан Мицкоски во рамките на неговата посета на Министерството, каде што беше испратена јасна порака за поддршка на реформите и клучните енергетски проекти.

За време на посетата, премиерот се запозна со условите за работа, организацијата и стратегиите што Министерството ги спроведува за обезбедување енергетска стабилност, одржливи инвестиции и ефикасно управување со ресурсите.

„Владата стои зад стратегијата за посигурно, поекономично и еколошки поодговорно производство и снабдување со енергија. Со јасна визија и конкретни чекори, ја движиме енергетиката напред,“ истакна Божиновска.

Посетата ја потврди заложбата на Владата и Министерството за енергетика за одржлив развој, модернизација и стабилно енергетско снабдување, што ќе обезбеди сигурност за граѓаните и стопанството.

Continue Reading

Македонија

Денес се одбележуваат 132 година од смртта на Григор Прличев

Published

on

На денешен ден во 1893 година во Охрид умрел Григор Прличев, еден од темелните македонски писатели од 19 век. Љубовта кон книгата Прличев ја добил од неговиот дедо кој му го купил првиот грчки буквар кога Григор имал само четири години. На крајот од својот живот неговиот дедо и оставил завет на мајка му да го испрати Григор на училиште.

Прличев бил ученик на Димитрија Миладинов, кој во тоа време учителствувал во Охрид и кој имал големо влијание врз него.

Во 1859 година како студент на втора година по медицина во Атина ја пишува поемата „Сердарот“. Една година подоцна, во 1860 ја добива наградата на големиот конкурс во Атина за најдобра поема на грчки јазик. За оваа поема, Прличев е овенчан со лаворов венес и добива паричен дел. Истата година делото излегува од печат, а тој од стручната критика за делото добива епитет на втор Хомер.

Поетската творба „Сердарот“ се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За книжевната наука оваа поема треба да се разгледува во контекстот на европската теорија на романтизмот. Други позабележителни негови творби се „Автобиографијата“ која е напишана во периодот 1883-1890 во бугарската машка гимназија во Солун, каде Прличев учителствувал, а е објавена по неговата смрт, како и словото-есеј „Чувај се себеси“. Тоа се комплементарни книжевни дела и ја доречуваат на директен начин основната порака на „Сердарот“. Со поемата “Сердарот”, историски ја верификувал големината на својот поетски талент. Ова поетско дело и до денешен ден според многу елементи на епското пеење се уште не е надминато.

Прличев заедно со Јаким Сапунџиев го започнал народниот подвиг во Охрид за воведување на народниот јазик во училиштата, односно борба против Цариградската патријаршија и нејзиното влијание. Во 1868 г. турската власт го затвора и го депортира во дебарската зандана, поради клевета од страна на грчкиот охридски владика.

Едно од поважните негови дела е и песната „Во илјада седумстотини шездесет и второ лето“ , која ја објавува во 1872 година во цариградскиот весник „Читалиште“ која подоцна е преобјавена и во неговата „Автобиографија“. Во цариградскиот весник „Право“ во 1872 година е објавена вест дека Прличев подготвил за печат книга песни за деца под наслов „Воспитание“ или 12 наравствени песни.

Гробот на Григор Прличев се наоѓа зад црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк