Родилката од Дебар која остана без тpи оpгани: “Ова ни на куче не му се прави”

Јелдз Веапоска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживува вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник.

За оваа состојба во која се наоѓа таа, а за која вели дека ни на куче не му се прави, бара Лекарската комора на Македонија да му ја одземе лиценцата на директорот на струшката болница и гинеколог што ја оперирал, д-р Мухамед Асани.

Доктор Асани, пак, вчера за „Слободен печат“ изјави дека операцијата ја извршил совесно.

– Имам цела документација од матичен лекар дека никогаш немам боледувано од бубрег, дека никогаш не сум имала проблеми со песок или камења. Тетка ми е сведок дека ни побараа мито кога се породив. Ме имаа пуштено за Скопје речиси умрена. Ова е сигурно лекарска грешка и нема како да се покрие – раскажува Веапоска за „Слободен печат“.