Триесет години Агнеза Етемова од Шуто Оризари нема излезено од дома

Триесет години Агнеза Етемова од Шуто Оризари нема излезено од дома. И додека за нас три дена изолација заради полициски час беа незамисливо тешки, Агнеза е во самоизолација, во буквална смисла на зборот од далечната 92 година.

Се почнало во младоста кога за време на студирањето на правниот факултет морала да замине на втор уролошки оперативен зафат од кој по анестезијата се буди во шок соба и незнаејки каде се наоѓа и добива напади на паника. Од тогаш тие напади на паника је врзуваат за живот во четири ѕида во својот скромен дом во населбата Шуто Оризари. Безуспешни биле напорите на родителите кои со години ја убедувале да појдат на лекар и да побараат стручна помош бидејќи таа имала страв да го пројде и куќниот праг. Проблемите дополнително се усложниле последнава година откако по смртта на мајка и починува и татко и Агнеза сега живее сосема сама . Останата е без било какви финансиски примања кои законски и следуваат во вид на семејна пензија или социјална помош но таа во неколкуте обиди да појде и до најбилската продавница од страв паѓала на земја и се повредувала.